Повеќе бодиња или исцели/ромпери земи, не мора да купуваш многу комплети на долги оти сепак ќе е летно бебе. И најважно, не трупај многу количински, за брзо ќе ги надрасне. Капчиња посебно нема потреба да купуваш, со повеќето комплетчиња одат заедно, доволно ти се неколку или па и ич. Напрај си список и едно по едно штиклирај.
Со лесно на породување мајка, пресоблекувална да си купиш, јас имам од Чико како сталажа има висока одоздола и опција да ставис пресоблекувална или коритцето за бањање. За мојата нежна кичма нема подобро и поискористено нешто дома до сега. Уште се чудам што ќе правам за месец,два кога синко нема да го собира веќе. И јас од мерак еден тон алишта купив од 50ка до 68ца, еве веќе скоро сите му се кнап и дали се по 4,5 пати облечени. Нови се и само ги тргам од плакар. 50ките за 2 носења беа едвај. За креветче совет, душек ефтин купи за почеток пошо ако не ти спие џабе фрлени пари. Моето спиеше првиот месец дур нишо не фазбираше, после пола пола со нашата спална и сега само на спална хаха. Поздрав
Фала ти душа душекот беше гратис со креветчето и баш беше по евтин. Планирам да ја учам да спие во креветчето обавезно
не ја зимај со тебе на спална и нема да бара и мене ми викаа дека нема да ми треба креветче, 4+ сме секој ноќ си ја преспива во креветче од прв ден така ја учев, а ќе сакаш да ја зимаш да знаеш само
јас никогаш ја немам земено, а сакам многу, ама упорна бев и се навикна во креветче дури и сама заспива. станува за цицање си ја зимам и пак ја враќам , не знам не ми е безбедно да спијам со мало бебе во исти кревет, али секој си знае
Здраво, да ве замолам да ми кажете за бебе родено во јуни колку шпикозни, бодиња општо по колку парчиња од се од облека ќе ми биде потребно? Фала ви
Ако ти е дома топло, нема да ти требаат многу шпикозни. Бодиња најмногу на прекорамки или со кратки ракавчиња. Јас имав земено околу 25 пара бодиња (различни бројки, нешто најмало, нешто поголемо), 10тина комплетчиња горен и долен ден (со нив си одеа и капчиња, ама на тебе нема да ти требат). Чорапчиња исто земи си, само не најмало бројче оти секако ќе е жешко, нема ни да има потреба да му облекуваш летото. Можеш од тие исцелите шпикозни на кратки да земеш неколку пара, за лето се супер. Не трупај многу облека од малите бројчиња, брзо ќе ги надрасне, а и летото нема да го облекуваш многу. Земи му летно капче да го штити од сонце.
Со фротир не, ама сличен принцип е мрежичка одозгора што се закачува на коритото и бебе легнува на неа. Една од најискористените работи за бањање ни беше.
Мене бројките малку ме бунат никако не можам да најдам боди 56ка, се им се чудни бројките, денес земав едно боди и пишува 3че. Тие за новороденче ли се? Ми се гледаше ептен малечко и го земав.
Zdravo dali moze pomos sto se mi e potrebno za bebe vo juli mesec. Alivcata gi imam no se drugo ostanato mi treba . Blagidaram
Бели купив на Бит пазар, 10 п. за 400 ден. Шарени исто имаш таму, а и во Стружанка, Бомико, Памук пале...