Август нее за долги дефинитивно. Ајде дома ако вие свежо ама сигурно нема дома да седите на пеколот. Јас од втор ден го шетав на кратки облечено,родено ма први август.
Па добро, моето на 30ти се роди, додека излеговме од болница нѐ фати 5ти септември и ладно беше дома, а не излегувавме многу.
@monik55 како го извади од болница, по куси или долги? Јас сум средина на август, не знам за тогаш какви комплети да гледам. За дома претежно на куси ќе купувам, прежешко е кај нас и со клима.
Јас земав повеќе на долги алиштенца, терминот ми е почетокот на Јули ама кај нас е ладно т.е свежо е. Многу и е тенок материјалот, не се воопшто дебели. Дел од куќата доаѓа како во земја, а другиот е на спрат и таму е потопло. Ама ќе земам нешто и на кратки кога треба да излегуваме некаде, за внатре со долги таман ќе и биде мислам. Ќе видиме како ќе биде, ако треба ќе докупам на кратки.
Зависи кој август. Мојава е 15ти родена, 20ти излеговме од болница. Дур се оправив од царски за шетање, 25ти фати шетавме приквечер, свежо беше за бебе по кратки. Дома 10 дена беше по кратки после тоа не беше толку топло. Имам еден куп необлечени по кратки, зашто се изнакупував.
Здраво мајки Јас сум во 19 недела од бременоста . Од сега ме интересира колку облека и што треба за бебе 0-3 месеци. Сакам да знам колку облека да купувам , боди шпикози целосна облека .
Од 0-3 не трупај многу пошто неможеш да знаеш колку ќе се роди бебо, тие де до 50 см мојата се роди 51. Доволно ти се по 3-4 од се, боди,шпихозни, комплетче можеш едно пошто секако рачунај дека додека не напуни бар 2 месеци нема ни да шетате превише, кога ти е термин?
Почеток на август бев јас. 50 степени беше. Имав спремено и на кратки и на тенки долги за искачање, во случај на олуја, дожд, ветер. Искочив од болница околу 13ч.беше 60 степени во кола. Дете на кратки и горе и доле. Многу беше жешко тоа лето. Цела беше со вруќици сирота, а на кратки облечена. Дома со клима колку да се живее, ја припокривав со тенка тетра. Памтам залади дури крај на септември.
@TeddyGrey се плашам од жешкото уште од сега ќе си спремам по куси тогаш, скоро секогаш е пекол тој период.
Јас да се проверам Количка и транспортер ✔️ Креветче, душек, чаршав ✔️ Кадичка, термометар ✔️ Козметика (Биодерма гел, Веледа крема за газе, марамици, Тото марамици суви, памучни блазници, хидроген) ✔️ Облека: бодиња кратки и долги, хеланчиња, шпихозни, капчиња, чорапчиња ✔️ Пешкирче, тетра пелени, ќебенце ✔️ Памперс пелени✔️ Цуцли, 2 шишенца ✔️ Ми фали сет за нега(добредојдени се препораки).
Проверуваш дали нешто ти фали? Стерилни гази мали земи си запаковани по една газичка, јас со такви чистев папоче и со алкохол. Моч пелени за пресоблекување од стружанка по 250 мислам се па 2-3 сигурно. Ланолин за брадавици јас медела користев и го мачкав од 8ми месец супер ми се пупките. Сет за нега за што? Уште нешто ми текна мрежа против комарци за количка/транспортер ако немаш претпоставувам летно бебе е, и тие за прскање ама на количка не знам дали на новороденче смее. До утре може уште 1000 работи би ми тркнале ја имав 2 страни ворд документ
Ти фалат ножички за ноктиња и уште една бањарка, само една не е доволно. И како што пиша членката погоде, стерилни гази за папочето и моч пелени (или во аптека имаш пакет од 10 мислам дека беа, подлоги за пресоблекување, оти на почетокот доста ќе ти се помочува на сред пресоблачање.
Фала женски, додадено е се во листа. @Emy867 @Mucika @nevermet18 @LazaLaza Инаку мислев на оние сетови со ножички, ноктарка и слично, видов многу ама не знаев што ќе биде баш корисно од таму. Чисто инфо за тие што ќе им треба, Банеоцин прашак е дефицит сегде.