Да. Јас вакви користам кога патувам некаде, ми стои во ранец. А за дома имам од цврстите подлоги за пресоблекување, лесни се за бришење и дезинфицирање.
Ќе ти се најдат и овие, ама ако немаш сунгер/станица за пресоблекување обавезно земи си моч пелени (или подлоги за пресоблекување што се перат) , тие се доле мушама, а горе се како пешкир памучни, има во стружанка и слични побарај моч пелена, и сега за после бањање ги користам да ја легнам. Шведска пелена е пелената со врвки за широк повој која се става врз тетра, не зимај ако треба ќе купиш, онакви гаќички за широк повој се замена. Тетра е муслинска пелена лесен материјал брзо се суши за се се наоѓа. И има фланел пелени тие се подебели, за покривање ги купив потенки се од ќебенце.
Јас имам подлога за пресоблекување таква тврда, дома. Една од најкорисните еаботи ми е мене лично еве веќе 11ти месец. А за надвор обавезно зимам такви подлоги. Тетрата ти е памучна, одма пропушта
Досега имам ова купено 7 бодиња (не знам уште ли да докупам?) 2 пара шпикозни (уште мислам треба да докупам) 6 пара како панталончиња, хеланки не знам како да ги кажам 1 комплетче 1 бањарка (ќе купам уште една) 1 ќебенце 2 тетра пелени (ќе купам уште некоја) 2пара чорапчиња (уште неколку ќе купам) Подлога за пресоблекување ми фали и постелнина, имам со креветчето одеше ама уште една, две да купам. Количка,транспортер, креветче, плакарче сето тоа е купено. Кадичка, од коземтика, топломер не ми е купено, за алиштенцава кажете што уште треба да купам, докупам.
Мене на почеток 5те бодиња шо ги имав ми беа малку ( кој би рекол дека бебе бљуцкало бе ) , у еден ден ги валкаше. Шпикозни уште 2-3 да си земеш најмалце мислам. За пресоблекување од тие подлогите што не пропуштаат да си земеш ( бебе исто така не бирало кога ќе моча ) Тетри имам 10тина и малку ми се искрено. Да си земеш и за чистење на папочето, стерилни гази, банеоцин, алкохол. Ножичка за ноктиња имаш земено?
Немам земено ножичка за ноктиња, еве сега правев список за тие работи што да купам. Ме интересираше за облеката дали е доволно, ама сепак уште нешто од облека ќе доземам. А за бањање од козметика за почеток што треба? Или не се користи ништо?
Шпикозни се се по долги ракави нели? Се се мислам ќе и биде жешко во Јули и Август да ја оставам во долги да седи. Уште сум во мисла дали да купам. Бодиња по долги имам и хеланчиња имам.
Ова онлајн, не велам нема никаде, кај нас немам сретнато по продавници. Инаку ова мислам дека се шпихозни само со кратки.
Здраво Ми треба помош. Ако сака некоја мамичка да ми напише од прилика како би изгледал еден список со потребни работи за новороденче и за мајката. Би ви била многу благодарна
За мама ништо посебно не треба, освен ако си сакаш градник за доење и пумпа ако ти е потребна, али тоа накнадно се зема. За бебе има милион работи, од коритце, креветче, транспортер, козметика, ножички за ноктиња, бодиња, шпикозни, чорапки, лигарки, пумпица за носе, подлоги за пресоблекување/моч пелени, шишиња и цуцли, термофорче за мешето, ќебенце/вреќичка, бањарки, тетра пелени, чаршав за креветчето, хидроген и стерилни гази за папочето. Мислам дека тоа е сѐ од неопходните работи.