1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    8.370
    Пол:
    Женски
    Јас алишта имам купено за бебето.(бодиња,шпикозни,комплети,чорапчиња,лигавчиња,ракавици,капчиња,патичиња)
    Количка транспортер, креветче постелнини, релаксатор и слично.
    Е сега имам за бебето
    Тетра пелени 10х
    Моч пелени 2х
    Бањарки 2х
    Ќебенциња(тенки и дебели)
    Пижамчиња.
    Планирам да купам коритце, чепкалки за уши,памперс актив, влажни виолета 99% вода, за бањање козметика,шишенце авент, цуцла лажалка,гази и алкохол за папочето. Дали е доволно ова за почеток?
    Ноктарче и топломер може да се земат од после или мора од одма.
    А за мене за природен пораѓај не треба некои посебни гаќи?
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Супер си сега за сега. Шишенце реално не мора да е авент. Моето супер прифати чико со форма на града (додуша со пумпата идеше али знам дека и посебно се продават). Ја не би ти препорачала ноктарче, знам дека се случува да го штипнеш па после да не дава раче за сечење, затоа мислам дека ножички се попрактични и мислам дека е паметно уште сега да си ги земеш, исто и топломерот.
    Не мора посебни гаќи. :D
    Едит: памперси земи си 1 пакет единица колку за во болница, и за дома имај си пакет или два двојче. Ако се роди крупно нема долго да му се фаќа единицата, а ако е поситно секогаш можеш да докупиш.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    8.370
    Пол:
    Женски
    Значи горе доле тоа е неопходно за почеток. Фала ти :*
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    Првите месеци наместо ноктарица користев турпија за нокти (бебешка) и ми се виде многу попрактична, додуша и сами му се кршеа ноктите и не користев многу.
    Може ќе послужи на некоја идна мајка ако има страв од ноктарица на почеток :)
     
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    4.798
    Може линк слика да видам каква е бебешката турпија и од каде? Барав пред да се породам не најдов. Или онаква електрична е, таа нели му го иритира и кожичето? Јас со таква си имам кожа одрано.
     
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Зошто да се плашите со грицкалка, има такви малечки најобични, не мора некои од бебешки продавници. Малку ноктињата им се залепени за кожата, ќе го одлепиш и внимателно сечеш. Баш кога се новороденчиња немаат сила да мрдаат, полесно е.
    Само немојте ракавици сега, топло е.

    @Erika.greeneyes Ми текна за папчето, прашаче Банеоцин.
     
    На MilaSs12 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  7. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    Еве го моето е исто вакво како на сликава, ама не е од Мк купено.
    Бебе супермаркет имаа објавено сличен сет само помал, провери таму.
    Истиот го има и на Phillips Avent не знам колку е достапен и во Мк.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    @Mucika, ваков ист сет како на сликата погоре има и во Kikaboo, за 900 денари негде мислам.
     
    На Ladybug98 и Mucika им се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    4.798
    Е мене само турпијата ми требаше :D ама ми личи иста ко овие за нас само помека може е. Ама ај пошто е поголема може ќе пробам со обична мека.
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheBluePhoenix

    TheBluePhoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Какви алиштиња ќе ми се потребни за бебенце во почетокот на септември родено? И кои коритца за бањање се практични оние како со ногарки подигнати или ниските? Иии каде да најдам подлоги за пресоблекување што не пропуштаат? Колку чаршавчиња ќе ми се потребни за на душечето и дали им ставате нешто одоздола за во случај ако пропушти памперсот ?
    Се извинувам за многуте прашања :$
     
  11. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    2-3 чаршафи за душекот, под него имам ставено вакви како на сликата за да не се оштети душекот, а врз чаршафот тетра за ако бљуцне да не се направи лом туку само ја менувам тетрата. Еве слика како ја местам за да не ја вади.

    За алишта земи на долги, ако е многу жешко ќе си искористиш бодињата на кратки. Не му зимај летни алишта :)
    Коритце обавезно на ногарки, моето има 9 месеци и во такво го бањам уште. Два пати го избањав на ниско, половината боли.
     

    Прикачени фајлови:

    На TheBluePhoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheBluePhoenix

    TheBluePhoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу :hug:
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Какво шише да се земе за почеток??
    Сакам стаклено, но што марка, милитража...
    Исто и за аксесориес за перење на шишања и бебешка посуда, користите нешто специјално?
     
  14. tatjanasakalieva

    tatjanasakalieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    832
    Здраво, да ве прашам памперсите што се купечки имаат некакви димензиии на нив? Пополека се опремуваме па да земеме неколку и од нив, но колку што имам гледано низ маркети и дм има различни.
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Нема димензии. Некои се пошироки, некои се со помал калап. Кан бебе, памперс актив, слипи, тие се помали. Само не трупај повеќе пакети единица. Ја ни тој еден пакет не можев да го истрошам до крај, премногу го стегаше бебе, целиот беше одбележан.
     
    На tatjanasakalieva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tatjanasakalieva

    tatjanasakalieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    832
    А тие пелени што се памучни(од стари времиња:D) постојат воопшто? Нека има мешано од се... Јас во дм видов нешто како памучни пелени со дезен , еден пар околу 500-600 мислам беа, со гази за променување. Кај памперсот им беа.
     
  17. I¥A

    I¥A Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски

    Проверете дали ги има во ДМ. 10 парчиња се внатре.
     

    Прикачени фајлови:

    На TheBluePhoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    За марка не можам да ти предложам користам пластични, на почеток имав едно до 130мл. тоа го користев и за млекце, сега кога е поголем тоа го користам за водичка и чајче, а за адаптирано пие од големи до 250мл. поголемо и не ти треба. Јас си купив 4 големи оти беше на адаптирано па да не мијам цело време.
    Сјај користам бебешки.
    Јас си купив и стерилизатор, ама можеш и да ги вриеш, тоа е твој избор. Некој не ги ни вријат.
    Јас цуцлите и шишињата му ги стерилизирав обавезно, попрактично ми е од вриење. После шестиот месец почнав да ги ставам во машината за садови, зависи кога ја пуштам.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    А што е разликата од пластично и стаклено? Сите ми зборат стаклено да земам.
    И како стерилизирани цуцли и сл?
     
  20. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    Не знам јас имав на подарок пластично и кога дојде моментот да го користам не ни читав што е разликата и кое е подобро.
    Пластичното мене ми е попрактично оти бебе може и сам да си го држи понатаму :D имам едно стаклено на бабу love ама не го сакаше..
    Пред првата употреба и после зависи, јас на секое миење, некој поретко, некој ич ги стерилизираат цуцлите и шишињата. Истото можеш да го правиш и во тенџере со вода ако не ти се даваат пари за стерилизатор.
    Јас бев посебно внимателна првите месеци со чистотата, сега не можам да го сопрам сегде оди и се пика во уста и лиже.
     
    На Rubiii и LiquidLuna им се допаѓа ова.