Здраво членки, Пишувано е на оваа тема можеби, но да прашам..... Како ги облекувате бебињата родени јули/август?? Мене термин ми е во јули и уште немам купено облеки.....првото дете ми е зимско и мислам ниедно боди или шпикозна нема да ми одговара бидејки се дебели и по долги ракави. Мислам има разлика зимско или летно новороденче сепак, но ич немам искуство за летно?! Која знае нека ми даде идеи Поздрав
Од козметика што ќе ми треба за бебето конкретно прашувам за бањање и за некоја крема после менување памперс.
За пеленска регија од крема само судокрем кога ми се вцрви од памперсот, иначе ништо не му ставам. Од козметика крема за сончање и му ставам павловичева кога дува ветер оти иначе му се суши кожата. Го бањам со бебешко обично сапунче. Друго ништо не користам, свашта испробав и сфатив дека подобро е ич да не му ставаш креми, лосиони итн.
За бањање користев гел шампон за туширање од Weleda со невен, ама почна да му се суши кожата од детергент што утнав, па почнав да го бањам со маслената купка на Bioderma. Не го мачкам со крема за тело веќе, претходно го шлакав после секое бањање ама почна дете да ми се буни, ем топло од бањањето ем ја го светнував со крем како сумо борач и ептен топло му стануваше. За нега на пеленска регија користам природен маст од невен и оригинална Павловичева по потреба.
Јас користев еуцерин за бањање, млеко на почеток не користев, па после почнав и прекинав. За пеленска регија павловичева. Секако, се зависи до кожата на детето. Ако има многу суца кожа, ќе ти каже педијатарот што да користиш. А за почеток имаш избор, еуцерин, веледа, бекутан, фризи дерм..
Здраво, дали знаете каде во Скопје може да се најдат тетра пелени, ама не од стандардната димензија, туку помали, 30x30 или 40x40? Назад на форумот читав дека биле практични за чистење на бебето со вода при менување на пелени наместо влажни марамици, па сакав да земам некоја таква.
Сакав да се порабени, да не излегуваат конци при перење. Се вратив назад во форумот, изгледа во Џамбо има, а може и во Babycentar, ќе проверам таму. Ако не, и без нив ќе пробаме
Ако сакаш со вода да го чистиш не знам дали знаеш дека има од бекутан марамици 99% вода. Сега нов производ им се.
Такви тетри немам сретнато, имам земено мали памучни крпчиња од Андреј компани, исто и во Џамбо имам видено. Иначе за таква намена имаш и тупфери од дм или тото од аптека.
Сакав да избегнам влажни марамици колку ќе можам повеќе. Инаку земавме веќе од Виолета такви, па ќе видиме како ќе се покажат.
Ако како сакате така, а можеш можеби и со памук обичен. Има и туфери памучни па нема да треба да переш. Со тетрите ќе треба да переш често.
И три пакетчиња туфери земавме, има и во Тинекс. Сум бришела бебешко газе со влажни, баш се трошат многу за едно бришење хах, а што вика @Mucika изгор се. Барав тетра поради тоа што сакам барем на почеток да биде колку што е можно поприродно, финансискиот аспект и еколошкиот е на второ место. Туфери не сум користела, ама мислам дека на крај со нив ќе тераме. Се откажав од потрагата, ќе почекам да пробаме со влажни и туфери, здравје.
Не знам колку е соодветно прашањето за тука, ама што поклон би купиле за повојница/за излегување од болница или уште пред да се роди, нема врска, за девојче? Значи и ја имам бебе, ама на мене скоро сите ми донесоа алишта, а не сакам тоа да ѝ купам. Сакам да е нешто што стварно ќе им служи. Си го вртам филмот и не можам да се сетам на ништо што ми е било ептен искористено.