Сетот е на намаление ќе ми биде потребен да го порачам? Добри ли се овие, гледам анти колик се а има и цуцла. Секако планирам да го учам на шише, ако дојам ќе се одмолзувам зашто често саботите ќе бидам цел ден на предавања со мм ќе е. Пластични се сите, а читам велите подобро стаклени. Од која причина?
Фланел пелени за новороденче за што ги користите? Тетра имам и како што читам требаат за се, а овие? Дали да купувам?
Некогаш за покривање, 2-3 земав, подебели од тетра потенки од ќебе. Не дека се неопходни, сум ги искористила дека ги имам.
Јас ги користев за покривање или за постелам во количката, за да не бљуцка на неа и да биде на чисто. Тетрите бидејќи се потенки некогаш пропуштаа, овие ми беа попрактични за таа намена. Не е дека се неопходни.
Продавница е, на женски пазар, чинам при почетокот беше (од страна на пазарот кога одиш). Девојка со хиџаб секогаш таму продава. Има и други ефтинки работи
Немојте да порачувате од овде, нај најдобронамерен совет... сликите со реалните модели немаат врска ако сакате ќе ви пратам и слика да видите... ужас се. Барем јас такво искуство имам....
Женски Какви кадички земавте, со отвор доле за водата или не и дали се практични и тие на постоље што се, или класична да барам може да споделите
Не ама им пратив снимка како изгледа гнездото, и им реков дека не е фер плус дека ми е прво бебе и купувам со мерак исто најверојатно видоа дека имам малку повеќе следбеници па поради тоа, не знам иско не објавувам такви работи јас што купувам ни за себе ни за бебе ни за ништо си мислам можеви тоа имаше удел, пробај со убаво, мора да ти вратат.