Јас имам обична без испуст, го бањам бебе во купатило, имам туш само, немам ни када ни цокле и само ја истураме после водата. Тие со постоље се попрактични на почеток коа бебето е мирно, за кичма е топ, но после кога ќе почне да мрда и кога ќе ојача, мјслам дека не би било практично, може да се преврти.
Јас имам најобична кадичка , без отвор долу за водата и немам постоље. Второ бебе го капам во оваа најобична кадичка купена од пазар за 250 ден, дур е помало бебе го капев на трпезариска маса за да несе наведнувам а сега во купатило.
Најобична, за 700 ден и корито и кофа и црпалка. Од сам почеток на земја стои, прво во соба па сега во купатило го бањам. Седнувам на земја до него и така го бањам, не ми е воопшто тешко.
Дали сте ги пробале овие влажни марамчиња и дали ги бива? Гледам и на виолета исто има 99% вода Кои би ги препорачале?
Јас ги користам на Виолета, ми одговараат зашто се пополн материјал, не се кинат и баш се влажни. Е мало морген без алкохол рекламата. Се зашлапав со сладолед и први при рака ми се најдоа да се избришам. Па тоа пече бре сирото газе на синко. Додуша не му ствараат иритации ама чисто да знаеш
Овие не, ама од Бекутан ни марамици, ни други производи не би користила за бебе. Им дадов шанса на почетокот, и обичните марамици, и едни други помало паковче, и памперс, и козметика, му ствараат иритации. Виолета 99% вода ги користиме, не е имал проблем до сега.
Јас до кај 5-6 месеци ги користив waterwipes тие се најчисти до сега со 99,9% вода и само 2 состојки, ама се изгор скапи. Сега ги користам виолета со 99% вода и ми се ок. Пробај со виолетата, ако се појави проблем тогаш само со туфери со вода ако не ти е мачно или waterwipes ако ти се финансиски издржани.
Не ми е баш за тука прашањето ама не знам кај би го поставила. Ги извадив бебешките алиштенцата од првото дете, скоро 7 години стоеа складирани во кутии. Повеќето светли алишта имаат жолти флеќи од стоење. Со што би можела да ги исчистам? Ќе излезат ли со вениш, па пак да ги преперам со обичен прашок?
Моите беа стоени 10 години Исто и мене ми беа пожолтени и 99% ми се извадија флеките на 40 степени со савекс ( јас перам со тој прашок) Само на неколку алиштенца кои можеби и биле исфлекани или незнам што мака виделе не успеав да ги трнам флеките. Така да пробај си најнормално да ги испереш
Моите бебешки алишта стоеле 30 години спакувани. Мајка ми ми ги даде кога останав трудна. Ги исправ на 60 со бекутан течен, ситр дамки излегоа и ќерка ми си носеше многу од нив.
Драги мои, сакам да земам шишенце Авент за новороденче. Прашањето ми е, дали тоа шишенце 0+ би било само за првиот месец, после тоа треба да се купува ново 1+ или директно да купам 1+? Не може да се користи и тоа уште на почеток?
Колку што ми објаснуваа во протокот е разликата. Но, може подобро е да почекаш, да видиш дали ќе имаш потреба. Јас купив, џабе го купив.
Јас 0+ го користев до 4-5 месеци, авентот и така имаат брз проток, не би ти препорачала поголемо од 0+. Цуцла на шише се менува кога на бебето му е веќе мачно да пие, станува нервозно, се црвенее и поти. Моево е 9 месеци и дури сега пие од авент шише со цуцла 3+.
Девојки што ви се видело попрактично гнездо или релаксатор? Гнездата гледам многу ги користат али нели брзо и ги растата маливе после само место фаќаат.. кое е ваше искуство дал да купувам или да почекам
Ако можеш да позајмиш најубаво. Јас кратко ги користев реално. Гнездото ми се најде ептен на почеток, после 3ти месец ништо од тоа. Релаксаторот околу 5-6ти го спакував
Женски , што ми треба од козметика за почеток ? Уште тоа ми остана гледам мустела се на акција по аптекиве , исто и uriage имаат сетови , ама појма немам што да земам ? Само павловичева земав до сега
И јас ги гледав сетовите Мустела, на акција се во повеќе аптеки. Немам искуство со Мустела, со првото дете корисев Логона....ама ги фалат. За кој бренд и да се одлучиш, бидејки има премногу, покрај Павловичева, мислам ти треба средство за бањање(коса,тело), маслена купка без плакнење е исто супер, масло или крем за после бањање и крем со цинк оксид за пеленска регија обавезно. Тоа ми текнува сега како најнеопходно