Можеш да испереш полека оградици и постелнина, нека ги стават пред да се вратите од болница. Облека и другото рано ти е за перење
Со што прашок и омекшивач перевте алишта и реквизити од колички? Оној на чикомомекшивачот сте го пробале?
Аха а на колку степени перевте оградици плетенки реквизити од колички ја мислев се тоа на 30 макс да не се соберат па многу
Па на толку, имам брза програма од 35 минути перење и сушење. Сепак се оградици, не им треба висока темп оти отидоа јабана
на 30, со персил сензитив, имам од на чико омекшивачот ама нема мирис на ништо, џабе ставам 36та исправ се, 39та се породив
Мамички од кога почнавте да купувате по нешто за бебчињата јас многу ми е мерак ама до сега купив само еден комплет и мм 5 бодиња и една играчка инаку сум 25+... Што мислите рано ли е?
Не е воопшто рано. Јас откако го дознав полот (околу 16та недела) одма почнав да порачувам комплетчиња. Полека ги земав сите ситни работи, само креветчето остана за месец два пред пораѓај и количка купив отпосле. Другото сѐ имав спремно, од облека до памперси.
Не е рано според мене. Јас на првиот скрининг купив прв пат, а после вториот во 22ра кога ми кажаа пол си купував нон стоп по нешто. Големите работи ги купувавме од 6ти месец, сега сум 8ми уште шкафот во сабота да го земеме остана. Да ти кажам искрено мило ми е што си купував на време и не слушав никој кој ми велеше рано е, сега си имам се од облека уште козметика и такви ситници да докупам треба. А се потешко ми станува шетањето
Здраво мамички, 28ма недела сум. Досега имам купено само едно комплетче, е сега мислам дека периодов е таман за купување после да не ми биди потешко, па сакав да се консултирам со вас што се е потребно, одприлика некоја бројка за бодиња, тетри, и сл.
Јас зедов 10 бодиња, неколку 50ки неколку 56ки и плус уште 5 такви целосни со ногавици и цели со копчиња 56ки. Тетри зедов 20 80х80
Сакам само да ти заблагодарам на овој искрен и детален одговор. Се надевам ќе помогне на повеќето и ќе не опамети. Сега тоа читам: аутфит за одење, аутфит за идење! Аее! 25 комада боди, па вреќи за спиење (а дома е топло, барем кај нас) сега ме поучи да не купувам без потреба!! Подлога за пресоблакање: леле само ние ќе немаме си викам. А во право си, кој сака нека си земе. Јас ќе го пресоблакам со господ здравје на кревет. Списиците долги, ако имаш пари од фазла само кеширај. Мора поекономично да се размислува. Ќе ни требаат и други работи понатамо
Мене патрожната сестра што ќе ме посетува, ме советуваше се што ќе купам бројка да биде 62! Воопшто да не купувам со 50,54ки или како и да се. Оти тоа е залудно. Бебињата одма ги растеле тие бројки, и после се ќе му е кусо. Така да, земи си лист. Собери информации, направи си еден рационален список и може да си купуваш
62 е преголемо за новородено бебе. Барем неколку 56ки да се има, ако веќе не купувате 50ки. Ова ако сакаш облеката да му е точна на бебе. Навистина брзо ги надраснуваат, ама па не личи и толку мало бебе во толкава облека, да виси на него.
Ги одрастуваат ама и греота е со огромни на нив да седат. 56 е таман за првиот месец за новороденче. Се раѓаат со околу 50 сантими сите, 62ките се многу подолги за почеток. Првото се роди скоро 3800 и 56 му беше точно, првиот месец ги носеше иако стави кило и 500. Помали бебиња и подолго ги носат, а нема нешто понепрактично од бебе во голема облека особено во шпикозни.
Мене исто ми викаа да не купувам 50ки и 56ки на крај трчав да купувам помали, се му пливаше на детево а се роди 3300