Едно прашање од несикусни хахаха...гледам по интернет , по продавници, по аптеки шишиња за новороденчиња еден куп. Има стакло и пластика. Баш за новороденче што да се купи стаклено шише или пластично? Има и некои марки какао чико, авент , нип...искуство?
Шише ќе бираш во зависност од тоа дали ќе цица или не, така што јас би ти рекла да не купуваш премногу шишиња унапред. Моето (цицалче) само на Чико прифати и во последно време од Нук пие, и двете си цуцла во форма на града.
Јас зедов шише од Медела со цуцла калма. Презадоволна сум бидејќи сама не тече, мора бебе да активира. 2 месеци е бебе, сеуште комбинирам цицање со шише измолзено
Девојки здраво Ме интересира дали некоја од вас знае некоја онлајн страна за облека за новороденче (шпикозни,бенкици,и сл)се на едно место да има..и да се квалитетни ? Ви благодарам
Zara mini секцијата, babycenter.mk (cool club и st.oliver), encimenci.com.mk (има бебешки комплети на caramell и облека Chicco до 92ка плус ќебенца, пешкири итн), wenice.mk ( mamino и brezze), okaidi.com.mk(obaibi делот). Од сите имам порачувано и бебешки и за поголемото, од се сум задоволна, освен од некои од стварите од baby center тренерките за поголемиот одма се изупкаа, бебешките пак беа ок, ама па и ефтини беа.
Мојот список беше ваков: -боди на долги -панталончиња -целосни комплети -многу чорапи -2 џемперчиња (се породив во Април и ладно беше, потоа купував на кратки, брзо ги надрасна) Од други работи: -кутија со АД -шишенца за млеко земав 6 и уште ги користам -многу цуцли лажливки и пак докупувам уште -капки Д3 -шампон, сапун, крема за пеленска регија -лажички за капки -чаршафи, ќебенца и пешкири по неколку Од опрема: -количка со транспортер -транспортно креветче -дрвено креветче кое ми служи за украс -релаксатор кој исто ми беше само за украс -седиште за во автомобил -стерилизатор -корито за бањање со сталак -подлога цврста за пресоблекување Скоро се што земав беше од Локо Кроко. Нешто имам и од Андреј Компани.
Ја од ова пола не купив, а дел од тоа шо купив не го ни искористив. Во текот на зимата го користев ќебето само за излегување надвор, оти не сакаше да носи скафандер. Чаршавите, постелнини, никогаш не ги искористив оти ни креветчето не го користиме. Козметика сѐ што купив испадна дека не му одговара, само пари се изнафрлав. Дуксер му купив еден уште кога се роди, го износи цела есен, пролетта, па и уште си го носи навечер кога е свежо. Од облека лигарките ми беа нешто најнеискористено. Ми немаа никаква улога оти моето дете кога ќе поврне целиот се правеше лом, па мораше од почеток да го пресоблекувам. Играчки, мечки, сите прашина фаќаат, он си игра со рандом предмети шо ќе ги најде по дома. Детево ептен економично излезе.
купив и за брачниот и за бебешкиот кревет. На брачниот ја поставив неа, па чаршав со ластик, па чаршав од постелнина и не чуствувам разлика со/без. План ми е и на бебешкиот така да поставам
Што купивте за излегување од болница за бебенцата што треба да се родат крајо на октомври или почеток на ноември мислам за машки јас стварно незнам колку треба да биде облечено бебето немој многу да му топло или ладно се мислам за ова
сакам да се согласам со тебе... под влијание на сите околу ( не земај многу мали, не земај многу мали), од толку алишта (56ки и 62ки) сега дојдов до тоа да нема што да му облечам на бебето. Се роди поситно, а зошто што викаш да изгледа како кловн! сега си ја согледувам мојата грешка, и да ти кажам го прифаќам скроз твоево мислење. Мајки, обезбедете се и со помали бројчиња!!