Моето бебе е 16 октомври родено лани и прилично ладничко беше денот кога излегувавме од болница. Го имав облечено во боди со долг ракав, шпикозни плишани и во плик кебенце го завиткавме за до кола, во колата кебенцето му го тргнав и само по шпикозни си беше.
И моето треба да се роди почетокот на ноември, па си мислев за излегување од болница дали ќе е доволно да го облечам во боди на долги, чорапчиња, шпикозни, беличка, капче, ракавички и да го завитка во пелена(која е како кебенце т.е составена од две памучни пелени) и со транспортер да го изнесиме а врз него да има една шарена тетра пелена. Дали е доволно или треба да земам уште нешто?
Не можеш да го виткаш во ќебиња и да го ставиш во транспортер. Како ќе го врзеш? Облеката ти е доволна, од горе само ќе го покриеш со дебело ќебенце, откако ќе го врзеш со каиши.
Ааа јасно И јас спремав боди на долги, шпикозни, бенкица, чорапчиња и капа. И планирам да го покријам со кебенце, подебелко е
^ Не ви се чини многу три слоја од горе? Бенкица,боди на долги плус шпихозни? И дебело кебе? Температурите околу крај на октомври па и почеток на ноември не се минус... Терминот ми е негде средина на ноември, планирам боди на кратки, чорапи, шпихозни и една подебелка шпокозна како тенко поларно кебенце е. Доколку е потопло, без неа,само со меко потенко кебенце...и памучно капче
Јас сум уште хаос со бебешката облека, не знам што како се вика Сега проверив што точно е шпикозни и не, нема да го облечам во тоа. Мислев на такво целосно на рамки како комбинезон, не знам точно како со вика. 2 долги ракави ќе има, бодито и бенкицата
Помодарски се вика ромпер Инаку комбинезон Леле такво ниедно немам купено,баш ми е слатко за со боди оддолу... Некако по продавничкиве не држат 56ки, каде и да влезам продавачките ме убедуваат од 62 требало да се купува, ми скисна веќе да ме замараат, и да ми покажуваат шпихозни со гепард дезен за новороденче.Не сакам првиот месец да го барам низ облеката,ем мои се парите ако сакам што сакам ќе купам Башка одма со прашањето а какво е бебето,па ми вадат строго розеви ствари? Јас генерално сакам неутрални тонови,така за првото еден ме изнервира и му кажав машко е бебето ама барам розеви бодиња Каков поглед ми упати уште го памтам после 6 години И така решив од сега само ќе влегувам во ваикики и слични поголеми продавници кај што можеш на раат да си разгледаш! Он лајн нарачав еднаш од Мапет кидс,не ми се допаѓа памукот и решив да не нарачувам,подобро е кога ќе го видам парчето во живо
Аа ромпер мислев дека е тоа на куси ракави и куси панталони целосно, катастрофа сум ептен Тука е барем раат тоа, ретко има маалски продавници и скоро никаде не замараат продавачките. Му купив такво како тексас комбинезонче и исти кондурки на чико, преслатки се. 50ка зедов јас, сигурно само за излегување ќе ги облечам, а скапички беа Ама кеефови
Мене така ме убедуваа со 62ки и детево немав во што да го облечам, се му беше големо па трчав да докупувам 50ки и 56ки. 62ка почна да носи на 2 ипол месеци.
Јас прво што купив беа шпикозни од ваикики и тоа од машкиот дел а носам женско бебе многу ми се бендисаа два пара на портокалево и кремаво со калинки, само зедов 56/62 се мислам дали да ги сменам за помали а за бои јас па колку несакам за бебе пинк боја значи се ежам, мене за првите 3 месеци ме посоветуваа све да купувам со копчање значи боди бенкици а не одозгора за полесно за облекување и јас ептен незнам за со бројки дали 50/56 или 56/62 за од ваикики алишта.
Не ги враќај, секако ќе ги стигне за месец дена, туку купи си нови помали ако мислиш дека ќе ти требаат
Што знам, мислам дека тие се шпихозни со кратки ракави Вака мислам ромпер е нешто што е зависно од боди да има испод,ајде некој нека помага со терминологијава
Мене Ваикики ми се покажаа како поголем калап. Првиот месец дена па и 40 дена ги носеше од ваикики 0-1 месец, после тоа почна 1-3 месеци, дури сега на 3 и пол месеци и 7.5 кг преминавме нс 62/68. И тие органик што пишува се поголем калап
Ja so ova od bolnica ke go vadam I plus kebence od dada mu se nadevam deka ke bide okej Barem za sea ako e vaka vremeto ako ne baram use nesto bidejki sepak termin mi e 3.11
Рано е за ова прашање ама да не остани свекрва неспремна Како се пакувале и во што се носеле алиштата од бебето за земање од болница. Дали е доволно во торба/ранче како што јас си планирав или треба некое посебно украсување, мечиња, балони, чуда? Сеуште немаме ни смислено, ни купено нешто за од болница, нели уште 3 и пол месеци имаме за мислење ама пакувањето е битно.