а зашо да не ? мојата е декемвриско бебе, ја имав само ќебенце плиш со тоа ја покривав и така не мрдаат на почеток
Пошто викаш во стан сте и топло ви е. За дома, испод шпихозни и испод дводелни комплети боди на кратки, боди на долги може доле со панталони со стапалца, а за надвор сум облекувала боди на долги па шпихозни и тн. 2.5 тог мене многу ми личи за топол стан. Јас со тенко ќебенце покривав тој период, а за надвор дебело зимско. Вреќа почнав да користам накај 2-3 месец и тоа тенка како крпа. Не ни можев толку мала вреќа за новороденче да најдам искрено, а барав и потекна додуша.
Само прашав, не реков ништо лошо немам искуство па не знам што и дали треба, секое искуство е добредојдено. Сепак вечер заладува во станот бидејќи го гасат парното, ама ќе почекам да видиме како ќе биде собна температура па според тоа ќе постапувам. Ви благодарам на сите на одговорите
мислам дека не ти треба вреќичка за оваа зима, иначе боденца земи си и на кратки и на долги, дома би го облакала на кратки па шпикозни, а за надвор ја ја облакав боди на долги, шпикозни, капче и со кебенце покриена. со лесно
И ја мислам дека не ти треба вреќа за толку малечко бебе. Потенко ќебенце си земи, штом имате парно нема да ти треба ни дебело ќебе за по дома. За надвор моето лани цела зима ја помина замотан во дебело ќебе. Скафандер не сакаше.
Se koristi li ergonomsko pernice za novorodence? Kako ova na slikava. Mi go preporaa za da ne se spleskuvalo glavceto
Не. Не се користи ништо од овие работи. Како што ти пишаа погоре, само душек, на грб, без ќебиња, само вреќа.
Сешто е измислено веќе, ќе те убедуваат по продавници, баби, никој да не слушаш освен доктор. Се што е помагало не чини. Штитници за колена, меки столчиња, појас за проодување, дубак, едно имаше како заштита на грбот да не падне позади на глава… абе сешто. Прескапи глупости.
А каде има вреќи за новороденчиња? Секаде барав и најмала верзија беше од 0-6м. Ама бебече е целосно пропаднат внатре ни топли ни ништо.
Како не треба, вреќа треба од прв ден за да немаш мака после. Како не топли, топли и тоа како. Од прв ден е моето во вреќа и до лани спиеше во вреќа, сега има 6ипол и како легне така стане, не мрда. Од 0-6 за почеток, ако е топло дома тенка плишана, ако е ладно дебела двослојна, на 18-19 степени за спиење и толку.
Да, сум изумила да допишам, а се сложувам со тебе. Грее најнормално, како ќебенце иако е поголема. И не знам како не би била потребна вреќичка за новороденче? Ние 30+ се покриваме со ќебе или јорган, а бебето во шпихозна ли да спие?
Епа после не сака у вреќичка плаче, епа плаче. Не знам зошто се против вреќички родителите, ете сите со Германија се тешат, па во таа Германија од старт децата добиваат вреќичка и спијат во вреќичка. Во Европа во повеќето градови добиваат пакети со производи и во нив си има задолжително вреќа за спиење.
Мојата е од Германија, плишана, ама имаш различни и кај нас, не се ништо посебно различни. И да е голема, пак грее, пробај да видиш дека кога ќе го извадиш од вреќичка е топличко. Ако е така ние во толкави јоргани треба да се заледиме навечер, а ова целите стуткани, нема од кај да им дува.
Што би зеле за февруарски бебиња за изнесување од болница? Дали се доволно топли оние обичните памучни сетови по 10 парчиња? Мене некако ми се чинат претенки Или, многу ми се убави тие како плетени комплетчиња, само не знам дали иритираат и потат? Макар што пишува дека се 100% памук. Скафандерче не би купувала, ниту па плишани шпикозни. Прва бременост и стварно немам осет, а сите околу различно ми кажуваат.
Во Зара имаш комплети од кашмир. Мекички се. Ама можеш и комплет од подебел памук, со боди на долги и дебело ќебе над транспортерот. Секако и капче.
Ги гледав тие од Зара, ама изгор скапи се за толку минијатурно нешто, се се купува посебно и испаѓа огромна сума за нешто што само еднаш ќе се облече. А јас носам близначиња и за двете да земам ми е цела плата. Мислев на оние како плетени по пообични продавници, цели комплетчиња се сосе ќебенце, ама изгледа најпаметно ќе биде да побарам обични само од подебел памук. Досега се што видов беше како проѕирно.