Според мене нема потреба пред време да купуваш. Јас ја купив отпосле но тоа е единственото нешто што воопшто не е искористено. За цуцла исто немаш потреба да купуваш пред да се роди бебето, а каква ќе прифати зафиси од бебето. Тие од каучук се помеки во споредба со силиконските, мојата не фати никаква.
Пумпа не мора пред да се роди од причина што можеби нема да имаш потреба од истата. Ќе видиш, ако ти треба прати го мт. Цуцла имај една за секој случај, ма да јас џабе земав мојов не фати затоа една е доволно.
Од мое лично искуство тетра пелените многу ми се од помош при бљуцкање при покривање при подлога при бришење на газе после миење од какање при риткање кога го оствам на ритка без памперс итн итн.. Јас имам 10 тина и ми вршат голема работа. Бебето не сум го повивала нит со тетра нит со шветски. Само памперс боденце тенки чорапки и памучни шпихозни тоа е нашата облека. Капче после бањање и додека е мало. Моите шпихозни имаа внатрешни ракавачки па многу ми послужија во првите недели. Од искуство не купувај многу облека бидјеки ке ја дигнеш нечепната. Новороденчињата многу врзо растат и извишуваат да така од новородњни до 62 максимум 2 3 недели треба па ќе треба да менуваш број. Сосема доволно ти се 3 4 пара шпихозни и боди за новородени. Кај секого различно е но моето бебе многу извиши и почна од 2 месеци да носи од 3 до 6 месеци. Купувај поголемо. Совет за кебе. Строго памучно тенко и меко кебенце. Што друго треба слободно прашај.
Пумпа за молзење никако пред да се породиш. Може нема да ти треба истата па треба да ја фрлиш. Најдобро после пораѓај ќе видиш ако ти треба маж ти ќе ти купи. Цуцлиња имав 2 за цуцање и малиов ми прифати. Купи една ако прифати ќе земеш повеќе. Едно шише за секој случај па ќе видиш како ќе сте со доење и да сте ќе ти треба за водичка и чајче.
Какви влажни марамици користите, кои се најдобри за новороденче? Еве на пример јас дома ги служам оние на Бекутан, но бидејќи имам преосетлива кожа и тие ме иритираат, но за разлика од останатите подносливи ми се. Друго, јас дома имам нови уште не отворени големи пешкири дебели квалитетни за бањање. Се што видов до сега од страна на бањарка за бебе е потанко и понеквалитетно. Дали навистина морам да земам бебешка бањарка и има ли разлика ако на пример си отворам два нови пешкири кои ќе ги користам за бебушка? И уште нешто, дали ќе ми биде доволно еден комплет заштиник-оградник за креветче или треба да купам уште еден?
влажни на хип или бекутан кои како да си купиш бањарка на неа си има и за главчето да се стави јас зедов од стружанка многу убава мека, дебелка, голема 700 денари. во однос на оградиците доволно ти е еден, е сега ако сакаш да менуваш може и два, јас вториот комплет го куипив кога синко беше негде 5 месеци за да смениме малку, а чаршафче посебно и навлака за јастуче посебно имав купено, за ете ако блуцне ако се измоча тоа ке ти треба резерва, а самата оградица ко оградица доволно е и една.
Јас ретко користам влажни,го бришам со памучна вата натопена во вода,доколку морам користам од ДМ на бејбилов без мирис и без адитиви... За бришење ставам пешкир а врз него тетра и фактички со тетрата го бришам зашто неможе со пешкирот сегде да се помине зад увце,на вратче и сл. Инаку не се бебешките пешкири поразлични... До сега оградица немам ставано и не знам за што би му служела на бебуш освен да му спречи проток на воздух....
кога ке потпорасне ке видиш за што служи да не е таа цел со модрици ке беше и сегде ке се заглавуваше, и те како е потребна
Бидејќи со креветчето секако оди и оградник, се прашував дали е неопходен уште еден да купувам. Сега баш пред малку се вративме дома, гледам околу 2500 се заедно со јорганче. Така што, штом и еден е доволно, да не фрлам џабе пари.
Искрено џабе фрлени пари. Јас го купив коритото 500 ден, а ногарките 1000ден. Ама дека прво дете незнаев, а стварно нема потреба.
јас првото го зедов од стружанка за 2300, а второто го начекав за 1700 во помала продавничка. И двете во комлетот имаат 2 перничиња, јорганче , чаршафче. Сега за сега не ти требаат две
Влажни марамици на памперс користам. Њу борн сензитив. Пакетчето е жолто. Презадоволна сум. Да се разбереме маримици користам ептен понекогаш инаку мијам газе на бебе под чешма и го оставам со пелена да ритка некои 10 до 15 минути па облакам. На сам почеток користев памук кој го топев со млака вода кога беше многу малечко никогаш не користев марамици. За оградиците веќе ти одговориле јас кипив монтамбо креветче бидејки ми е попрактично. За бањарка можеш и твои да си користиш разликата е во тоа што бебешките имаат дел кај главчето но и не е морално.
^Ај да се надоврзам. За бебе воопшто непрактично ми се виде јорганче,тоа цело време претка и се открива а јорганчето "бега" од него,ем цело време рачињата надвор му се до глава и неможам да го ставам да спие во просторија ладна за покривање со јорган... подобро е кебенце помеко да се земе,а најдобро е вреќичка за спиење,особено ако рита како мојов бебуш,откако го ставив во вреќичка успеав да спијам раат
Јас користам памучно кебенце само. Го ставам и потпирам од сите страни за да не може да се открие фактички го повивам нешто слично ги буткам краевите во него и ми се виде до сега најдобро решение. Вреќа имам ама не ја користам бебушот не ми ја трпи со оглед на тоа дека кај нас е топло.
Хехе пробував и така ама бебуш ги крева нозете под прав агол во вис и цело кебенце го сука надолу под него леле ама објаснив
Јас пак имам обратно искуство. На 15 месеци сеуште го користиме коритото сосе ногарките. Спас ми е за кичма. И тоа коритото е анатомско ама и со дел за седење. Бебе ужива а и ние со него. Буквално секој ден го користиме. Во однос на марамици за бришење. Мојот има осетлива кожа и морам да го бришам со вода и суви марамици ТoTo. На почеток со чај од камилица го бришевме сега само со вода. Ако се искака прилично оди на миење под чешма.
Ништо не ставам. Те разбрав И моето знае да се открие ама дека парното ми е вклучено секогаш на задоволителна температура мислам дека не е проблем. Вреќата ви е спас. Моето не ја сака склет го фаќа.