Не мора да значи дека се точни мерките на ехото. И моето го водеа мало, на ден на пораѓај на ехо ми рекоа дека е 3кг , се роди 3 600. И ако се роди 3кг сигурно нема месец да користиш 1ца. Не се водете по килажата на пакетките, нема врска тоа. Ќе знаеш кога ќе го стега на бутките или ќе пропушта. Плус Слипи се мал калап.
За шишенце, едно да имаме колку ради ред, за почеток, која опција е подобра? Во локална аптека има деновиве попуст на Chicco, па се мислам за опција. Пластично, стаклено, овој сет што е 2 пластични шишиња и цуцла. Perfect 5 опцијата, макар што и тоа е пластично. Некакви искуства?
јас имав едно стаклено за почеток на нук, доволно ми беше, се доевме, некогаш од тоа и давав молзено. мислам да земеш барем едно, ама не пластично
Јас зедов авент натурал стаклено најмало на попуст беше 536 ден. во зегин се мислев меѓу него и на нук и на крај авент зедов едно колку да имам ако цица супер е ако не тогаш ќе му се мислам.
Јас кога земав на почеток имавме стаклено од авент не се погоди, зедовме чико не го сакаше ич, зедовме томи типи се погоди, пеобај ги на томи типи
Да направам анти реклама на авент стаклено. Превртува и од секаде тече. Катастрофа е. Може само мене не ми се погоди, не знам, ама пак да си знаете дека воопшто не сум задоволна. А од пластичните супер се погодија, посевно тоа анти колик што е
Ставив во тенџере вода да заврие и го ставив внатре околу 10 минути, ама прво го држев над водата да се згрее стаклото за да не пукне. После го измив со бебешки сјај и топла вода
Извини, стерилизација се прави на чисто/измиено шише. Постапката би била: -да се измие со благ детергент и топла вода -да се стерилизира /врие -опционално да се премие
Ајде едно прашање за мајки со втора бременост Креветче, релаксатор и слични работи имам од првото ддте исто и облека... Што е она што го докупивте за новороденче