И јас од првото имам колица,транспортер,релаксатор ,а докупив пак нешто ново од гардероба ,а нешто ќе користам од првото детенце купив нова постелнина со оградици,тетра пелени,моч пелени ,кадичка,пешкири,цуцли лажливки,шишиња,аспиратор за нос,чешле и четка,од другарка ке имам поклон гнездо е сеа остана да видам која козметика ќе ја користиме се мислам за Мустела земав се што ќе ми биде потребно за папоче на почеток и тоа, ако треба нешто плус нека не надополни некоја членка.
Ништо Од жал купив нешто гардероба, козметика користат иста, пелени и тоа мислам. Покасно шишиња, цуцла, скафандер и остала облека што не им се совпаѓаат сезоните. Дури и тропалките се од бато Доста поклони добиваат и нема баш што да купиш, се си имаат Ааа уствари транспортно креветче му купивме.
Нешто облека само, оти првото машко, а второто женско. И душек за креветче купив бидејќи ми требаше за двајцата.
Иако и второ женско јас ќе мора да земам облека за 0-3 месеци, пошо првово ми е зимско дете и за шетање имаме дома само плишани шприкозни, ајде пижамчиња може нешто ќе се искористи ама за шетањњ дефинитивно ќе мора ново, тек меѓу сезона ќе може од сестра и да носи. Ќе лупам и бањарки нови и тереа, постелнина. Од работиве големи како количка, се од првото ќе биде.
Во бебе хоум имаш шкавчиња вакви со кадичка, а згора кога ќе се покрие кадичката е тоа за преслекување
Не купувај вакво воопшто не се користи. Прво сигурно нема да бањаш бебе во соба логистички е казна носење вода и празнење, второ бебе кога ќе пркне и ќе шлапа во водата лом ќе прави на сите страни, плус алишта ако има долу лом ќе е се. Плус како што ти пишаа ако ја затвориш и ставиш подлога за преслакање нема да ја отвораш на секое за да бањаш. Ниту еднаш не е искоритен вака. Најголема грешка ми беше ваква комода што земавме. Наместо да си имав уште една фиока, само дупка има. Кадичката секако ја извадивме и на друг сталак ја ставаме. Не ја гледам поентата на ова освен ако имаш преголемо купатило и ја ставиш дирекно таму како елемент, ама па не е водоотпорно за така да се постави. Инаку од енци менци или бебе супермаркет ја купивме ние, не можам сега со сигурност да кажам, пред скоро 6 години беше.
За бањање ти треба козметика, за мачкање за тело и пеленска регија, стапчиња за уши со граничник, за папокот алкохол и стерилни гази, физиолошки раствор,некоја крема со цинк оксид ако се потпари, пумпица за вадење мрсули, подлоги за повивање еднократни ако користиш и пелени. За почеток е ова мислам е доволно
Јас имам слично од Бебе Хоум, околу 7-8000 ден беше лани во април, прикачив слика од нивниот производ кој сега е на попуст. До скоро, ми беше супер практично зошто ми вршеше неколку намени, лесно се одржува со алкохол или дезинтал, еве кско се го користев : Пресоблекувално за да не се кичмам и од страна сите реквизити си ставам како пелени, влажни, крем, играчки... Под него отвараш и имаш кадичка, која после користење само со кујнски брисач поминувам и е суво и чисто, затвараш, 1 секунда работа. И најдоле, ми е супер простор во кој ми стои торбата на бебе, кутија играчки, туркало. Топ ни беше до кај 5 ипол месеци, сега малиот не стои мирен да го пресоблдчМ, само се врти и растегнува со раце/нозе, и на кревет класика го менувам. Коритото веќе е малечко, собрани му се ноџињата, но не сме зеле ново, за скоро ќе биде. Најдоле, уште ми е топ зошто ставам тоа што набројав погоре. Од сите реквизити, за ова не жалам парите, посебно што повеќе време сум сама дома со малиот, породена со царски, не ме оптеретуваше пресоблекувањето.
Ножички за ноктиња, стапчиња за уши, шишенца (не зимај од најевтините, ретко кое бебе ги прифаќа, ако го доиш барај шишиња со форма на града), памперси, марамици, подлоги за пресоблекување, газички 5-6, оноа како за викаше за папочето не памтам, ако доиш исто ланолин за градите, витамин Д3+К1, пробиотик Ваја или Биогаја. Креми за пеленска регија не би ти препорачала да зимаш уште сега, можда нема да ви требаат. Јас џабе купував еден куп креми, се остана неискористено. Козметика за бањање (маслена купка) ќе ти треба. Синомарин 10тина монодози (физиолошкиот ми е непрактичен, од ова директно во носето се става капка). Ако купуваш пумпица за носе, тоа ти е паметна инвестиција, според мене вреди да купиш поквалитетна, оние евтините што се влече со уста за ништо не ги бива.
Ова е добар список. Со неколку преправки од мое искуство. @nevermet18 Ножички за ноктиња можеш да земеш томи типи, стапчиња за уши, шише едно авент стаклено (ако доиш не ти треба, освен ако молзеш па да му дадат на бебе кога не си тука или ако сте излезени), памперси, марамици, подлоги за пресоблекување, газички 5-6, банеоцин прашок, ако доиш исто ланолин за градите, витамин Д3+К1, пробиотик Биогаја. Крема со цинк за пеленска регија ако се вцрви и павловиќева оргинал. Козметика за бањање веледа или хип, (не маслена купка, тоа е за сува кожа со егзема). Со царски ке ти треба и аспиратор за секрет, и спрејче физиолошки, бренд изомар, никако носе фрида, катастрофа се.
Ме збуни последнава реченица каква врска има со царски аспираторот, и зошто не чинат модел Фрида,ние такво земавме по сугестија на фармацевтот во аптека.... Фала ти
Јас купив исомар прв пат. Супер беше. Маж ми мислејќи дека поубаво ке извади секрет ако го тргне сунѓерчето, го закука цревото со каки. Мораше нов да земеме. Во аптеката немаа исомар, недела, земав носе фрида. Цревото тврдо, на изглед исти ама влече триста пати потешко и понеефикасно. Плус поскапо е. Исомарот поубаво влече, подобра контрола имаш врз притисок, цревото е меко и подобро се мести. Патем има улога тоа што со царски бебињата, не сите ама најголем дел, фрфорат со носе. Мора да го чистиш носето. Природно родени бебиња поминуваат низ канал и таа вода од носето им се истиснува.