Nosko е екстра работа,нема шанси Nose Frida или било кое со него.Колку пати не спаси од спуштање на плуќа незнам ни јас,од Србија го купивме ние пред 2 год. сега ги има и кај нас побарај на Google ќе ти даде каде
И ние го имаме истото. Е сега во упатството пишува врвовите кои се ставаат во носе, после користење да се фрлат. Јас засега ги стерилизирав меѓутоа не ми се по втор пат искористени. Во дилема сум дали да бараме резерви или да ги користиме така.
Со новороденче користиме ретко, меѓутоа ми доаѓаше прескапо доколку се фрлаат, па мислев ако веќе купуваме да бараме друг тип. Супер ако можи со миење да ги користиме. Вака засега ни функционира добро.
Мене овој ми е втор за бебе. Претходно и земав исомар ама сега го немаше тој. Еве сега носот не запира чистам цело време и навечер исто , значи може 10 пати и 10 врвови ли ќе менувам? Не се нормални Не планирам инаку да ги фрлам (Знаев дека не треба Бекутан да земам ама ај )
Kolku pati go koristis i vo koj slucaj? Nas vo plodnost ni rekoja samo fizioloski rastvor sprej, uste bila mala za vakvi..
Можеби еднаш на два дена отприлика. Кога ќе сетам дека е затнато носето или потешко диши. Кај нас и на болница на неколку пати и вадеа така како засушен секрет. Инаку и јас ставам физиолошки прво, па доколку има потреба со аспиратор плус.
Хелоуу, По колку бодиња, шпикозни, бенкици, капчиња, хулахопки, ракавички, тетра пелени, шведски, подлоги за пресоблекување, прекривки, пешкири, чорапчиња за почеток би ми биле доволни? И ако нешто плус имам заборавено во наведениве...
Ракавички и шведски пелени не ти требаат. Пешкири х2 Боди х5 Шпихозни 5 до 7 Бенкици 3-4 Тетра 10тина минимум Капи и хулахопки 1 до 2 Чорапчиња 10тина Ќебенца 2 Подлоги еднократни користам јас Се зависи од сезоната Ова според мене
Според мене вака: ракавички, тетра и шведски не. Јас имав други чаршавчиња за постилање, гледам дека тетрата за тоа најчесто за користат. Чорапки за почеток ќе ти требаат не повеќе од 10 пара, и тоа само ако носи пижамки без затворена ногавичка. Капа 1-2, али секако идат заедно со некои сетови, мислам дека не мора псоебно да купуваш. Боди * 15, али гледај да не се сите залчиња, можеш и за 3 мес да земеш, ако е крупно брзо ќе стигне до тоа бројче. Можда ти е попаметно 5 да ти се на долги, а другите на кратки, сепак ќе е топло. Шпикозни исцели не би ти препорачала. Ако ти е ќеф тогаш гледај да се со патент, не со копчиња. Комплетчиња, пижамки, по 7-8 ти се доволни, па можеш и само долен дел да му облекуваш со боди кога ќе е топло. Бањарки 2. Ќебенце само едно потенко. Чаршавчиња си земи 2-3. Подлоги за еднократна употреба имаш по аптеките, а можеш и 2-3 од оние што се перат да си земеш. Хулахопки за бебе родено на пролет не. Летоска почесто ќе е голо или само на боди, така шо не се трупај многу со облека. Ножички за ноктињата, топломер, цуцли, 2 шишенца за почеток, и козметика зависи за која ќе се решиш.
Ракавивици и хулахопки крај на април не ти треба. Според мене 10 бодиња по кратки 5-7шприкозни памучни ако шетате надвор или ете за низ дома 5 -7 пижамчиња 2-3капчиња памучни Едно памучно јакниче за шетање Пупиња и чорапчиња тоа ќе си видиш ти колку мислиш пошо тоа најмалу валка Лигавчиња 5-7 Тетра повеќе ќе ти треба 2-3 бањарчиња 2 ќебенца тенки, за количка надвор ќе ти треба, а за дома 2 вреќички тенки. Е сега, мојава повраќаше ептен и менував по 3-4 пати облека на цен и на вечер обавезно 2 пати пижами.. според мое искуство ако немаш машина за сушење ќе ти требаат повеќе.
Кај да најдам антиколик перниче од оние со семки од цреша? Барав во локо кроко имаа само перниче а јас сакам со појас за врзуванје позади, попрактично ми изгледа.
Имам такво со појас од weince мислам го нарачав. Мислам дека не е многу попрактично, јас не му го лепев појасот. Сега да купувам, би зела без појас