Капчиња 2-3, шпикозни колку повеќе толку полесно за тебе за да не переш често, моето првиот месец беше постојано во шпикозни. Ракавици и хулахопки за крај на април не ти требат, тетра јас имав 30 ама реално 10 се доволни. Лигавчиња да не заборавиш јас имав 20 и пак кусо ми беа. Боди на долги имам многу ама воопшто не ги користам зашто бебе е стално во боди на кратки и одозгоре блузичка на долги. Ако планираш и ти така околу 10 бодиња на кратки или кимони си земи и околу 10 блузички или бенкици. Пешкири 2 се доволни кебенца исто 2, едно потенко едно подебело. Подлоги за пресоблекување јас не користам туку ставам тетра. Чорапчиња 2-3, само за излегување користам, дома е во шпикозни или панталончиња со ногавици. Со оваа перам 2 пати неделно, ако планираш да переш почесто можеш и помалку да земеш
И јас мислам дека претерав со боди по долги од 0 до 3 месеци имам околу 20... Незнам што сум мислела.. А на кратки само 2 или 3 имам земено ама ќе треба да земам повеќе...
И јас не размислив воопшто. И тие што ги земав на кратки беа со намера демек топло ќе е на кратки ќе носи, а и лето беше кога почнав да купувам. На крај ми се најдоа за одоздоле. На долги си ги спакував, а ниту еднаш облечени повеќето
Според мене земи си од џорџ или примарк бодиња по 7 одат во пакување преубав мстеријал,многу сум задоволна земи ги на краток ракав и 2 по долги да си имаш за секој случај. Комплети горен и долен дел земи си околу 10. Најчесто со нив одат капчиња и лигавчиња. Па нема потреба кспчиња да купуваш посебно доволно ти се 2,3 после бањање само да ставиш или за надвор ако дува. Лигавчиња имај си околу 7,8. Тетра пелени земи си 5. Јас земав 10 и сега гледам не ми се толку потребни. За пресоблекување користам моч пелени такви можеш да си земеш 2,3. Бањарки 2,3. Чорапи околу 5пара. Хулахопки не. Чепкалки за уши за бебиња, за сечење нокти турпија или ноктарче. Козметика каква сакаш ти. Аспиратор за носе. Течен детергент и слично.
Претходно не, меѓутоа откако се роди бебе често добивам понуди и работи за користење од колегите од работа. Од една страна ми е малку незгодно, од друга веројатно и јас кога ќе имам заостанати работи ќе нудам на следна мајка. Битно за буџетот многу помагало доколку имате од каде да се искористат одредени работи. Јас за гардероба имам многу купено не зедов, меѓутоа работи од типот на релаксатор, подлога за играње и слично ни е се скоро позајмено.
Ке се надоврзам на @Miss_S сум имала понуди ама не сум можела да земам, можам само да дадам, размена само со сестра ми имам направено исти цуци имаме како близначки се За облека овој пат само едно комплетче од вајкики, три мали крпчиња, и едни шпикозни. Добив и нови комплети од мајка ми, свекрва ми и сестра ми и доста е, друго се имам од првото, шкавчето е полно нема место за ново. Здравје ако треба ке се докупи, сега купувам етанол, физиолошки, стерилни газички D3+K, biogaja да не трчам кога ке дојде. Имам друг многу голем проблем незнам име, ептен сме не одлучни за вакви работи, некако повеќе ми е важно по се што поминав да е бебуш добар а кое име и да биде ке ми биде убаво знам, вие се одлучивте ли?
Да пишам сега искуство од после месец дена Имавме еден куп од овие комплети со 3, со 5 делови и слично. Ракавички од нив неискористени воопшто. Едно што прво беа големи за бебе, друго сега не ги сака. Капче, ретко после капење носи и сега за надвор ама и од тие неискористени многу. Лигувче или марама од сетовите. На почеток огромни и беа, се покриваше бебе преку лице и тек сега само за хранење ги користиме колку да не останат нови. За моево прематурно бебе од помалку од 2.5 кг на почеток, сетовите беа преголеми, широки. За носење ги носеше и сега месец дена подоцна и чинат. Позитивна страна е ако се извалка или прокисни, го слекувам само едното парче. Негативна страна за сушење/пеглање милион ситници од едно пресоблекување. Шпихозни - 0-3 за моево бебе на почеток огромни, сега таман. Баш 0, 0-1 докупувавме. За облекување полесно, не се малтретира бебе со многу парчиња. За неа потопло, што не и испаѓаа пантолоните и слично. Позитивна страна и тоа што со едно парче е комплетно средено, плус рековме пеглање/сушење полесно. Негативно, ако се извалка комплет преслекување следува. И да со патент е побрзо и полесно за маневар. Исто и за тетри. Имав комплети и на Алкалоид Берово по 3 во Стокомак ги има често. И рандом купени шарени. Не знам од која компанија се произведени тие ама после 2-3 перења порабеното почна да се распарува и смалени се за едно 20-30 %. Овие од Стокомак, единствено што се еднобојни повеќето меѓутоа воопшто не е променета ни форма, ни големина.
Loco Croco види, не се скапи, а некогаш имаат и дополнителен попуст. Тила исто знаат да имаат убави, Wenice.
Здраво маички, дали некоја во скоро се породила во плодност? Ме интересира што е потребно да се понесе за бебе за кога ќе си одиме од болница? Благодарам
Ти треба за бебето облека, ќебенце, транспортер. Тоа што си планирала да го носи за кога ќе го земете ќе си го спакуваш во торба и торбата кај сестрите да го облечат.
Здраво, како ги облекувавте бебињата во лето? Сакам да почнам со купување ама не знам што е подобро,боди со кратки или долги, или и од двете.. ?