Пелени, влажни, ноктарица, шампонче, крема за после бањање, крема за газе, улошки за гради, алкохол, гази, банеоцин прашок, хидроген 3%, д витамин, пробиотик капки за грчеви, цуцла (ако планираш да дадеш), шишенце и ад(ако не планираш да доиш)… тоа ми текнува сега
Ќе ти кажат точно на болница или на прва контрола на педиатар, мада одприлика тоа е тоа што ти напиша членката. Е сега ако прашуваш за превентива температура и тие чуда, само парацетамол ќе смееш. Физиолошки за носето, пумпица за влечење.
Жени ве молам помагајте не знам каква облека да купувам. Термин ми е 15ти Јуни и тотално сум збунета. Мајка ми е упорна на долги се, јас овде читам дека не треба да им е претопло. Знам дека ми е рано и имам време ама би сакала да не купувам се одеднаш и постепено да си се спремам.
15ти јуни дефинитивно кратки. Можеш нешто по долги да ти се најде за секој случај ама поголемиот дел по кратки. Моето бебе лани се роди на 1ви јули ништо по долги не облековме
И јас се прашувам што да спремам за излегување од болница за бебе. Термин ми е средина на јули, но јас сум повеќе на север, па јули знае да е и врнежлив и околу 20 степени макс (од 15-20 да речеме). Ако може малку помош и идеи?
Мене термин ми е почеток на јули, но ако е царски не верувам дека ќе ме чекаат до крај, така да некаде крај на јуни по мое би ме породиле. Незнам првото ми е во март и секако по долги беше. Ама мене не ми оди на толку мало бебе само што родено да му облечам кратки. За од болница мислев да биде комплет панталончиња без стапалца, ете нека нема чорапи ако е топло а нагоре боди по долги ама некој по тенок памук да не биде дебело. Секако ќе видам и времето какво ќе биде, ама стварно до мене ли е или неможам никако да замислам само што родено бебе по кратки облечено.
За 15-20 степени мое мислење нешто тенко памучно имај со долги, а можеш и на кратки горе со некое тенко памучно јакниче. Имај ги двете опции пошо не знам кај сте точно ама кај нас пример мај месец мене ми е термин знае да е врнежливо, 10 степени, џнае да е 15-17 степени сонце.
Благодарам, и јас нешто така мислев. Боди по долги ракави и паталончиња памyчни, со тенко кебенце, чорапчиња, веројатно тенко капче. Дали би било потребно и друго боди без ракавчиња пример под тоа со долги ракави (тоа можеби ако е посвежо)? Ние сме Холандија, ептен непредвидливо е. Може тотално да има свеж есенски ден во средина на лето. Тоа уште поголема збунка ми прави.
Јас ќе стаам боди по кратки и шприкозни згора, пошо е женско имам тенко турбанче нарачано памучно, а со нас ќе имаме тенко памучно ќебе за секој случај. Тоа ти праам муабет ако е до 15 степени. Ако е нешто пониско од 10, а да има ветер пошо кај нас знае да фури и сред лето, тогаш за секој случај ќе зеам по долги боди.
Брат ми е јунско бебе, цело лето (пред 16год) беше само на боди со прерамки и гол. А сега рачунај дека се уште потопли летата. Од болница можеш боди и панталонки, али за по дома ако вие сте на куси, и оно ќе сака да е голко.
Девојки дали да си набавам пумпа за одмолзување пред пораѓање (и додатоци од типот на кесички за млеко итн) или да почекам прво да видам како ќе биде? Секако би сакала да го дојам, се надевам се ќе оди како што треба, па мислам би ми биле потребни.
Здраво женски. Случајно ја најдов групава, не знаев дека постои и баш супер е за новопечени мајки да имаат каде да се обратат за што и како да купуваат Јас сум 33 недела, не сум спремна, нешто имам земено алиштенца па сеа планирам да се активирам и да пазарам се.... Имам некој список направено, па погледнете го дали е во ред што да додадам и што не ми треба ... СПИСОК ЗА МЕНЕ Крем за мачкање брадавици Крем за масажа (перинеум) Пумпа за доење Туфери за гради (лепливи?) Вир влошки 3 - за во болница Гаќи со мрежа - за во болница Спаваќи 2 - за во болница Влечки - за во болница Крпа голема - за во болница Крпа мала - за во болница Четка за заби + паста - за во болница Крем за лице- за во болница Стегач - за во болница Чешел - за во болница Чај за доење baby love или лактамикс Чорапи - за во болница СПИСОК ЗА БЕБЕ Бањарки 2 Корито Чаршавчиња за креветче 2 Непропустлива подлога за креветче Оградица за креветче Гнездо Фиокар Бодиња на куси ракави (бели) 4 * 56 и 3*60 7/8 пара шпихозни 7/8 пара сетови (горен + долен дел) Чорапчиња 10тина пара Лигавки 7/8 Капчиња 4/5 Нараквички 4 пара бодиња на долги ракави 7/8 тетра пелени околу 15 (имам 6) Подлога за пресоблекување Џемперче 1/2 Кебенца 2 подебели 2 потенки (1 имам кончано) Козметика: Крем за тело Шампон/купка Чешел Пелени Крем за пеленска регија Грицкалка Ушалки Топломер Термометар за вода Сет за папоче???? Влажни марамици Шишенца + цуцли Бебешки прашок Бебешки сјај Сунгерче Nose Frida - пумпа за носе или Исомар Лажичиња за капки СПИСОК ЗА БЕБЕ (Болница) пелени влажни крем за пеленска регија шампон крем за тело облека за излгегување од болница тетра пелени
Ако си решена да доиш можеш да набавиш уште од сега. Мој совет е електрична. Јас имам три од кои една рачна (тотално без врска) и две електрични. Додека да се воспостави лактација ќе ти треба, барем јас првите 2-3 месеци ја убив од користење. Кесички немав но имав пластични чашки на Авент, исто сум задоволна.
Чорапи и капчиња според мене не ти требат толку многу, доволно е 2-3 пара. А лигарници земи повеќе. Јас кога се породив имав 10 па докупував зашто бебе често блуцкаше
Колку што разбрав не си во МК, види дали болниците/аптеките имаат опција за изнајмување. Јас не сум во МК и кај мене барем ја има оваа опција, мислам дека е подобро отколку купување нова ако не знаеш дали ќе ја користиш.
*Спаваќи во болница не ни дадоа да си облечеме свои, туку од таму ни дадоа. (Во Чаир породена) *Чај на хип некако ми се виде поефикасен и лактил капсули. *Сет за папоче: банеоцин прашок, хидроген 3% и стерилни газички 5х5. Земи е еден физиолошки, јас очињата и ги бришев со гази и физиолошки. * Од носко сум најзадоволна на правосмукалка што е мада имам и ваков на уста не е лош. *Шампон и млеко за тело за бебе во болница не ти треба.