1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.866
    Јас па би ти рекла да почекаш. Јас купив пумпа и ич не ја искористив. А еве веќе 10 месеци успешно го дојам. Може нема ни да имаш потреба.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.032
    Пол:
    Женски
    Лепенки за гради не сум користела. Чајот за доење немаше никаква врска, битно е само течности да внесуваш. Најдобро вода. Другото за во болница ти е ок.
    За летно бебе ти требаат повеќе бодиња на кратки, можеш од тие 1-3 мес, 3-6, брзо ќе ги порасне. Чорапчиња ок, а капчиња и ракавици не. Грицкалка не, земи си ножички за ноктиња. Џемперче според мене не ти треба. Мојот не може да го поднесе. Подобро ти е дукс, али не најмал, нема сигурно од прв ден да го користите. (јас му бев земала за годинка, од 3 мес па до годинка си го износи со малку подвиткани ракави :D)
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    4.688
     
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.424
    Според мене, повеќе крпи-бањарки и чаршави за кревет. На почеток често после бањање измочкал крпа-бањарка. Исто и чаршави за кревет, ќе пропушти пелена, додека се испере исуши, испегла.
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.106
    Допаѓања:
    21.680
    Пол:
    Женски
    Бодиња дефинитивно повеќе и на долги, па ако не ти требаат ќе ги облечеш за дома преку ден само боди.
    Јас со долги имам од првото дете и ми се вкупо со си нови што имам земено 18 ама тоа оти имам од првото, па додаено нешто ново.
    Со кратки имам 7, уште 3 ќе дозеам ( моето повраќаше или ќе се напраеше лом од каките и се преслекуваше по 5 пати најмалу на ден)
    Имам 5 комплетчиња за дење, плус 4 хеланчиња и 5 блузички кои се комбинираат секое со секое, 8 пижамчиња.
    10 имам лигавчиња, 8 чорапчиња и едни пупиња за надвор као да е подотерано.
    Со комплетчињата имам и памучно капчиња кои одеа комплет.
    2 бањарки и треба да долупам тетра пелени.
    Имам едно памучно јакниче, морам уште едно.
    Од првото имам 4 ќебенца ( не ти требаат толку, јас од ќејф различни бои) за количка, тенки се.
    За ова планирам гнездо да земам ново и постелнини 2 за спиење.
    Нараквици не ги требаат.
    За во корито види која опција највеќе ќе те бендиса, ние со првото имавме и пластично такво за лежење и мрежа, мрежата беше попрактична ама за ова ќе земеме како душече.
     
    Последна измена: 29 март 2023
    На Starchild му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Да лигавчиња ќе земам повеќе дефинитвно… Чорапчиња зедов повеќе зошто планирам веќе следните шпихони да бидат доле со отворени ноџиња, зошто мислам дека повеќе ќе ги износат…
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Ќе си додадам во листата, пишав шампонче за болница бидејќи ми кажаа таму каде што ќе се пораѓам им побарале по еднаш или два пати за да ги избањаат па за тоа го запишав…
    Фала многу на советите :hug:

    Лепенки ги пишав некаде по нет ги видов, дека де од оние памучните како улошки што се ставаат на градите за да впиваат млеко исти само лепливи за ако не носиш градник цело време да ти стојат тие… ама може и после пораѓај да зеам такви, не знам како ќе сум со млеко… Да и ќе земам некое дуксерче само да најдам некаде… Благодарам на сугестиите :hug:
    Помислив и јас на тоа за мочкањето ама некако не сакам многу да трупам, би сакала да ја видам динамиката прво како ќе се одвива, па ако треба да докупувам.
    Може само чаршавчиња со ластик за душече да зеам повеќе… Каде ги има тие? Може и некои шаренки да се…

    Бодиња на долги и кратки дефинитвно ќе земам повеќе, имаш право тоа најмногу ќе се износи на лето… не знам од каде да земам такви помали хеланчиња без ногавици, до сеа секаде каде шо сретнав за од 0-3 се со ногавици, а реално имаат разлика у величина некои се ептен мали и брзо ќе ги надрасне, а вака без ногавици со чорапчиња мислам повеќе ќе ги износи, само неможам да најдам…
    Треба да зеам како тренерчиња такви компчетчиња, за навечер ако е нешто по ладно (тоа ќе проверам у Waikiki таму обично има такви). Е кебенцата ми се дилема колку и какви да зеам. Сакам навечер да го научам во вреќичка да спие ама и тоа треба да видам колкава дебелина да зеам бидејќи е пролетно бебенце ама фаќа и лето, па да не купувам две потенка и подебела, а неам искуство за да проценам на почеток дали му е ладно или топло… Постелнина решив да не купувам освен чаршафчиња за креветче и оградица. Зошто на почеток секако ќе спие во гнездо и вреќичка, мислам дека нема да ми треба веднаш јорганско чаршавче и навлака за перница… Е уште корито ми е дилема какво да зеам, ги немам разгледано опциите какви се… За мрежата некаде сум видела порано дека бањаат така мало новороденче и ми се чини вака дека би било лесно. Какво е тоа душече за во корито??
    Ми е страв малку околу бањањето, како ќе се научам да го бањам толку малечко бебче..
    Фала многу во секој случај на сите совети, многу ми помогнаа :hug::hug:
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.106
    Допаѓања:
    21.680
    Пол:
    Женски
    Еве вака некако изгледа душечето за бањање.
    Иначе имаш навлаги за душече со водоодпорна мушама, ние ги зедовме од Бебехоме и еве 3 години на квалитет не се мрднати.
    Нема да ти е страв за бањање кога ќе го земеш хаха тогаш поминуваат стравовите, а и едноставмо мораш.
    Додека не паднало попочето и немораш да го бањаш шлапнато во вода, само со влажно натопено туферче или тие што се ракавивице за бањање можеш да го поминеш додека до држиш над корито и ќе замиеш.
    Хеланчиња мене ми се од странство ама види дали има во Тила, во Локо кроко од поефтиниве, а Бенетон од поскапиве има сигурно. Х&М? Мене комплетчињата ми се од таму за шеткање.
     
  9. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Здраво едно прашање за носко на правосмукалка дали одговара на секоја правосмукалка или само на оние малите рачните правослукалки?
     
  10. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Ќе ги побарам навлаките...
    Во однос на бањањето гледав некои видеа на нет чисто да се упознаам со процесот хаахах ама вака ми изгледа дека ќе ги стегам мускулите додека го држам :D Се надевам ќе ми се погоди фина патронажна сестра па кога ќе дојде дома ќе ја замолам да ми покаже.. Мада кај нас и не доаѓаат дома телефонски се јауваат, чиста глупост... Ќе проверам за хеланчињата...
    А шишенца за почеток сакам да земам две мали од Dr. Browns оние анти колик што се, ама гледам имаат со тесна цуцла со широка цуцла, ваљда тоа е за проток? Дали да зеам едно со тесна цуцла едно со широка, појма немам...
     
  11. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    6.441
    Пол:
    Женски
    Odgovara na sekoja.
     
  12. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Носко е баш за обична правосмукалка не за рачна мислам дека.Јас го имам неколку години топ работа е
     
    На Karmina1989 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Си го препишав твојов список и јас со некои измени :D Да пуштат плата од понеделник па планирам да почнам да купувам ствари,со мм се договоривме следниот викенд да одиме да изнакупиме се. Жива среќна и возбудена сум како дете на лижавче :D:lol::$
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    3.459
    Пол:
    Женски
    @Homme , јас долни како хеланки зедов од Ваикики. А како долни тренерки од Синсеј.

    Од мое искуство без ногавички се поискорисливи. Јас со помало бебе, прематурче, ги подвиткував од старт за да не купуваме нови за некоја недела. Тие со стапалца и беа преголеми, висеа надолу и беше незгодно за држење.
     
    На Homme и Starchild им се допаѓа ова.
  15. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Е баш и е драго што ти се бендиса мојот список и ќе ти помогне во пазарењето, и јас искрено чекам да префрлат од фондот за да купам тоа што треба... За сите бебиња купував од ELO подароци, дојде ред за моево ништо немаат на лагер, тек за две три недели ќе ги добиеле новите, и не знам што да праам дали да ги чекам, зошто влегувам во 9ти околу велигден, а сакав од таму да зеам гнездо, бањарче, оградица....
     
    На Starchild му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Да ќе проверам во Waikiki, знам дека таму може да се најде...

    Туку од каде да купам чешлче и четка ама сакам да се дрвени, не ги сакам оние пластичните?
     
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.779
    Јас земав dr.brown со тесна цуцла, неам претходно искуство но сите ја препорачуваа таа, дека била најслична со формата на градата.
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Епа ќе си земам со тесна. Имаше стаклени шишенца, па ги чекам да ги добијат и да си нарачам. Реално не знам како ќе сум со млеко и тој процес, ама мислам за почеток да имам две мали ми се доволни, па натаму ќе се докупува.

    Цуцли дали зема и какви?
    Се мислам и тоа, ги гледам по нетов некои на BIBS од 0-3, или едни други на Philips мислам беа, такви силиконски... Не знам какви да земам за почеток и колку...
     
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.779
    Цуцла земав една само искрено, бибс. Чисто да пробам дали ќе сака воопшто, ако не сака да не ми седи за џабе.
     
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.693
    Допаѓања:
    39.748
    Пол:
    Женски
    Дрвено со меки влакна видов во дм на бејбилов
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.