И имам и друга дилема. Што пелени да зеам, кој број и колку од нив? Си реков да почнам со памперс 1ца, да зеам две пакувања (не знам колку броја се внатре) или да зеам само едно пакување 1ца? Тие што имате искуство со пелени да споделете со мене… Исто и за влажни марамици, од кои да зеам? Ја лично за мене си користам на Виолета на база на вода и ми се сосем ок, ама за бебо не знам какви, некаде читав или некој ми ги кажа на Sleepy или Baby love…
Спорњд мене Виолета влажни ти се најисплатливи 99% вода што се и подобро едно пакување најмали пелени за да видиш како ќе му одговараат на бебето да не ти стојат џабе после мали
Mamasitas да споделите од Carters која величина купувавте за новороденче: newborn или за три месеци? Знам дека се помали од стандардното бројче, сакам да земам за излегување од болница
New born може да се само за едно носење. Ако е бејби околу 3-3,5 кг ке се таман. За поголеми бебушки или подолги таа бројка ке е кнап или мала. Ама колку за излегување 99% ке се океј.
Земи едно паковање, после ќе си докупиш бројче какво ти треба. Брзо на 2ка преминав јас. Влажни на почеток не користев, со туферчиња само. После преминав на бабилов или виолета. Кремче користам само Веледа.
на исто сме и јас чекам ело што ке извадат а од вчера 35та терам :/ ако реши порано ке трча некој друг :/
Ние почнавме со Бејби Лав, од 3 до 5кг. Ни првото пакетче не го дотрошивме, премногу го стегаа (3 600 се роди). Одма преминавме на 2ка. Имав спремано неколку пакети 2ка пред пораѓај, да не трчам по аптеки. Марамици Виолета 99% вода, имаш пакувани по 3 пакетки внатре, така највеќе ти се исплаќаат. А од памперси скоро сите ги испробавме. Памперс Актив како најдобри ми се покажаа, исто и Виолета не се лоши. Слипи најмногу пропуштаат, Бекутан картон, Молфикс му направија реакција.
Да, ќе земам 1 пакување 1ца, за во болница, па натаму ќе видиме... Кремче ќе земам и јас Веледа, а за влажни ќе видам. Sleepy и Violeta ми се пробани, Violeta мислам дека се подобри, е сеа уште Babylove да ги пробам, тест да му напраам на мене Ќе ги почекаме, имаат и достава, така да немаме гајле. Само што јас сакав од кај нив да земам гнездо и да го ставам во него да спие, па ако се породам у меѓувреме чекајќи ќе видиме што ќе праиме Фала ти многу на споделеното искуство. Ќе пробам и ќе му ги менувам, ама мислам дека ќе почниме со Памперс премиум како за добродојде а понатаму ќе менуваме Во однос на влажните и јас според мене што сум си користела Виолета мислам дека се подобри, ќе ги пробам уште Babylove па ќе видиме...
девојки ве молам за совет треба да се породам во јули и незнам што да купам од облека за бебето,по кратки или по долги ...за излез од болница и дома читам тука и за пелени и влажни,па и за козметика....најблиските ме советуваат првите 2 месеци да ја мачкам со јекодерм...
Кратки дефинитивно. Имај секогаш на долги спремно али јули е жешко и не е во ред бебе да се претоплува.
Покрај толку избор на козметика мислам дека е ноу сенс да се става јекодерм. Да во минатиот век сите мачкале тоа зошто не знаеле за подобро ама сега има толку избор на природна козметика. Разгледај веледа, мустела, еуцерин, уријаж. Во јули на кратки. Едит: влажни не користам, користам тото суви марамици ги топам со вода. Единствени влажни со добар состав се water wipes, но се 200 и кусур денари.
Каде да најдам алишта бр.50? По можност онлајн да е. Секаде се 0-3 или 56ки, огромни. Скорото купив од Картерс нешто ама не знаев дека бебе ќе е толкацко за да земев повеќе, ич неам алишта се и е големо.
На страната на krs.mk може да се нарача carter's. NB мислам дека се 50ки, можеш да избереш во филтри величина и ќе ти даде се што има на залиха во трите дуќани со тоа бројче. Малку им е спора страната, јас само еднаш имам правено нарачка онлајн ама може и да им се јавиш на телефон да им кажеш шифри, верувам дека ќе те услужат. Спојлер: Пример
Ако сакаш на Картерс можеш преку страната на Крш да нарачаш, само баш им е крш страната, многу спора е и нерви треба. Има и во Енци менци на Чико и на Карамел 50ки. Ако имаш некого да пратиш во Ваикики имаат комплетчиња за прематурчиња, со килограми им се означени бројчињата, со ок цени се.
Во стружанка имам купувано 50ки на ready мислам беше фирмата (српска фирма), органски памук, премеки и убави
Јас сакам да почнам со купување за бебе полека полека, ама не знам што да купам, термин ми е 21 август, па секој совет е добредојден