Да ве прашам. Кој омекнувач за бебе го препорачувате? Јас сега си користам орнел бебешки омекнувач и ми е убав. А нели треба и поубаво е алиштенцата за бебето на рака да се перат барем на почетокот, така?
не се препорачува омекнувач ама ако веке сакаш тогаш оној на Чико, на почетокот јас перев на раце зашто полесно ми беше, не се уклучува машина за малку алишта, а и лето дека па брзо се сушеа. ако имаш бебе програм на машината можеш да ги переш, потребно е само екстра плавење затоа и некои перат на раце .
Сега Бекутанот да, од еурофарм ради поени хаха, иначе може од било кај, на почетокот персил сензитив користев после тоа се префрлив на бекутан.
Nez zosto imate potreba od omeknuvac za bebeski alista, spored mene I prasokot za perenje so go koristam e premnogu hemija...
За оној омекшивачот што го спомнавте на чико прашав. Инаку да, и јас од еурофарм ќе земам се, од шишиња, цуцли, ноктарчиња,аспиратор за носе..павловичева, пелени..козметика... складирам поени.
Што помалку хемија. Прашак многу малце, омекнувач ич. Поминавме еден куп кожни лекари кога син ми беше новороденче поради проблемот со кожата. Сите тоа го кажаа. И тој прашак го ставав ми рекоа да го намалам.
Сакам да прашам колку тетра пелени се доволни за почеток? Имам список каде стои 20 тетра, ама некако како многу да се. Дали 10 би биле доволни за почеток? Исто така, кремата за брадвици како Пурелан или Мустела, дали може да се користат уште пред породување или стриктно после породување? Кoj течен детергент е соодветен за перење на алиштенцата? Исто ме интересира кога ги облакате бебушките дали ако облечете боди бенкица со долги ракави, под неа треба на бебуш да му се облече обично боди на бретели?
Ухх, зависи за кого како Нас ни дадоа на заем пресоблекувална со корито во комбинација на сталак, ама ни го земаа после 4 месеци. Кичмата ми знае како издржав после тоа. За наредно дете јас сигурно ќе купам. @MissDaisy доволни се 10 тетра. Јас ставав и широк повој, па пак имав само 10.
Сакам да прашам и за ова, дали кај нас може да се најдат памперс пелени за новороденчиња кои имаат засек баш кај папачето?
10 тетри се доволни. Кремата е многу густа и леплива не верувам дека ќе ти е потребна пред породување, секако меки се брадавиците тогаш.. Течен детергент користам Персил сензитив, едно време Бекутан 2во1 ама некако агресивен ми беше, ми избледеа дел од обоените алиштенца од него... Инаку бебуш моментално го облакам по боди со долги и одозгора уште еден слој, било шпилхозни или блузиче со панталончиња и чорапчиња. Кога ќе стопли со боди на кратки ракави или без ракав. Се зависи колку е температурата во собата...ние во периодов скоро ич не грееме..
Сакам да купам цуцли лажалки на авент. Дали има некоја разлика од тие што се 0-2 и 0-6 месеци, и кои се подобри за почеток. Мислам на обичните не тие како мечиња што се.
Јас имам од тие обичните две во пакување, од 0-6 месеци. Почнавме да ги користиме околу 7миот ден и одма ги прифати.
И јас сакав да земам од 0-6 меѓутоа во сите Еурофарм аптеки низ бт веќе неколку месеци има само плави( дискриминација ). Денес од обичните добија и розеви меѓутоа тие се од 0-2. Аптекарката ми рече дека нема некоја голема разлика од 0-2 и 0-6 и затоа малку ме збуни.
Јас тој истиот и за него го користев, сеуште и го користам преубав ми е секој бел орнел бебешки. Сум пробала и Чико и други ама тој ми е незаменлив. Ставав и прашак и омекнувач од сам старт, пеглам до ден денес се. Никогаш никаков проблем немал со кожата, секогаш била мека, мазна и нежна. Сепак не мислев да го тинтрам мн мн па после цел живот да го тинтрам, од старт омекнувач ставав баш со таа мисла. Моето бебе многу бљуцкаше, па немаше шанса се на рака да исперам (машина си е машина поубаво ке ги испереше повраќаниците). Дури и првото перење на сите алишта беше во машина, незнам кај се лутале тие алишта, а ко што машината ке ги испереше (бебешка програма со дополнително плакнење), јас на рака немаше
Ме интересира за шише на почеток. Дали да земам од 120мл или да си земам од 260мл. И дали е подобро пластично или стаклено?
Od zdravstveni pricini, staklenot imam citano deka e podobro. A za goleminata, neka pise nekoja iskusna mamicka.. no verojatno i dvete ke si najdat soodvetna primena .