Добро, нема да го возиш со количка од болница до дома сигурно. Доволно е боди по долги,панталончиња и шпихозни одозгора и плик ќебе или дебелко ќебе. Рачунај во болница е топло од врата излагаш и директно во топла кола го ставаш ќе го препотиш ако го облечеш потопло ќе го настинеш одма.
Апсолутно. Фала ти. Маж само што ми рече за на Копаоник го спремаш бебево директ од болница Јас сум многу зимурлива,се тресам уште од сега. И само измислувам како ќе му биде ладно на бебе
Рачунај јас бебе со транспортер на 3 месеци го шетав со боди по долги,хулахопки и скафандер ама ова за надвор ти зборам со снег паднат, бебето беше топло, а замисли од болноца во кола ќе почне да ти плаче од претопло што ќе му биде. И јас сум зимурлива зимно време обично дома седам не излагам за шетање ептен на работа и домА господ не ме вади
Со плик ќебе нема да можеш да го врзеш во транспортер. Доволно ти е само со дебело ќебенце да го покриеш и во кола ќе го тргнеш.
Бенкица, боди со кратки, капче, ракавички, шпикозни, ќебенце памучно, чорапчиња и сетче долни пантолончиња со горен дел на преклоп, тоа е сетот. Се мислам сега што да и облечам
Ако не си сигурна за колку слоеви, земи повеќе парчиња и дај им ги на сестрите, тие знаат колку да го облечат за излегување соодветно на времето надвор.
Јас исто купив сет за излегување од болница па како што испадна итен царски немав одвоено од дома што да земам па мм го донесе цел сет за излегување во украсна кутија па сестрата одбра , а инаку бебе е во август го облече во бенкичката, панталончињата и блуската, сега може да го облече во бодито, панталончињата, блуската, чорапчињата, земи ги и капчето, ракавичките и кебенцето за во транспортерот
@0ли фала ви на советот, така и ќе направам е сега да ми кажете тоа бенкичката во какви ситуации се користи и колку време?
Од оние бенкиците што немаат копчиња е? Јас ич бенкици не сум користела, само 2 мислам дека имав за поголемиот, но шарени и со копчиња беа и како блузички му ги облекував. Инаку од тие ептен како бебешки за под облека не сум користела ич, што ќе ти се.
Бело е, нема копчиња, се чудам викам како ќе држи, ни копче ни како врвци, ништо..и појма немав за што служи, спаѓаше во сетот. Изгледа имаш право, ова нема ни што да ми заврши работа, не ми е нешто функционално.
За ништо 2 сетчиња имав, скроз некорисна работа. Сега за излегување од болница, боди со куси или долги ако е ладно мн, шпикозни и ќебенце а ако е поладно може и скафандерче.
За по дома не ги користам воопшто , некако се мислам дека е ќе е голко бебето во нив, ама за на доктор првите контроли нив ги облекував бидејќи побрзо го облекував бебето таму
Јас земав 5 боди со долги 56ки имам 2 50ки зошто бебарко е долг нема ни да го соберат, 5 56ки панталончиња со ногавици, 5 шпихозни, чорапчиња, капчиња и ракавички имав како комплети, скафандерче можеш а и не мораш зошто нема да излегувате одма а ќе го надрасне до следно, 2 дебелини кебенца земав и вреќи за спиење..
@KikiKviki @Fenix05 И јас ќе бидам јануарска мама, ама по вторпат. - Од алишта ти требаат шпикозни со патент од горе до доле,така се практични за пресоблекување кое некогаш ќе биде и сред ноќ. - Ти требаат памучни ѕивриња со горно блузиче на закопчување, како комплетче а и немора да е комплет - Бодиња обични - Бенкици на копчиња што се отпетлуваат да не мора низ главата да оди туку само со местење на бебето.Полесно е вака. - Чорапчиња десетина пара. Не земај многу чорапи од најмалите оти одма ги одрастуваат. Јас ќе искористам од првото. - Од седатва за хигиена: козметики кои се со пх5.5, нежни кон кожата. - Када за капење, релаксатор, количка, транспортер. - Цуцли и шишиња.Стерилузатор јас никогаш не купив туку ги вриев 2 пати на ден во почетокот,потоа намалив со вриење. - прашок за перење.Јас го препорачувам нила бебешкиот и задоволна сум од него. - пумпа за одмолзување и ланолин за градите - влажни марамици,паловичева,пудра за газето - масло за теменици. Од фризи дерм од зегин што е го фалат. Ако испуштив нешто допишете.