Здраво, не знам дали сум на право место ќе ги перам алиштата од бебчо па да прашам. Ако се сушат во машина за сушење треба ли да се пеглаат? И дали на почеток се става во вреќа за спиење, да знам да не фрлам пари? Перниче дали се става и препорака за истото? Гнездо дали се исплаќа да се купи, мислам дали сте го користеле или е само за да фаќа место? Пелени дали требаат, не памперс, пелени? Препорака за аспираторче за нос.
Може ке испеглаш сега после кога ке дојде бебе нема да имаш време верувај, јас не пеглав алишта на бебе. Кој како сака така си прави, мене ми беше обврска плус. За перниче немаш потреба, моето спие во вреќа од 1 недела, пораат здравје. Гнездо имам го користев за дневни дремки у дневна ама дефинитивнонсе може и без тоа, се користи краток период и после ке фаќа само место. Пелени имам 7 се наоѓаат, да постелиш бебе кај што лежи, преку транпортерот и корпа на количка му ставав сонце да не му оди, кај нас топло дома многу па му префрлав до скоро кога спиеше преку ден тетра одозгора. Се наоѓаат прлените за се нешто.
2-3 пати ги пеглев и толку, ги сушам во машина. Пелени 2-3 имав докај 4 месеци ги користев па престанав. Аспираторче имам на бекутан.
Kolku go zema? Vo Wenice ima po 990 denari se istive. Kako swaddle pa posle kako vrekicka za spienje se otvaraat rakavite
Дали за новороденче можам да користам релаксатор? Имам гнездо за дневни дремки, имам креветче, дали да купам и релаксатор? Од која возраст на бебуш смеам да го ставам во релаксатор?
Во релаксатор мислам дека пораснаа моиве. Онака од постарите модели е, легнат е. И на нога ми беше погоден за нишкање. Рааат.
Девојки за пролетно бебе, (термин ми е средина на март) подобро е на долги ракави бодиња или мешано со кратки? Се мислам дека живеам на јужен дел ама не знам како ќе е времето..
Едното дете ми е март, другото ноември користиме бодиња на кратки. Земи си повеќе на кратки, рачунај за брзо ќе дојде лето така да ќе немаш потреба од долги
Подеднакво и кратки и долги. Родено е во јули,кога сакам да е по еден слој облека, а е посвежо го облекував со боди по долги. Еве цела есен дома седи само со боди по долги. За спиење исто,боди по долги и тенки тренерчиња.
Здраво дали ми фали нешто за новороденче? Имам креветче,количка со транспортер,алишта бодиња шпикозни се,2 тетра,1 пешкирче со капа,памперс,2кебенца(третото од кумашинката исто од нејзе и релаксатор),подарок ми зеле хранилка,коритце. Што ми фали се ми се чини нешто ко да фали?
-козметика за бебе -постелнина за во креветче -капче за надвор(ако сега зимата се раѓа) -две тетра се малце,земи барем уште 5-6 обавезно -и една бањарка е малце -лажичка за капки Можеш но и немораш -перница за доење -пумпа за тебе -ракавички за да не се гребе -аспиратор за носе
За постелнина имам еднп комплетче со оградица се доволно би било? ,пумпица имам,ракавички да,и едно како за стругање на ноктињата да не го сецнам,цуцла да. Фалааа виии многууууу
Повеќе чаршави , јас имав 4 за почеток и сите ги користев, често знаеше да пропушти пелената додека се научам како правилно да ги местам