Aj ke napisam ovde. Od dokumenti: brisevi, deka sum so gestaciski, primena inekcija za rh faktor izvestaj e sea maticnata mi rece i priska trebalo ama jas ne mozam da najdam. Da odam drzavna ke mi dadat izvestaj?
Priskata ako ja pravese na GAK treba da ja ima na mojtermin, i maticen moze da ja ispecati (maticen opst, maticen ginekolog ili maticen stomatolog)
Најдраги девојки, навистина ми треба некоја да ме упати. Сакам да направам листа за потребни работи за бебе. Ќе биде кај нас во спална, бидејќи живееме во двособен стан. Јас сум на бед рест ради скрстен сервикс и малце стравувам од предвремено породување. Ми треба некоја од вас да ми помогне да составам листа од сѐ што ми е потребно…од шкафче до најмала ситница… стварно сакам сѐ да му земам. Би ви била навистина благодарна п.с. Купив комплет мустела за новородоенче. Здравје треба да се породам до 22 март, тогаш ми е термин фала ви
Со сличен термин сме. Ние до сега количка земавме, креветче имаме само треба нов душек, релаксатор имаме исто. После празниците планирам да испазаруваме бодиња, шпикозни, чорапчиња, не знам ракавички, тетра пелени, обични, подлога за пресоблекување, шкафче, козметика за бебе, влажни, за мене во болница се шо треба за торба. Сигурно нешто испуштам...
Да се самоцитирам, сум испуштила пешкирче, када, ќебенце/вреќа за спиење, пумпа за одмолзување рачна планирам се мислам уште, шише и цуцла и лажливка, четка за коса, ноктарица, аспиратор и навлажнувач на воздух, постелнина за бебе.
Јас за јануари до сега имам ●Креветче(самото креветче има фиоки и рафтови не зимам шкафче) •За креветчето постелнина и оградица ●Количка со транспортер •релаксатор ●Кадичка •пешкирче •нивеа комплетче за бањање(шампонче,масло,сапун,пудра,крем) •памперс ●2 кебенциња ●Тетра пелени над 10 ●2 на летно боди ●Пижамки ●Шпикозни •со и без ногавички ●комплетчиња •долги ракавчиња ●Чорапчиња ●Лигавчиња ●капчиња ●пелени осмици( по потреба ја земав за секој случај за дупли повој) ●Вреќичка за спиење ●долни со ногавички ●и било штп за носење детско што ќе видиш ●чешелче ●имало и за папочната врвца за покривање при бањање(тоа треба да земам) ●цуцле ●шишенце(за почеток имам 1 затпа што на доење планирам) ●пумпица ○да ме убиеш името не ми текнува оноа за виење на шишенца ●За ноктарица јас земав оноа како турпија на батерии мала ●влажни ●улошки и мрежести гаќи за тебе
Sto e toa za papoceto za pokrivanje? I turpija od kade zede ako si od sk, gledam po prodavnicite nemaat pa da poracam online. Kebenca imaa na popust hello baby od onie debelite pogolemi sto se za 600 den ako eventualno vi treba dr.
Inace planirate navlaznuvac za vozduh da zemite? Nie sme so klima ama pa tolku pari ne mi se davaat od sega ako nema potreba. Ili kazete nekoja poevtina varijanta.
Турпија уште на почетокот нарачав пд алиекспрес ама имаш исти на инста babymaybe.mk За папучето свекрва ми рече се продавале како лепенки како газички ли врска немам нешто така и се лепат околу папочето за да не го намокриш. За наблажнувач ние исто на клима од комодита имаме малиот за една соба а и викаат дека можеш вода во чаша да оставаш во собата ќе праи баланс некој
Од комодита имате навлажнувачи за 1900 мислам беше, ние земавме најмногу за бебо и во сетек да видите има ефтини навлажнувачи.
Kumbsov test treba pri poragaj? I nego ne mozam da go najdam. Imam izvestaj deka treba i deka primav inekcija.
Mene sega na patoloska koga me zadrzaa i mislea ke me poragjaat (t.e. prethodno vo predrodilna me primija pa me premestija) samo krvna grupa mi pobaraa, a Coombs-ov ne. Mi kazaa ne im treba, koga ke se rodi bebeto ako e Rh+ ke me bocnat. (Ova za na GAK) @Besbes24
Здраво, подготовките за новороденче течат па со нив и многу дилеми Дали некој може да ме упати која е разликата од пелените на Pampers - active baby, premium care, harmony гледам од сите постојат за новороденче од 2-5 кг но не знам која е разликата какви да земам. Исто така за козметика се мислам помеѓу Uriage и Биодерма но не знам дали биодерма линијата се користи само за бебиња со проблеми дерматит на кожата кога имаат или може секое бебе да ја користи?
Види има тема детска козметика баш сега пишевме таму, јас препорачувам Веледа за бебе ако нема проблем со сува кожа. Пелени земи си за почеток бабу лове од ДМ.
Тоа за покривање папок не ти треба. Бар во Систина не викаат дека не треба да се влажни папокот. Пижами за новороденче ќе ти биде комплицирано за облакање, шпихозни земи повеќе. пумпа за молзење млеко трчав да купам после пораѓај. Зошто нивеа комплет? Носе Фрида аспираторче за нос ти фали се надевам не се лутиш што ти се вмешав во списокот Да треба многу навлажнувач и помага и кога се болни. Биодерма може да користат сите. Премиум памперс се помеки.