Многу голем список имаш Шведски тетри за повивање не ти требаат. Ако планираш гнездо да купиш, едно креветче ти е и повеќе од доволно Ние гнездото максимално го искористивме, а креветчето го користевме до 4,5 месец сега сза украс ни е Држач за цуцли не ти треба уште од сега. Ок е да имаш 1,2 цуцли ама може и да не ти фати цуцла па не давај пари пред време. За кенгур ти е релативно рано можеш и понатака да земеш тоа. Во однос на доењето, мој совет да не купуваш ништо пред време. Ако се мачиш со млеко може ќе ти треба поубава електрична пумпа. Ако имаш многу и рачна ќе ти заврши работа. Колектор за колострум јас не би земала, а бубамари понатака ако има потреба. Кеси за млеко исто не би земала од одма. За бејбипруф ти е ееептен рано Со лесно!
Да, некои од работите се за подоцна, на пример хранилка ќе добијам на подарок од старосватицата. Но сепак е во списокот. Транспортно креветче ќе ми треба за кај моите и за на викендица. Тоа исто така ќе го добијам на подарок од другарки две. Инаку креветчето Next to me е за до 6м а потоа ќе го монтираме дрвеното креветче кое кумовите се понудија да ни го купат. Релаксатор немам во списокот бидејќи во околинава моја на пријателиве ниедно дете не сакаше да седи па реков ниту ќе го запишам ниту купам.
Зошто шведски не? Планирам широк повој да ја повивам. Гнездото мислев за во дневна да си лежи во него на гарнитурата. Цуцли две (така беа во паковање) земав да имам, точно, не се знае дали ќе сака да фати воопшто, но 200ден беа не беа некоја скапа ставка и да седат џабе. Ќе ги дадам некому. Пумпата исто така чинеше 3$ и таа да не ја употребам нека.. овде во Хака буквално истата е 1500. Инаку да, некои работи на списокот се за понатака ако има потреба, но ги запишав да не изумам.
Широк повој нема потреба. Нема штета ако не те мрзи да ставаш, ама освен ако детето нема конкретен проблем не е неопходно, плус обичните пелени доволно ги шират ноџињата.
Самиот памперс е широк повој и доволен за бебето. Ако има развиени колкови нема потреба од широк повој. Ако нема ортопед ќе ви даде насоки што понатака, дали специјални гаќички или нешто друго.
Посетував курс за психофизичка подготовка на трудници, во ЗдравоБебе центар кај Јасна која широкиот повој ни го демонстрираше и тој се состои од 1 памперс, 1 тетра пелена и 1 шведска пелена. Истото и мајка ми ми го покажа од времето. Да не ја вртам темата во друга насока, јас само го споделив мојот список ако некому се најде од помош супер.
Баш чудно што Јасна презентирала широк повој. Таа и Драгана ми ги следат 2 деца од раѓање и никогаш не спомнале широк повој.
Ни кажа дека сѐ повеќе ортопедите се навраќале на препорака да се практикува широк повој во последниве 2-3 години по она што го воочувале на прегледите особено кај женските деца.
Кај мене се роди предвремено бебето и додека не достигна одредена тежина не ни помислував на широк повој, едноставно преголемо оптоварување ќе беше за неа. А потоа поедноставно ми беше со овие, бар неколку недели што ставивме. https://www.freeon.mk/product/bubaba-пелена-за-широк-повој/ Тетри 20 се може и многу. Бејби џим, бар на моево до кај 2 месечна возраст не му беше ни интересно. Џабе ја ставав, не перцепираше ништо наоколу. Тек после тоа. А може плус и на подарок ќе добиеш. Креветчиња и јас мислам 3 се многу и Next to me и дрвено и транпортно. Ама нели вие си знаете дали имате потреба. Јас искрено на подарок добив дрвено, од овој аспект не би купила никогаш. Од кога научи бебе да се исправа само очекувам да се повреди во скокање на него.
Бебето ако има проблеми со колкчињата, широкиот повој нема да е решението. Плус денешните пелени ги држат ножињата раширени исто како широк повој. Не знам дали некаде во друга земја ортопедите го препорачуваат.
Од времето да, тоа го правеле. И мене ме замараа старите зошто не ставам широк повој. Ако не дај боже има проблем ортопед ќе ви даде насоки. На своја рака не би ставала. Ама секако вие си знаете
На ехо бевме пред 4 дена со второво, на 5+месеци, машко, супер му се јадренцата оформени нема потреба повеќе да идите на контрола и не треба широк повој, и викам на докторката јас воопшто не му ставав, епа добро рече на првото исто машко ставав само до 40 дена, после тргнав исто во ред му беа до 5,6 месеци јадренцата.
Девојки терминот ми е средина на мај, прва бременост па претпоставувате немам поима што и колку е доволно. тој период е некако премин од ладно во топло башка лани и мај и јуни беше врнежливо па не знам што и колку да купувам од страна на облека. Веќе имам нешто купено 7-8 шпикозни, 14 бодиња на кратки ракави и неколку комплетчиња панталонки со блузички
Ептен ми беше мерак дека прво и почнав облека така по нешто да купувам после нова година до прва треба да се купува од покрупните ствари ама имаме време здравје 7ми 8ми месец ќе се спремаме
Од каде купувате тетра пелени? И која цена се? Би сакала по можност да не се скрос бели туку во боја или бела со некоја шара