Мајки голем поздрав, проверувам што сѐ ми треба од козметика за бебе, моментално имам купено ова. Се мислам да купам за пеленска регија на фрезидерм кремот со невен, цинк и пантенол. Или препорачајте што ми недостига? Јекодерм? Фала ви
За пеленска регија топла препорака за Веледа кремот за пеленска регија исто е на база на невен. Малку се става пошто е густ и многу долго трае. Кремите со цинк остави ги ако се појави некакво црвенило па тогаш да се третира со нив. Јекодерм, второ дете имам уште не сфатив за што се користи.
Јас користам јекодерм од раѓање, многу ретко мачкам од мустела млекото. Го мачкам секој ден после бањање цело тело и лице. За пеленска регија користам судокрем. Презадоволна сум кожата му е свила.
Кога веќе си земал мустела земи и витаминската за пеленска регија. И јас така почнав, за на крај ништо да не одговара. И Веледа имам и од тоа ми прави осипи… Ама од нив други се фалат. Ако нема проблематична кожа.
И јас јекодерм нз зошто на сите на список му е, и пред 5 год од тука од списоци купив за првото дете и така ми остана, сега воопшто не купив. Бебево 6 месеци е досега на лице и тело не е мачкано воопшто со ништо, апсолутно ништо, користам само Веледа за капење и Веледа за пеленска регија по потреба, кога беше потпарено користев судокрем па потоа Флогоцид кој не го менувам за ништо ако пак се јави пеленски осип. Мој совет не купувајте мн козметика бидејки ако не одговара треба друга. Првото ми имаше атопичен дерматит па него дури и кортико го мачкав бидејќи имаше страшни егземи.. Со него биодерма користев и користам 5 години.
Мене матичната ми рече јекодерм и патронажната сестра исто, јас го мачкам секој ден после бањање, за газето судокрем користам, прво павловичева оригиналната ама му се направи црвено оваа сеа ни е супер.
Мајки За излегување од болница какво ќебенце да земам? Видов во бебе хоум. Дали мислите ова дека ќе заврши работа, после и за понатаму? Дај боже, ако сѐ е во ред треба во март да се породам. https://bebehome.mk/product/vibboo-кебенце-95х75-карс/ Дали ми треба аспиратор, цуцла и шишенца од сега? Да споделите? За цуцли ми ги препорачаа анатомските на чико и на бибс. Дали ми треба вреќа за спиење? Суадл ќе земам посекако. Дали да земам перница за доење или да почекам да видам како ќе е сѐ? фала ви
За ќебето , имам и јас вакво .. Тенкичко е , а Март знае да биде и ладен така да купи си и подебело. Цуцла и шишенца си купив пред да се породам , аспиратор после тоа . Вреќа за спиење не користам. Перница за доење се мислев кога се вратив од болница да земам , пошо таму све на такви не учеа да доиме , ама не земав , дојам на обична перница сеуште .
Друго ќебенце секако ќе земам, ама мислев за излегување од болница за над транспортерот. Не знам што се става всушност
Ако мислиш над транспортерот за бебето да лежи на него ако ти е шубе така , можеш тетра пелена да ставиш Ама со каишите незнам ни тоа колку е возможно бидејќи ќе треба да го врзеш а ќе сметаат и тетрата и ќебенцето
Каква кадичка за бањање имате земено, да ми дадете предлог? не сакам од тие малите што ќе ја користам само на почеток. Плус што е подобро за внатре мрежа или анатомско столче?
Јас сунѓер ставам ,иста големина како кадата. Си лежи на него и баш ми е погоден за бањање да можам со двете раце да ја фатам. Од веро е купен. Кадата ми е обична, пластична.
Земи Малтекс ги има во Локо Кроко, големи се доста. Мрежата е најпрактично нешто што постои, си лежи бебе без пробем. Имав и такво пластично, без врска е, еднаш пробав, па си се вратив на мрежата.