Od loco croco mnogu mi e ubava Nigarkite se vadat i koga nema da se koristi ke gi stavam se vnatre vo kadata zaedno so kofata, sadot za polevanje i mrezata
Во ЗЕГИН ОНЛИНЕ има 10% попуст на сите бебешки и детски работи само денес , и со сметка од 1500ден е бесплатна доставата Можеби на некоја мајка ќе и биде од корист информацијата
Мајки голем поздрав среќен осми март Сакав да се посоветувам со вас за што да му облечам на бебушот за излегување од болница овој период? Имам закажан царски за следна недела. Имам комплет бенкиче, блуза со долги и како горно со патент, чорапчиња и капа и мислев одозгора да го покријам со ќебенце, ама страв ми е да не е малце??
Таман ти е. На 25ти февруари исто така облечено го изнесов од болница. Општо води се по правилото еден слој плус од тебе, додека не дојдат ептен топли температури па голо да може да седи
Дали купувавте стерилизатор за шишиња? Дали стварно е потребен? И ако да кој да го земам? Правам список што ќе ми биде потребно за новороденче, прво бебе ќе ми биде па да каже некој поискусен
Ако доиш нема потреба од стерилизатор е ако е на ад тогаш за да си олесниш можеш да купиш стелиризатор иначе можеш и да ги вријаш во тенџере јас имам на чико и добар е.
Купивме поголема кадичка од 100цм со цел да ја користиме што подолго, е сега дали знаете каде можам да најдам мрежа за кадичка со таа димензија?
Само ако бебето е на АД. Сега еве го дојам второто, плус собирам млеко со пумпа за понекогаш да се храни со шише, за една пумпа и едно шише во денот не треба стерилизатор, во мало тенџере ги чистам со врела вода.
Баш прашав во енци менци дека кадичката е од таму земена кажаа моментално немаат, ќе проверам во локо кроко
Може некој да ми напише се што е потребно за новороденче во мојот случај се оди плус две освен неекои работи. Кои можат да ги користат заедно. ОдамнА беше синко бебе па се имам заборавено.
Мајки здраво, денес излегуваме од болница. Чекам да се видам со педијатар да ми даде насоки. Ми дојде млеко, но почна да цица и убаво влече со силиконската на медела, бебуш изгуби 100 гр од раѓање, но е помал- 2700. Што ми треба да земам? Шишиња? Дали Калма на медела за првиве денови е доволна? Не знам редов како ќе го фатиме, многу ми фуфка
Zdravo majki Termin mi e kraj na mart Imam kupeno 50 i 56 bodi na dolgi i spigozni Ziveam vo skopje Dali kje mu bide pretoplo so bodi na dolgi?
и мене во мај ми е термин прелаз од посвежо во потопло а кој знае може и порано ќе се породам и не знаев што да зимам од облека така да земав шпикозни 12, боди на долги 8, на кратки околу 20, на прерамки 10, комплетчиња 10, како шпикознички со краток ракав и кратки ногавички 5 и само панталончиња 5. Лигафки, капчиња, чорапчиња и тоа е од страна на облека. Не знам дали е многу или малку, сите ми викаа да не зимам многу ама прва бременост и мерак Некој нека ме дополни ако имам испуштено нешто а мисли дека ќе ми е потребно.
Ајде уште малку ќе ни дојде и на нас ред Шпикозни зимав од hello baby (продавница имаат во близина на веро џамбо и на инста се hellobaby.mk) и од loco croco. Бодиња на кратки и долги порачав од tiny baby shop имаат роба од primark и george, премек е памукот и плус од локалните бутици во мојот град.