Ajde ke razgledam vo hellobaby, sekoj den pominuvam od tuka so kola ama nemam vlezeno. I jas imam nekolku od loco croco ubav izgleda materijalot.
Моите и двете се зимски деца. Боди на долги под шпикозни за дома не сум им облекувала, може некогаш за шетање надвор само. Дома ако носеле боди на долги било само тоа, без плус слој над него.
A doma ako nosi bodi na dolgi, togas na nozete samo dolni pantaloni ili holahopki taka? Neznam kaj prodavaat samo pantaloni
Kaj nas doma so parno e pretoplo na zima so otvoreni prozori sedime Na prolet i esen nema parno i mozam da kazam za stepen e poladno
Да, надолу само панталони или без ништо . Топло ни е дома и често беа облечени само по боди. Панталончиња или сум користела од некои дводелни сетови или посебно сум купувала од Ваикики, Зара, Х&М, Стружанка… секаде можеш да најдеш. Хулахопки на машкото облеков еднаш за шетање надвор на минус, на женското само со фустанче.
И ние сме со парно дома. Многу е лесно да претоплиш бебе, немаат развиено терморегулација кога се мали.
Здраво, ако може мала помош,од некој поискусен Треба да се породам крај на Мај,што би ми требало за бебенце? Ви благодарам
Мерак ми е да нарачам нешто за бебе. Здравје во август ќе се роди, гледам нешто по кратки, нешто по долги. Дали 0-3 е таман?
Марамке земи си и бројче 50 акп сакаш, но повеќе 56ки. 50ките брзо ги израснуваат, јас колку имав изнакупено па дали 2 пати му ги облеков. 0-3 е 56ка ако не се лажам така?
0-3 секако ќе му биде таман во одреден период, а кога зависи колкаво ќе се роди бебето. Ако е со просечна тежина ептен на почеток ќе му биде големко. Ама па може и за брзо да му стане таман 0-3 на некои фирми е 56, на некои е 62 и тоа запази го.
Не знам кој број на кој месец одговара. До сега за деца кога сум купувала од око сум купувала ама на веќе родени и видени Ние сме мали, не очекувам дека кој знае колкаво дете ќе родам.
50 ки земи неколку да не е како во позајмени Останатото може 56ки, за првите 2-3 месеци ќе ги носи 56ките.
50 купи си по кратки ракавчиња, земи некое по долги 1-2 по долги во случај да залади. Другото земи 56ки.
Бројките се должината на бебето. 50ка се за 0мес, 56 се 0-3, 62 се 3-6 итн на секои 6см. Ако фамилијарно сте високи луге, слободно земај најмногу од 56 и нагоре. 50ки ептен се првите 2 недели и тоа на помали бебиња. Првото дете ми се роди 49см, и носеше 50ки цел месец. Второво ми е родено 52см, и веќе на 2ипол недели носи 56ки.
Dali bi sakale da spodelite iskustva so koristenje baby phone? Kolku e korisno? Dali imate nekoi modeli koi bi gi preporachale?
Млеко / Масло за тело, Гел за туширање/шампон, крема за газето, Препорачани како најдобра козметика се Еуцерин, мустела, weleda, Hipp.