Со што ги покривате летните бебиња навечер? Во јуни треба да се породам ама не сум сигурна какво ќебе да купам за навечер. Денски ако е топло со тетра пелена претпоставувам.?
Мајки, какви кадички за капење користите? Јас ја меркам оваа, ми изгледа практична дека бепче може да си лежи, без да се грижам како го фаќам додека го капам: https://twistshake.com/en/p/bath-kit-2 ама, ми искоментираа дека оваа била подобра за кичма: https://twistshake.com/en/p/luxury-bath-kit Што мислите?
Од овие двете подобар избор ти е втората, за да можеш станата да го бањаш. Е од искуство со првата каде купив ваква мала кадичка барам и оваа така ми делува на слика можам да ти кажам дека не се практични и после еден месец морав да купувам нова. Гледај поголемка да ти биде од искуство ти кажувам.
Ако е топло може и со ништо, навечер тенка вреќичка за спиење, на почеток и swaddle користев ама малку.
Мали ти се овие кадички, земи си поголема. Имаш да си купиш дополнително мрежа за закачување за секоја кадичка за да си лежи бебе да не ги држиш.
Какви пелени да почнам да користам за девојче бебе од старт? Која големина, 0 или 1 или 2? Од кои сте најзадоволни да речам за нежна, бебешка, женска кожа? Да почнам да си купувам со време.
0 е за многу мали бебиња, најчесто прематурчиња. Земи си едно пакување 1ца, па после ќе видиш откако ќе се роди бебе. Јас искористив само 1 пакување 1ци и од втората недела веќе користев 2ка.
Papmpers premium 1 користев. Мислам дека полот нема врска со какви пелени ке користите, и кај машките бебиња е нежна кожата
Јас и со прво и второ демек со памперс премиум и двајцата лом се направија во газињата... особено второто, едвај ја опраив. Е сега одамна беше, сигурно имаат нешто променето.. ама тогаш се префрлив со малата на Бејбилов од Дм и супер ни неа. Може за третово со тие од Дм да почнам...
Во болница му ставаа кан бебе и немаше никаква реакција. Дома користев хагис но во последно време никаде ги нема на залиха. Па се префрлив на памперс премиум 2, моментално е на памперс актив и за ништо не би ги менувала. Имам пробано првиот месец и бејби лино и тие се супер. Бејби лав земав едно пакување и никогаш повеќе.. така мирисаа откако ќе мокреше бебето што мирисот се префрлаше во неговите алишта. Членките од тука ги имаат доста фалено од стокомак Био Биа пелените можеш и тие да ги пробаш. Sleepy имам добиено на поклон и тие не се лоши но јас лично не би ги купила. Сепак памперс си се памперс Види според тежината јас почнав со 1 користев две пакувања ( отприлика една недела) и се префлив на 2ка. Ако се роди околу 3 кила земи 2ка. земи едно пакување до две за почеток чисто да пробаш, секое бебе е различно тоа што кај моето бебе било супер може кај твоето да направи реакција. Затоа не зимај количински ако одговараат ќе земеш повеќе. Ако не ќе менуваш додека не најдеш. И ни дадоа од болница Becutan и Lody уште седат така. Можам да кажам најлоши пелени хахах
Девојки, first time mom тука и баш сум во паника дали имам доволно ствари, ќе ви го испратам списочето, доколку нешто ми фали ве молам пишете да докупам 1. Шпикозни 7 пара 0-3 големина 2. 4 боди со долги 0-3 големина 3. 5 боди на кратки 0-3 големина 4. 4 комплетчиња 0-3 големина со блузичка, пантолончиња, капче и лигавче 5. 5 пара чорапчиња 6. 5 лигавчиња 7. 10 тетра пелени 8. 3 пара нараквичиња 9. 2 крпи за капење 10. 2 кебенца Беба треба да се роди почеток на Јуни, но не сум од Скопје и тука вечерите дури и на лето се ладни.
Dolni delovi 2 56 ✅ 7 bodinja kratki 50 ✅ 2 bodinja kratki 56 ✅ 5 bodinja kratki 62 ✅ 2 bodinja dolgi 62 ✅ Da dokupam: Tetra peleni 6? 3 spihozni dolgi 62? Dolni delovi pogolemi? Дали е ова доволно за почеток? Или е премалку/премногу? термин ми е 9 август, ми викаат не купувај мн долги делови претопло е..ама сепак е бебе, што знам
62 ki за новородонче се баш големи 50 ки се кнап ептен август не ти требаат бодиња на долги.Тие за понатака.
Термин ми е средина јули и имам земено 7 боди кратки 0-3 3 боди долги 0-3 5 шпикозни 0-3 3 шпикозни 3-6 6 хеланчиња, 3 се 0-3, 3 се 3-6 Бањарче 5пара чорапки 2 ракавички 4 лигавчиња 4 траки за главче 2 тенки капчиња 3 тетра тенки (како газа што се), 2 подебели 1 муслин прекривка 1 тенко кебенце Во зависност колкаво ќе се роди бебо но сепак мислам дека за 62 е сепак за бебо големи, шпикозни се за спиење па мислам дека 3 се малку ќе бљуцне ќе треба да смениш па земи уште 3-4
И јас сум јули. Треба ли воопшто капче со оглед на тоа што ќе е топло? Јас па се планирав големина 3-6 месеци. Да земам значи и 0-3 месеци нешто да не плива во облеката
Можеби ако излегуваш ке ти треба ,жешко ке биде ,ама за дома не .Ама па и капче на таа жештина ,шознам... Мене ми рекоа и за капче и за ракавици никако по дома. А ракавици и надвор јули месец ,топло е нема потреба. Земи си 0-3 за почеток повеќе .