Логиката за обчлекување бебе е како што сте вие облечени. Во зима еден слој плус може. Лето не баш зашто немаат терморегулација и може да се претоплат што може да е многу опасно. Имајте спремно летна варијанта и ако треба нешто за покривање и толку. Или евентуално нешто памучно со долги ракави ако е поладничко дента.
Мајки во која недела од бременоста ги исперивте и испеглавте алиштата од бебето? И си ја спремивте торбицата за во болница?
Јас во 36та, а се породив во 42ра. Во 35та ми рекоа дека ќе се породам кај и да е, а се породив дури 42ра. Некако нема некое правило. Ако се решиш порано да спремиш се може да го надносиш, ако се решиш покасно може порано да се породиш. Кога ќе чувствуваш дека треба да се спремиш тогаш. Да не ти е на премисла.
Ја осеќав дека нема да се породам на термин па му ги исправ 38 недела а во 39 куоив за излагање во болница.... нема правила. Како се чивствуваш
Сега сум 30+4 ама незнам зошто секој дневно постојано мислам на тоа да се спремам. Сакам до 34 недела се да ми е спремано. Мм работи цел ден немам со кој да појдам да до купам што ми треба т.е имам само алишта купено Треба креветче, козметика, термометри, боди на кратки ракави, копанче за капење, релаксатор, гардероб мал, нешто за мене... Количка мајка ми ќе купи по 2-3 недели. Можеби за тоа ме фаќа некоја паника да не не се спремиме на време
Јас бодички и облека купував од 3 месец, а поголемите работи количка и кревртче во 30 недела. Козметика и коритце купив сега во 36 недела, заедно со памперс, капки, се што беше во списокот за новороденче. Почнав да ги перам и пеглам аливчињата, подобро навреме се да биде спремно
И јас еве во 35 недела сум спремна се уште да купам пелени ми фалат. Де ми е испрано,тргнато на страна тоа што треба за болница за бебе, уште за мене да спремам. Уште малечката ни фали и конечно да се одлучиме за името
Баш денес те помислив да не си породена, те немаше 2 дена. Ајде со лесно да ти биде Јас си велам до 34 недела се ќе спремам, некако паника ме фаќа случајно да не не фати синко не спремни, незнам зошто мислам така Инаку за име ние си имаме од старт
Не може да не се спремите на време, може точно само на време да се спремите, баш кога ќе треба Не знам дали ти е прво, обично така за прво сме попаничарки, како и јас што бев ама сфатив дека немало потреба од тоа. Може да има значење претчувството кога ќе се породиш, ама не секогаш може да биде точно. Така да олабави си се, се ќе биде во ред. Изнакупив јас работи брзајќи, па сега не ги ни користам.
Да прво бебенце ми е. И ете само тоа ми е во мисла да се купи се што треба. Инаку за претчувство немам некое така силно, некогаш си велам сигурно до термин ќе терам, некогаш си велам па може и порано да биди. Инаку за купување ќе купувам тоа што ми е најпотребно за новороденче. Од облека имам нешто и поголемо купено, и помали боди ама треба и на кратки некое комплетче да има.
Викаат ако е машко до термин и нешто +, искрено не верувам многу на такви искази,ама ете и кај мене се покажа точно, ја се породив 40+5 а можев да терам и уште. Како и да е, ќе се спремиш сигурно и со лесно
Женски ајде мала помош. Треба да се породам во Септември и планирам се по долги ракави да земам. Од до сега тоа што го купив од Стружанка и Тритекс земав 56 број ама ептен ср разликуваат во големина. Тритекс ептен ми изгледаат мали Не знам ни боди за под шпихозни кое бројче да земам. Некои викаат 56ки не ни облекле. Што мислите?
Ние носевме и 50 бројче во првите месец дена.Сега ми е жал што не купив повеќе поамли бројчиња како пропаднато беше во се што беше 56 барем првите недели. Не беше ситно бебе, со просечна тежина и висина се роди и изгледаше во споредба со бебетоп на цимерката малку покрупно а беа 10 грама разлика. За Септември не би земала се со долги ракави. Кај бебе е потребно да не се претоплува зашто нема терморегулација. Како што ќе бидеш ти облечена така и тоа со плус еден слој евентуално. Така што боди дефинитивно со кратки или прерамки а потоа тенки памучни шпилхозни можеш или ако е топло и нешто со кратки и чорапчиња.
Maми, дали може да постирате какви кадички имаат вашите, со каква подлога . Гледавме во енци менци, имаа со тврда пластична подлога и со сунѓер. Некако не ми се зема со пластична подлога..... И незнам дали има др. тема, сакам да прашам што се ми треба за новороденче? Од искуство. Алишта, бањарчиња, постелнини тоа не, туку колку шишенца, дали треба адаптирано млекце, пелени, да бидеме спремни. Козметика каква купувате? Мустела ок е?
Инаку козметика користам или мустела или веледа, што има од тие две во аптека. според мене се најдобри.
Сеедно каква кадичка ќе земеш, за во пластична ќе му свиткаш тетра пелена под глава и нема гајле. И така првите месец-два полесно е да се бања во рака, без да лежи. Шишиња и адаптирано може ич да не ти требаат. Јас земав само едно стаклено за секој случај, кое ич не го користевме. Доени деца може ич да не фатат цуцла, еве јас имам такво искуство. Адаптирано немаш потреба да фрлаш пари. Во случај ако затреба ќе ти купи некој. Козметика кој како си сака, и според џебот. Јас го препорачувам шампонот на Хип, а за тело и газе првите месеци користев Павловичева оригинал и никогаш немала пеленски осип. Значи има и евтини препарати кои ептен добро вршат работа. Пелени земи си само едно пакетче на почеток. Може ќе има потреба брзо да се префрлите на поголемо бројче.