Мила јас ова го купив за на другарка бебуш, абе кога и да се шетаа само ова му го облекуваше, многу е практично и многу кјут. Здравје да го донесат пак во Зара ќе му го порачам и на синко секако.
Сега кај и да е ќе донесат, нека претера Август и секако ќе почнат да ги носат веќе зимните алиштенца.
Точно знам за кое збориш. Јас од сестра ми имам слично како членката што постирала, необлечено. Ама ако го начекам од зара и тоа ќе го нарачам.
А што бројки зимате вака за бодиња на почеток. 56ки секаде кај што гледав се од 0-1, а 62ки од 1-3 месеци. Ме буни ова. 62ка па на H&M е од 2-4 месеци.. и сеа што е најубаво да земам за почеток? Да напоменам дека сме доста големи и високи си маж ми.
Pogolemi zemi si Mislam 56kite da ne bea za epten mali bebenca,so se pred vreme rodeni..62ki poarno Ne znam se sum zaboravila i jas,ne mi teknuva ich so sum kupuvala za prvoto,ama znam deka pogolemi kupuvav sekogas,oti odma rastat
Јас зедов 0-3м од Waikiki со прерамчиња за под шпихозни, таман за на зима, и со кратки ракави за кога ќе затопли на пролет 3-6м, ама планирам уште да земам 0-3, може и со долги, да си ги носи како блузички со хеланчиња за дома оти топло е сепак.
Зависи колку ќе се роди бебето. Кај моите и кај двете 50ка им беа големи оти се родија по 2.5кг. Чим сте големи со маж ти земи си неколку 56ки за почеток
Мила, 56ки колку што разбрав од мајки се од 0-3, може тие и на новороденче да му бидат големи, не па 62ка. Сѐ зависи како ќе се роде, нели. Ама мислам колку и да сте големи вие со маж ви не ми се верува дека на новороденче ќе му бидат мали 56ки, еве нека ме поправат искусните ако грешам. Мене ме советуваа да почнам со 56ка па ќе видеме натака како ќе ги нарасни.
56ка за почетокот. Моето прематурче 50ки носеше повеќе од месец, а 56ки некаде до 2,5 месеци. Во секој случај ќе "плива" во 62ки од старт. Освен нели ако не е бебе од 4+кг родено.
Јас веќе земав 62ки некои, доста мали беа. Од 1-3 пишува на нив ништо ќе земам следно 56ки. Добро што е зимско ќе ги износи.
Јас и маж ми сме високи. Јас сега за сега најмногу се изнакупував 62ки, ама планирам да земам и 56ки. Ќе видиме како ќе биде до крај со развојот на бебо, тоа уште сега ми е покрупно исто како мене, ама со намера сум 50ки да не купувам. Плус не знам дали е до мене, ама многу ретко се наоѓаат помали од 56. Планирам првите денови/месец да го облекувам во 56ки макар и поголемки да му се, и онака ќе бидеме дома не ми е многу важно да е скроз точна големината. Ако се роди рецимо 52, тука негде предвидувам, 56ка мислам е таман. Ќе ставам тука во темата и список што сме зеле до крај ако сакаш да се споредиме пошо и двете сме со зимско бебе.
50ки јас од Картерс земав, newborn им е ознаката. Ќерка ми се роди 3400, 3200 кога си одевме и комплетот малку беше широк. За второво ќе земам пак мали, се носат по 2,3 недели, а баш е битно да е таман облеката, да не му е ладно ако се прешироки.
Може да, кога ти е тебе термин? Мене во ноември при крај. Дека некако стварно премали се 62киве онака шише од кока кола. Земав јас една 56ка, за 1 месец пишува на нејзе. Нарачав и нешто од Зара, исто 56ки. Здравје септември и октомври уште нешто и тоа ќе е тоа. Може и имаат врска брендовиве. Бебка и сеа е понапредна за недела дена. Ама пак и маж ми многу голем е роден 56см. 4ри и нешто. Така да не знам стварно.
Јас си размислував просечно новороденче е околу 50cm, таман дури поминат 1-2 месеци ќе порасни уште 6cm и веќе може да се земаат и 62ки, ама овие што ги земав од 0-3 мислам 56ки се. Јас сум родена 50cm, а и женските деца помали се раѓаат, така да за женско мислам за почеток 0-3 е таман, а од 0-1 според мене се мали оти се 50ки.
Дефинитивно имаат врска брендовите. Локални продавничиња обично имаат турски памук и некако многу помали ми изгледаат од другите. Зара приметив дека бодињата им почнуваат од 56ка, мислам дека и H&M исто 56ка барем помали не сум видела. Мене термин ми е 31 декември , баш happy new year бебенце. Моево исто е понапред 5 дена од сам почеток, сестра ми лани во септември го роди 52цм, а поситна е од мене. Затоа си викам ќе видиме до крај како ќе го мерат, ако случајно е малецко ќе земам и 50ки. Сега за сега 56, 62 и по нешто земав и 68 што начекав со солиден попуст. А комплетчиња нешто земаш? Јас само две имам од 0-3, едното не пишува сантиметри и тоа поклон ми е, а другото е 56 и тоа сакам за изнесување од болница. Повеќе не планирам да земам зошто сигурна сум дека ќе остане неискористено. Според терминов, боди по долги и шпихозни 56ки неколку, боди по долги и кратки и шпихозни 62ки исто неколку, чорапчиња, капчиња, скафандерче и добри сме.