Нема да се мали 56ки за новороденче. Моето се роди над 4 кила, па не му беа мали. За бебе од 3 кила и големи ќе бидат. Може личат мали алиштата, ама па бебињата се уште помалечки Што знам, јас не сум сакала бебе да ми плива во облека, па макар и за дома само било.
Па и јас тоа си викам, да не останат необлечени. Иначе 50ки како што читам е ептен мали бебиња. Ама ќе земам нешто и 56ки, пошо доста земав 62ки, али па ќе ги изнаностат 62ки, реално цела зима ќе е пред нас, боди се повеќето. Иначе немам земено комплетчиња. Само едно од Зара нарачав и тоа од 3-6 хахаа пошо многу ми се свиѓаше, па за понатака. Вака сеа за сеа се што земав е скоро и складно да може да се комбинира со се. Али шпикозни само едни имам земено, 56ка се за искачање од болница. Ама ќе земам нешто 56ки еве и другаркиве ме советуваат 56ка нешто да има обавезно ниедна не искористила 50ка, освен една ама нејзиното 2600 се роди. Така да дефинитивно 56ка ќе земам, уште нешто.
Женски а за почетокот требат ли некои фенси комплетчиња? Претпоставувам дека не, читам во почетокот скоро цело време се по шпикозни и боденца, па мислам повеќе од такви ствари да се опремам.
Фенси ако ти се свиѓа некое хаха од мерак, а ќе ти се свиѓа 100 % иначе за по дома се знае шпикозни, боденца, пижама стил ххаха.
Леле мила еве од почеток гледам да купувам само тоа што стварно ми треба, ама до крајот ќе видам дали ќе ме држи кожа да не земам нешто кјут
Не видов дека има многу муабет во темава, па се истрчав да пишам и до сега читав. Мојот голем на скоро 2 години со вакво беше лани зимата, без чорапки модел и со патичиња доле, преслатки се
Овие мечињата ги има и во Х&М и не беа скапи земав и јас за поклон, кафеавко и крем имаа лани и доста големини имаше. Ептен се практични и слатки. Може со есенската колекција пак ќе ги донесат.
Dali kje mozhe da mi kazhete spored vashe mislenje koj broj da zemam za bebe shto kje se rodi pochetok na oktomvri?
Оо душо, јас во ноември треба да се породам. Не знам еве сите ни препорачуваат 56ка да зимаме бројчиња. Така да 56ка.
Е вака, јас што ќе правам Според табеливе, сега што најдов има различни големини, различни брендови. Иако чекам близнаци, дајбоже се да е како треба, ама ќе им купам одма 56 ( по табела некаде до 1, некаде до 2 м) нешто ситно за почеток, повеќе алиштенца ќе требаат нареден број 62 ( по табела некаде 2-4, некаде до 3м ) ама зависи и од бебе. Јас најмал број 50ка не зимам Можеби сетот за излегување од болница треба да е помал број 0-1 месец, ама ќе видам како ќе се одвиваат работите, што викате да не плива бебе во алиштенце бар прв сет за дотерување
Јас купив за ќерка ми розево, максимално си го искористи. Тој период не шетавме мн зошто беше загадено и пре ладно ама за до лекар и гости, се погоди и го износи. Таман ќе ти е од 0 до 3 месеци. Ќерка ми се роди 3140гр не беше големо бебе, па бр и беше таман. До кај Март да го носиш таман е, и тоа она супер напредуваше па пак и беше таман бројчево.
Jas imam zemeno nekolku 56ki i pojshe 62ki deka site mi vikaa 56kite samo ednash kje gi obleche i sega ne znam dali da si kupam ushte neshto 56ki za pochetok…♀️
Јас купував за 0-3, на сопругот семејството купуваше 3-6, а моите рекоа нека се роди, па ќе купуваме. Се роди 2500 гр. и 0-3 му е големо, не па другите броеви. Ви препорачувам да не купувате многу, нешто ситно колку за почеток, после ќе си купувате. Бебе си одговараше цело време за неделите, дури и една напред, на крај излезе глувче.
Бројките се всушност цм на бебињата. За прематурчиња се 50ка. На мекици ми донесоа 50ка боди, ниеднаш не го облече. Си почнавме со 56ка. За 62 ехее има време. Тоа после 4ти месец (баш сега гледам, ќерка ми била 62цм во 4ти месец) освен исклучок ако некое бебе е по буце за таа возраст и нагло се издолжи.
Mene me buni toa shto tie shto gi imam kupeno od 0-3 meseci se 62ki pa sega dali ne znam dali da prodolzham da kupuvam taka ili pak da baram brojchinja 56ki bidejkji pogolem broj sve shto imam kupeno e online
Знам за тоа, различни брендови, различно ги водат бројчињата. Бебињата кога ќе се родат се стварно малечки, и јас вака направив, си купив бодиња, шпикозни и комплетчиња по неколку пара, 5 6 56ки, како што растеше, ако сум земала 2 пара 62ки, после си надополнував. За бебе секогаш се купува поголем број ама не на почетокот, тоа важи за понатака, како ќе расте си земаш поголем. Јас за ќерка ми, нагло се издолжи, на 4 5 месеци и земав за 9 месеци. Комотно а и во машина памучните знаат малку да се соберат. Да не зборам и по продавнициве ги пишуваат бројчињава ама не се реални. Земав еднаш 2 шпикозни од 3 до 6, беа мали како за 0 до 3.