Da sekako za pochetok ne kupuvam mnogu raboti planiram da zemam ushte nekolku shpikozni pa da gi zemam 56ki za da ne mu bidat golemki 0-3 pa kje baram tamu kaj shto pishuva tochno deka se 56ki Sepak fala tii ❤️
Не земај па и премалку, на почетокот мн бљуцкаат и знаат да им пропуштат каките, па одма оди тоа на перење и ти треба резерва. Некој оптимален број земи си. Ако не, како мене ќе го праќаш маж, он ќе слика, ти ќе одобруваш и ќе купи За помош тука сум
Со Зара немам искуство, ама да не плива' во 3 до 6..Твоето ќе е Ноември како ќерка ми, јас и го носев до Март и веќе и стана мало ама како што кажав нагло се издолжи, ама во секој случај си го износе. Гледај да е мах до кај 62 бројчето, ако 3 до 6 надминува 62ка и тоа како ќе е големо.
Мами, а од каде земаше 56ки шпикозни и боденца? Има ли синсеј, ваикики? Онлајн гледам повеќето се од 62ки.
Каде стигнев мами, локални продавнички, Стружанка, Ваикики, онлајн сè можно од бебешки имам лајкнато нарачував и од Dak baby shop, Kids zone, bambini од Куманово(онлајн), Bomida, babyshopp.mk, локо кроко...многу ги има..Гледам убави има и во babyshoplion.mk..Синсеј не и земав кога се роди, ама сега како поголемка и купувам. Шеткај си, сигурно има убави за новороденчиња а на нет следи редовно и ќе си најдеш нешто
56-ки има и во синсеј, ваикики, стружанка, памук пале исто, таму имаат на силви стајл, преубав е памукот. Мојата се роди 49 см па си ги носеше 56ките првиот цел месец. Јас онлајн порачував од tiny baby shop, ама таму почнуваат од 62.
Да и јас порачав шпикозни од tiny baby shop, ги земав од 0-3 мислејќи дека се 56ки, ама одпосле видов дека почнуваат од 62. Не дека нема да ги износи, ама ќе си земам и неколку 56ки за почеток.
Па може некои 10тина дена и од вториот месец да сум и облекувала 56ки, па после преминавме на 62ки. 62ките се преголеми стварно на почетокот за да ги користите од старт, бар тоа излезе од моето искуство.
Луѓе ве читам 68 ци купувате Моето бебе на 7-8 месеци носеше 68 ца.Колкави мислите се раѓаат бебињата Мојата на 2 месеци сеуште 56 ки носеше.А напредуваше по кило месечно. блузата и е дури долга во рачињата (56 ка).
Да ама 62ки некаде се од 0-3, а некаде се 56ки. Тоа мене ме буни. Брендовиве сите различно, а вака ги споредувам исти се. Нема разлика.
Некои што се убав памук се смалуваат. Ние 2,3 недели носевме 56ки после 62ки, бебе се роди 3700 ама и ги сушев во сушара може затоа брзо ги одрасна
Јас за облекава барав совет од сестра ми и другарка ми. И двете родија крупни бебиња, внука ми носи 68ца негде од 5 месец. Јас земав две три парчиња 68 зошто беа последни во H&M за некои смешни 150-200 денари. Секако не му го облекувам одма. Инаку 56ки ќе се снабдам повеќе по совет од тука, а 50ки при крај ако има голема потреба Јас сум крупна физички и висока, мислам дека генетски тешко од мене да излезе ептен мало бебе.
Само да ве известам мајки сите кои сакате вакво да земете дека веќе го донеле во Зара. Јас ќе си го почекам во кафена боичка
Првото ја собираа 68ци и на година. Второво на 5месеца веќе не го собираат, веќе носи 74ки. Демек ситно ми беше првото, па исто се спремав за второто. 50ки не ни облече, 56ки дали една недела носеше, 2/3 од алиштата останаа неблечени. Мој совет за сите, од ништо не земајте повеќе од 4-5 парчиња. Нека се роди па после ќе видите што ви треба од алишта. Секако со новородено секој ден мора да пуштиш машина. За второво дете добив еден куп алишта од други деца, речиси ништо не купив сама. Ако не ви пречи, најдобро така. Секако ништо не е износено, особено од тие први 3-6 месеца.
Се мислам овде имав прочитано се збореше за шпикозни на патент. Му земав на синко од синсеј ама на вратчето патентот му прави црвенило,го гребе. Дали е случај кај сите такви шпикозни или овие ги погодив само лоши? Инаку за почеток се нај таман 56ки, еве мојот на месец ипол уште може да ги носи ама гледам веќе ги пораснува а од раѓање е со 56 така да ок искористени му беа до сега
Треба да имаат материјалче како заштита над патентот. Еве слика: Ама имам и некои без ова, не сум имала проблем. Да не му се големи на бебе, па му се набира патентот под брадата?