Имаат такво како заштита ама најверојатно малку му се поголеми сигурно заради тоа ми прави проблем, кога ќе му станат точни ќе видам баш, фала
Здраво мајки. Сакам да почнам да си нарачувам за бебка работи од интернет додека има попусти, па имам неколку прашања што ќе ми треба највеќе и од каде да земам, не мора да е од интернет само да е убаво. Инаку, декемвриско бебе ќе биде. -Тетра пелени- планирам околу 10 парчиња 80х80, да бидат со интересен дизајн не скроз бели. Стружанка? Читав и една страна тука ја пофалија 10 тетра за 1000 денари. - Какви бодиња ќе ми требаат и колку за почеток? Со кратки или со долги? Како треба да се облече бебе, боди на кратки и одозгора шпикозна? Вакви бодиња гледав од tiny baby shop дали се океј таму ? - шпикозни имам 3 сега за сега од бомида земено ми се свиѓаат, колку да докупам? - пешкирче за после бањање од каде да земам да е убаво мекичко? Има попуст во генц бебе ама не знам како е со квалитет. -корито ќе земам најобично поголемо со некоја мрежа или подлога за новороденче - вреќа за спиење сакам да земам ама дома ни е со клима 25, 26 степени преку зима, зимска враќа да не ми е многу дебела. Од локо кроко гледав вреќички дали се океј? - едно дебело плишано ќебе ќе си земам од генц бебе или од хелоу бејби истата продавница е, за надвор за на транспортер од дома до кола и слично. -што треба за бебе за надвор за зимска прошетка еве во корпа да речеме. Каква јакничка, скафандер нешто за да му е топло? - дали треба ракавички да се ставаат на рачињата? - дали треба на почеток додека е многу мало да се облакаат хулахопчиња? - дали се океј на бејби лав чешлињата за бебе, гледав таму има оние како во пар што одат. - ќе земам две цуцли филипс агент и едно исто такво шише за почеток, доста е. Сега за сега тоа е ама сигурно ќе ми текне уште нешто.. Ако нешто имам пропуштено кажете ми, абер немам што и како треба
Јас чекам да ми стигне порачката од gencbebe, нарачав крпа бањарче и неколку шпикозни на попуст по 200 денари, ќе ти кажам какви се. Инаку, претходно нарачував плишано ќебенце 390 денари и неколку комплетчиња и бодиња и се супер вака на прва, премеки се. За другово и јас ќе чекам одговори од поискусните, исто декемвриско бебе.
Ако се пораѓаш во зима тогаш бар 10 бодиња на прерамки/кратки ракави земи за под долго, ама искрено јас некад му облакав и два пара по долги едно над друго, што имав при рака. Шпикозни имаш секаде и во пар што идат по 2-3 зависи и од дезен и цени ама провери онлајн и во мапет, зара, било кои други детски бутици. Мене ми беа најпрактични за бебе затоа што е многу поедноставно од хеланки и блуза посебно да облакаш на новороденче. Пешкири земав од Грција јас во wenice начекав 3 пара во комплет, а имам и од тука ама ги добив на поклон и стварно не знам од кај се, доволно ти се 2-3 да имаш. Хулахопки и ракавици не му требаат освен ако не е баш ладно, ама претпоставувам не би го ни извадиле надвор на преладно време, особено што ако е надвор ќе е сигурно во количка и соодветно облечено во скафандер со ќебенце/зимска вреќа. Вреќа за спиење најнеупотребена работа ни е нас, имам 2, бебе околу 4 месеци почнува да се врти и сигурно нема да ти ни треба повеќе од тоа така да не троши пари за џабе, подобро купи јорганче со тие пари. На babylove чешлето со природни влакна е најубаво (дрвена дршка), најнежно е за бебешко главче за разлика од пластичните во пар.
@Dodo1 и @TinnaMinna стигна порачката па да пишам, супер се вака на прва шпикозните, мекички. 100% памук нормално. Е сега не знам по перењето како ќе се покажат, рано ми е некако уште сега. Планирам после 7 месец да спремам се тоа.
Здраво на сите, Читав доста по форумов на тема новороденчиња и што е потребно, но ме интересира кога би било соодветно време да почнеме да купуваме работи. Уште не го знаеме полот, 12та недела сум, но разгледувам што како има, па ме интересира дали е прерано, или па сепак може да се почне со некои работи?
Купувајте тогаш кога вие сакате. Јас пред 12 та имав земено нешто ситно неутрално, бидејќи незнаевме пол.
Мајки најдов меченце како крзнено за зимно време, како скафандерче. Е сега ме мислат броевите, има од 1-2 месеци и од 2 -4.. Бебе треба да се роди средина, крај на декември. Кое бројче да го земам?
Ух, ќе наидеш на поделени мислења. Се зависи од просторот и каде живеете.. ако си во куќа - поправило куќа на спрат - МНОГУ ПОТРЕБНА РАБОТА, Ако си во стан и сте во иста соба скроз непотребно. Ние сме во стан, до сега не ми била воопшто потребна, но ми била потребна кога одиме во викендица или на патување… затоа ако ти е за привремено - има апликација за два телефони што може да ти помогне, ако ти е за стално тогаш да земи, одлична инвестиција
Зависи во што живееш. Ние сме во стан 50кв, како бебе за ќерката никогаш не ми затребал. Кога имаме гости, ја затворам во спална и на месинџер си вртиме со маж и така ја гледавме. Истото и на одмор кога одиме она си спие внатре ние во двор. Сега за синко ми поклонија веб камера, 2 месеци направи, ене уште не ми е отпакована. Не е нешто неопхпдно дефинитивно.
Мене ми е искористена работа. Имам и бејбифон со камера и камера што се поврзува со телефон. Двете ми се максимално искористени, еве скоро 4та година уште терам со нив.
Јас земав неколку 50 за првите недела/две, за после 56. 62 ако не се лажам носевме после 3 месеци а сме прилично високи и јас и сопругот. Ама страшно ме нервира да виси нешто и да изгледа како позајмено па затоа и земав така.
Другарка што е исто со маж и ко на и маж ми 1 месец има бебка веќе се на 62ка. Не знам како ќе биде, здравје секако ќе ги изнаноси бидејќи се со долги. Ама земав нешто и 56ка.
Јас купив неколку работи одма кога дознав дека сум трудна, од среќа, едвај чекав да ми се исполни желбата и да купувам работи за бебе. Така да некако е индивидуално, кога ќе се осеќаш ти спремна тогаш. Правев и нифти и релативно брзо го знаев полот па купував секој месец по нешто ( ова нешто е побајаги ама нејсе ), поголемите работи ги купивме накај 6/7 месец. Веќе во 8/9 не можев да мрдам а не да купувам мислам дека не одев туку се тркалав и си викав супер што се изнакупив со време. Друго, релативно е поголем трошок ако се купуваш од еднаш.