Од зара од 1-3 сега најдов, другите две се од ХМ и ако не се лажам се од 2-4. Пс: моето се роди почеток на октомври.
Можеш да почнеш листа да правиш што планираш да купиш, да се распраш за искуства и совети што да купиш, разгледувај си цени па кога ќе биде на попуст ќе си купиш. Ќе имаш време и да си бираш работи од различни продавници. Јас од кај 20 недела мислам почнав да купувам секој викенд по нешто пошто работев. До 33та недела купував пошто се сакав ново и многу работи се а неможев се да најдам на едно место па одев на повеќе. Од 33та до 36та за викенд перев, пеглав, чистев низ дома, генералка правев и организирав работите кое кај ќе стои. 37ма отидовме во охрид да одмориме пред да дојде бебе и 38-40 излегував со другарки, фамилија, пријатели за да се видиме и да тргнам мисли од пораѓај.
Здраво, Да споделите мислење за кадичка? Дали тие со држач се попрактични или само зафаќаат место ( подлога за пресоблекување не ми треба) ? исто, дали ги користите додатоците како за лежење ..?
Јас користам мрежа за лежење, имам пишано и во друга тема - бев убедена дека не ми е потребна, ама беше подарок и можам да кажам дека е прекорисна, детето си лежи и рает сум бидејќи не може да се стркала, не може да се лизне, не треба да ставам пелени под глава итн. Инаку корито користам од оние што се со силикон и се собираат за да не фаќа место - исто, препрактично ама има маана што е мало.
Најслично што можев да најдам е ова https://topolino.mk/product/mrezha-za-banjanje-eco-sevi-bebe/ иако мојата е со по едно закачување на страна и бебето не лежи онолку високо како на сликава, туку баш си пропаѓа, а кај главчето има како перниче.
моето бебе е декемвриско, се надевам ќе ти помогнам шо користев -тетри користев многу, 10 малце ми беа -бодиња јас користев на долги, мада можеш и на кратки, најубаво и такви и такви да имаш, дома да го облакаш на кратки, па шпикозни, надвор на долги па шпикозни. -три пара шпикозни премалце ти се, докупи, ама не купувај ептен мали бројчиња, ми се случувало во 1 саат да ми ги поврати, да се искака да претече пелена и да сменам три пара шпикозни за 1 саат. -oд tiny baby shop бодињата се добри, често сум нарачувала. -на таа температура вреќа за спиење не ти треба. за зимска прошетка можеш некој скафандер да земеш и ќебенце, јас лично не и облакав хулахопки. - пешкирче имаш сегде во типот продавници како стружанка. - капчиња памучни да си земеш обавезно, раквици исто не сум ставала, секако била покриена со ќебе.
Фала ти на одговорот, сакав вреќичка зашто е побезбедно за покривање, ако не да земам есенска што не е толку дебела?
јас многу се мислев и на крај не земав, ја покривав со ќебенце, иако да побезбедно е вреќичка, ама и нас дома ни е 25-26 степени преку зима, дури мислам кога се породив таа зима и потопло ни беше од страв да не смрзне бебето , мислам дека е премногу и зимска вреќа и долги на 25-26 степени, ако си решена да, можеш потенка да земеш
Јас купив летни вреќички за спиење, за бебенца во декември, ќе видиме како ќе се користат. Со првото не користев вреќа за спиење, го покривав лесно, а некогаш и не го покривав Исто и кај нас во зима дома од парно ни е пекол, па планирам да комбинирам лесна облека за спиење и летна вреќичка
Мајки, ај ве молам одприлика кажете ми за почеток колку 56ки да имам од шпикозни, боди по долги и кратки? И колку одприкика ќе ми требаат да земам 62ки? Ова за Фебруарско бебе прашувам. Прашам дека нејќам да трупам многу со алишта а и сакам да имам секогаш на залиха, јасно ми во почетокот дека често знае да се менува облека. До сега земав само 62ки шпикозни 3 пара и боденца 56ки на долги исто така 3.
Зависи бебето колкаво ке се роди. Моето се роди 3690, првите 2,3недели носеше 52ки,56ки. Мал период ама цело време го пресоблекувавме бљуцкаше,повраќаше, какаше често. Според мене 56ки имај 10 шпикозни со долги, 7 боди со кратки и 7 со долги. Шпикозни 62ки земај колку сакаш ќе ги носи подолго. Рачунај и за поклон ќе ти донесат повеќето
Здраво мајки, полека се спремам за бебуш иако ми е рано ама сакам полека да си купувам. Крак декември ми е термин. До сега имам купено ова : 3 бодиња на долги 56ки (1-2) од х&м 2 бодиња на долги 0-1 (56ки) од синсеј 3бодиња на долги од 0-3 (бомида) 5 бодиња на кратки до 1 месец(56ки)(некст) 5 шпикозни 0-3 (бомида) 3 шпикозни 0-1 (синсеј) 3 пара хеланки 56ки (1-2) (х&м) 2 пара хеланки 3-6 (ама на мали делуваат, од синсеј се ) Се мислам дали бодињата на кратки што ми се (од некст ги земав), да ги заменам со тие од tiny baby shop што се од 0-3. Исто се мислам бодињата од х&м што се 1-2 (56ки) да ги заменам со 2-4.. Кажете ми што е попаметно, едвај се одлучувам да земам 56ки зашто мислам дека многу малце ќе ги носи ама од овде читам дека на некои бебиња и 56ки им биле големи. Како и да е на почеток не се шета по гости главно се седи по дома, па не знам дури се мислам и поголеми да се, само да си ги износи поубаво. Какво искуство имате со облеката од х&м, синсеј? Дали да враќам ова што земав, да не ми остане па ептен неискористено ќе ми биде криво така зашто многу се слатки сакам подолго да и ги облакам хаха
Мене срам ме фаќа што ништо немам земено, а облека имам толку многу, комотно еднаш на 10 дена да пуштам машина. Ќе ти предадам од мојава ако ти фали нешто
Лепе јас арно што земав само одев по продавници и ништо не купував. И сеа купив и се мислам дали да ги вратам стварно не знам со броевите и немам осет па прво бебе што да праиш. Маж ми ќе полуди со мене
Ќе веруваш дека имам 50 бодиња? 20 шпилхозни? Друго да не набројувам. Спремна сум и за од 3-6. Му викам на мм, плакар мора да се земе за детево, зошто немам моите каде да ги ставам.