Е алал да ти е, мене сите што ми даваа беа само големи алишта за над 9 месеци и морав да си земам сее
Јас да ви кажам дека си порачав тетра пелени од тука, преубави ми се Си порачав 10 за почеток па ќе видиме ако ми треба повеќе ќе докупам. Кога ќе стигнат ќе ви кажам какви се. Се заљубив во дезените што ми ги пратија
Преубави се, мене ми стигнаа пред некој ден и поклон лигавче ми имаа пратено. Ако некој не сака онлајн, истите ги има во влае во продавница Фротир, 115 денари една
Еј ги имаш мила? Вака убав ли е памукот? Значи не сум згрешила што ги порачав, навистина имаат преубави дезени Не дека е тоа нешто многу битно за тетра пелена ама ако, слатки ми се ептен.
и јас го чекав. Ова е број 56. Дали за ноемвриско бебе е таман? Не знам кога би имало од кафеното, да знам дали да го чекам
Да и јас го чекам кафеното дека ова боичка мислам дека повеќе ќе се познава ако се извалка, нека ме поправат мајките што го имаат во светла боја ако грешам. Инаку мало ќе ти биде 56цм мила. Кумата го има истото, нејзиното бебе беше Јануарско па таа зема 68цм големина, моето е Февруарско и ме советуваше да земам 62цм или нема да сум згрешела и со 68цм, дека сепак под тоа ќе го облечиш, па да му биди комотно.
па и кафено послатко мислам, само кога би имало којзнае. Епа супер, не знам дали 62 или 68 да земам офф
Јас мислам убаво си имаш купено, од се по нешто. Ќе ги искористиш бодињата на кратки, долги и плус шпикозна одозгора. Синсеј мене ми се ок за квалитет и растегливи па подолго време може да се носат. Купи си 62ки шпикозни,боди секако ќе ти требаат
Зависи дали се со затворени ногавици. И ќерка и синко затворените 2 недели ги носеа. Ќерката многу долги ноџиња има, никогаш не и се погодуваше број од тие. Плус од Синсеј рачунај ќе се смалат за по 1 см после две перења. Синко бодињата од Синсеј 0 до 3, ги облече три пати, до кај 2 недели негде.
Од синсеј отворени ми се шпикозните, а двете бодиња од синсеј можам и да ги заменам за поголем број чим се собираат. Фала ти за советот