За зимско бебе што зимавте? Земав неколку шпикозни, дали има потреба од боди со долги или кратки ракави и панталончиња?
Мислам дека најмногу ќе ти требаат бодиња по кратки и шпикозни. Ако сте во стан, боди по долги за одоздола е премногу. Син ми во октомври е роден, цела зима ја помина во шпикозни со боди по кратки одоздола. Можеш да земеш и комплетчиња горен дел со панталончиња па да видиш како ќе ти биде позгодно да го облекуваш. Мене ми беше позгодно во шпикозни, тоа што имав комплетчиња купувано останаа скоро необлечени. Рачунај дека ќе ти требаат да менуваш често, некогаш и по 2-3 бодиња во денот се прљаат (пуштила пелена, бљуцнало..).
Ножички, грицкалка, турпија видов дека треба. Дали се добри овие? Или од каде да земам? Чешел каков и од каде? Цуцла и шише какви?
Јас земав електрична турпија од хаакаа затоа што ми е прејезиво да сечам ноктињата со ножички или мала грицкалка, премали прстиња имаат па страв ми беше да не претерам. Чешел со природно влакно земав од дм на babylove, а за шишиња и цуцли Авент на Philips.
Па зошто е така спакуван, отворен е. На бебе да ставам на глава, ми е шубе. Прашина, бактерии на пример. А пишува да не се топи во вода. Четка со природни козји влакна е.
Прашина ке има нонстоп околу бебето.Замисли во креветчињата колку прашина собираат плетенките,оградиците.Не ги чувајте во стерилна средина до толку, лошо е за градење имунитет.
Далеку од тоа дека во стерилност ќе чувам дете. Оградици и слично немам, а и нема да ставам од други причини. Муабетот беше дека тој чешал стои на сталажа, каде секој втор со раце го пипа, деца фрлаат по земја како во игротека да се, се чешлаат со истиот и се враќа назад.
Купи си Чико, тој е спакуван скроз. Јас таков имам Може и да се мие овој (прочитај во описот), но јас не го измив. https://zegin.com.mk/mk/chicco-bebeshki-sini-chetka-i-cheshel-so-prirodni-vlakna-0-meseci
Само со влажна марамица го поминав површински мислам дека, ако настојуваш да миеш/стерилизираш да знаеш дека и затворен чешел во пакување ќе треба исто да третираш, супер е чешлето.
Здраво ми треба помош Ноемвриско бебе што треба да купам за облекување за земање од болница? И за зимските бебиња колку кратки бодиња купувавте? Колку шпикозни да земам 0-3 месеци колку 0-1? Фала ви
За излегување од болница боди на долги и подебели шпихозни, капче, чорапчиња и ќе го покриеш со ќебенце. До кола доволно е. На тема кратки бодиња преку есен/зима, зависи дома колку ви е топло. Син ми израсна само по боди на кратки, ама со скопско парно. Од старт кое бројче ќе ти треба е индивидуално, може 0-1 ич да не ти треба пример. Сите тие се по килажа, па ќе си процениш. Исто зависи и од фирмата, некои 0-3 се ептен мали или се собираат отпосле. Мој совет е да не купуваш од најмалите (50ки, 0-1), разгледај само каде има па ако ептен мало се роди прати некој да ти купи дури сте во болница.
Mene me intersira kako izlegovte od bolnica so bebe devojce rodeno vo dekemvri mi se blize terminot pa sakam najprvo za toj den da kupam po toa za drugoto pri krajot
Јас се породив во Фебруар и беше ладно,ќерка ми ја облеков во боди бенкица на кратки ,блуза и панталончиња со ногавици од Окаиди ,топлинки белички,ракавички , капа,кебенце бело .
Мене терминот ми е ноември и планирам боди по кратки,комплетче (долните со ногавици) чорапчиња и скафандерче памучно