Еве јас да ти кажам шо зедов. Зедов обично корито од енци менци, од козметика зедов мустела и оригинал павловичева, со млека и чуда други не планирам да мачкам. Пелени зедов едно помало паковање Памперс од 2-5кг. Од шишиња зедов само едно стаклено каучук за да имам за секој случај, и цуцли две лажалки исто каучук (поприоден бил материјалот). Млеко не зедов ако треба ќе ми купат како шо кажаа погоре.
Ели јас имам некое анатомско корито на постоље со ногарки, а врз него има онаква даска за пресоблекување. Платено е гавол и пол. Но би те посоветувала да пазиш на нешто. Прво висината на ногарките колкава е и дали истата се подесува. Ова моево е прилично високо и мене ми е ок, но мајка ми е пониска и на прсти стои поткрената. Второ тоа дека анатомско, ама врска нема. Накосено на една страна и во средина има една топка па дете не можеш убаво да го легнеш. Има и една гумирана подлога која е безвезе. Значи пластиката ја поминуваш со жешка вода и чиста е. Ова гумираново бара посебен третман инаку стои како лигаво. За шишиња купи си едно за секој случај. Јас со првото дете поминав без шишиња и цуцли. Адаптирано млеко, ако не дај боже ти треба, ке купи мт нахнадно. Од пелени едно паковање купи. Зошто незнаеш, може да не му одговараат на бебето, да се исфрли од нив, да ти пропуштаат, па да мораш да смениш. Од козметика јас користам логона за двете деца. Но син ми е со специфична кожа, и логоната како органска совршено му одговара па не помислувам да ја сменам,сега и за малото ја користам. Јас колку што знам мустелата не е органска, ако ти е важно тоа.
За двајцава користев и користам најобично корито од пластичарска, на почетокот во спална ги бањав (висок ми е креветот, скоро метро), после во купатило. Козметика за првото Corinne de Farme на почеток, за второво на Алверде зедов, ама не му одговараше, продолжив со Логона, а сега за двајцава Натураверде користам, по препорака на Биодевојка, презадоволна сум. Пелени за првото на почеток Бекутан, после Пафис па Дајперс, второво само Бејбилав. За во болница едно мало пакување е доволно (ако се пораѓаш државно), после ќе видиш. Обично првите две недели се потребни бр.1, после бр.2, а некои од старт се на бр.2 зависно од килажата. И шише и млеко и цуцла ќе купиш подоцна ако ти притребаат.
Мустела е медицинска козметика и пожелно е да се користи по препорака, а не на своја рака. Не е органска. НатураВерде имаат органска козметика. Моментално имам бејби шампонче, од него растворам во водата во која го бањам бебето, малку ставам и на косичката. А за големиот само за косата го користам, супер му е. На база на овес, камилица и уште нешто беше, ич не ми текнува што, многу убаво мириса и е ептен нежна, не лути на очи (вчера на малово му влезе пена во очи, воопшто не плачеше). Има цела колекција, шампон, купка, сапунче, кремче, масло за тело, ама не знам дали сите ги има кај нас. Шампонот е 330 ден. 200 мл, од Веро Центар го зедов. Се исплати оти малку се троши, а не е скапо ко Мустела, на пример.
@ada21 мислам дека неопходно е се. Можеби не веднаш штом се роди ама пример лажичето ќе ти треба кога ќе наполни 4 месеци за да јади каши, недај боже ако се разболи топломер ќе ти треба така да мислам дека сепак ќе треба се
Па тука имаш скоро се. Мушама и подлога за пресоблекување, јас користев само мушама колку да не се измоча да не пропушти. Тетра и шведски пелени имав по 10 и таман ми беа. И постпородилен појас не сум носела, другото ок. Некои работи нема да ги користиш од првиот ден, ама понатаму ке ти требаат.
@fana @iloveyou29 а тетра и шведските пелени за широк повој ли? Јас не планирам . Имам неколку за секој случај .А и стерилизатор незнам дали да земам . Од козметика планирам мустела 2во1 за бањање , кремче едно ќе земам од мустела и кажете ми какви влажни и каква павличева ? Ако ви текне уште нешто пишете да знаеме ние неискусните А и заборавив ,каква пумпица да земам?
Тие највеќе за се ке ти се најдат. За широк повој не ги користев, ама да ставам кај главчето кај бебето (многу бљуцкаше), да ставам под гради додека дојам зашто ми течеа како луди... дневно на почеток сите 10 тетра пелени ги перев не не спасуваа само лигавчињата, потребни се земи си бар 5-10 и павловичева земи си оригинал од аптека, погуста е и мрсна и се мачка ептен малку... мене кога ме виде педијатарот колку ставам ме искара Заборавам и допишувам Влажни јас користам само виолета и бекутан (имаат масло, малку мрснички се и полесно се брише со нив)
Мислиш јас искусна сум, прво бебе ми е нека пишат мајките сепак. Влажни планирам или корине де фарм или бекутан а за павловичева павлодерм си велам шо знам Стерилизарање можи по старски со вриење во тенџере супер ќе се стерилизират мислам овие пелените за широк повој мислам мајка ми да не има уште од пред 27 години ко бев бебе јас можи ги чува, ама мислам ќе ни требаат за широк повој да за друго појма немам шо треба и фала за сликичката
A so e razlikata vo tetra I svedska pelena?Pedijatarot na kumata moja koga se porodi i kazal eden br pogolem br pampers i ne ti treba sirok povoj.I taka pravese so dvete deca.Snaa mi ni sirok povoj ni bakraci,dvete zolvi isto
Тетрата и шведските ги земав највеќе за широк повој бидејќи кај нас требаше да носи. А онака тетрата си ја коростев да и постелам нешто или да ја покријам бидејќи е тенка. Стерилизатор немав, не ми требаше но секој различно. Гледам доста користеле, јас не. Козметика користев еуцерин од почетокот, потоа сменив на бекутан. Течен детергент прво на чико 0+ а после бекутан исто. Павловичева користев од оригиналната на др. Павлович мислам дека беше. Пумпа за одмолзување ако мислиш купив на бејби нова ама не ја користев многу поубаво се одмолзував рачно, а пумпица за носето незнам што фирма беше со цревце за влечење и задоволна сум.
Исто е, нема разлика.. некој така ја вика, некој така Поголем број памперс ке ти пропушта... Едноставно не е потребно широк повој, застарена техника е тоа. Бар мојот ортопед ми објасни дека баш децата во странство не носат широк повој па сите здрави, прави нозе имаат... јас не ставав, супер ноџиња има синко
Павловичева најдобра е оригиналот. И нема замена. Без разлика што постојат 100 други слични формули. Спојлер: Павловичева
@mariz i @Elenche87 фала ви @fana да да знам за тебе , мислев на другите искусни мамички . Тетра пелените ги зедов баш за ова што пиша мариз , а широк повој не планирам веќе никој не практикува . А и јас не ја знам разликата @stevemila @duffi фала за сликата , навистина не знаев која е оригинал ќе прашував во аптека . Мислев дека е розовата