Мајка ист термин имаме, и јас сум ептен на мисла… најмногу ми е за од болница, дека ќе шетам февруари до март тешко, освен ако не се породам на 1ви па да прошол месец. Малата ми се роди 51цм, еден месец да ги поносат доста ќе е, па и очекуваме веќе март да стопли…
Ќути, незнам ни јас што да правам.. Неможеме да знаеме дали и Март ќе нѐ фати за пораѓај, или па може и крај на Јануар. Цело време се мислам да го купам/да не го купам, не знаеш со времето како ќе биде никогаш, ниту па колку време ќе го износат.
Да не ве разочарам ама премалку се носат алиштата првите месеци. За брзо ги одрастуваат. Со овој ум сега би позајмила повеќе ако имам од каде. Првата година немаше шанси нешто што сме купиле во април пример, да и чини после за септември/октомври. Годинава веќе ќеф сум што работите од пролетта на 16-17 месеци, ќе може и есенва на 20-21 да ги носи. Не е многу разлика во тежина, во висина е извишена ама сеуште и чинат.
Може и кога ќе се породиш да купиш нешто. Ќе нарачаш онлајн ќе ти го донесат така бареж ќе знаеш то точно ти треба и која големина
Сега гледам слики од малиот лани во февруари, по дуксер е само. Се сеќавам баш имаше еден период 20 степени беше надвор.
Јас пак многу сакам кога не и е многу големо нештото кога ќе и го облечам. Според мене ако носите поситно бебе како мене, си требаат помали работи. Јас иако имав мали работи, дали 4 работи и се таман другото се големо и неможеме уште да ги облечеме. А кога ги исправ и погледнав мислев сите мали ќе и бидат Е, сега ако е покрупно бебе немора од најмалите алишта.
На бејби лов, помали и поголеми имаш, секако дека се подобри од влажни марамици, туфериве во вода ги ставаш и бришеш.
А што е разликата со тие од h&m? Јас земав од h&m во живо дека ги видов, меки и преслатки и се погоди да има број Исто има и во waikiki видов, ама крзненцето е како веќе перено, како да се дели веќе
Да, донесоа повеќе бои во city mall, розе мислам, бело и едното сиво-кафено ко да беше и имаше број и земав, ама толку нареден пат кога отидов бебешки дел ПРАЗЕН Ептен на среќа да погодиш кај нас нова тура носење
Има многу избор и во Diamond, ама само после нова тура пратка кога ќе им стигне, инаку броеви нема, бои различни нема како на страната. А во east gate ич нема, барем мене така ми се погодило, за бебенца избор нема.
@Лалина па по мое и исти се,ги видов и јас во h&m во живо исто меки се убави(само по касно ги видов,веќе нарачав)