Дали за почеток ми е потребен чаршаф за душекот што не пропушта или да ставам тетра пелена врз душекот/постелнината? Моментално врз душекот на креветчето имам само чаршаф.
Не дека нешо посебно треба непропустлив чаршав, за почеток, не може баш пелената да протече, зошто доста често какаат на почеток, па ќе менуваш пелени често. Евентуално за бљуцкање па да не пропушти демек, иако и тоа не мора да значи дека ќе пропушти. Доста ти е тетра за почеток, ќе ти врши работа.
Дали е потребно да купам цуцла? Прочитав различни мислења… најмногу фалена е авент philips. Има неколку модели, која е најдобро да ја земам за 0-6м?
И јас сакав авент да земам ама прочитав од една членка дека во ДМ што се тие се копии на авентот. Па земам две од дм на babylove simetrich стварно иста форма имаат. Од 0-6 земав, две за 140 денари светат навечер. Па ќе пробам со нив
Не пробувајте цуцли додека не почнат убаво да цицаат, барем месец-два, не е ништо неопходно цуцла, и да нејќе ништо спорно.
И јас така викав ама не издржавме цело време сакаше да цица на 20мин, на 40,на еден саат и кога не беше гладна и само бљуцкаше. Почнавме да и даваме цуцла и посче цицаше само кога беше гладна
Јас имам негативно искуство со цуцлата и прво дете, затоа второто ни цуцла, ни шише, директно на чаша На почеток сите бебиња се така со цицање, треба време додека бебето се навикне, додека ти се навикнеш и додека се постигне лактација, секое бебе бљуцка, мислам дека и не постои бебе што не бљуцка, посебно на почеток во периодот на адаптација со цицање.
Јас овие ги купив, најмногу ги препорачуваат овде. Исто и ова шишенце за почеток, колку да имам барем едно. Не знам дали да купам уште едно отсега или? Друго да ве прашам, каков аспиратор за нос да купам? Кој е најпрактичен и најефикасен? И дали за капење користите сунѓер или ракавица или некоја памучно марамче?
Имам од раѓање на Исомар, супер е. За бањање ништо не сум користела никогаш, мислам дека и немаш потреба.
Девојки кога почнавте да купувате гардероба и опрема за бебето, во кој месец. И дали има некој список/страна каде има одприлика што се е потребно за новороденче, па и во следните почетни месеци. се извинувам ако прашањето не е за тука. Поздрав
Од 5ти месец полека почнавме, секој месец по нешто. Прво количка во 5ти, па после во 6ти креветче и фиокар, па некаде на крсј на 6ти и 7 ми почнав со облека. И во 8ми се останато од козметика и ситници. И еве сеа 9ти влагам се е земено. Голем е трошокот наеднаш, затоа вака најубаво секој месец по малку.
Jas od kraj na 5i mesec pocnav da kupuvam oprema si nacekuvav popusti. Mene mi se najdoa ovie raboti: -kolicka 3 vo 1 -korito so nogarki, kofa, sad za polevanje, mreza za korito, termometar -relaksator -gnezdo -prenosno krevtce, dusek -3 postelnini, kebenca podebeli i potenki, jorgance -prozektor so zvuci za zaspivanje -kamera -pumpa za izmolzuvanje ne mnogu skapa -podloga za presoblekuvanje -pernica za doenje -elektricen trimer za nokti -3 banjarki -20 tetri -15ligvki Od obleka: -bodi na kratki i dolgi -spikozni -kompletcinja -jaknicki ako se rodi vo zima -corapcinja,kapcinja Od kozmetika: -sampon za telo i kosa -mleko za telo za posle banjanje -krema za pelenska regija -vlazni -peleni -nepropuslivi podlogi za presoblekuvanje -tuferi od babylove -aspirator za nos -nega za papoce gazi, alkohol -probiotik -vitamini: k1,d3,omega
Јас почнав од 16та недела и еве сега сум 29та, уште малку имам за купување. Во 16та земавме количка и креветче, во 20та фиокар и комодичка за пресоблекување со сунѓер. Тековно после 16та почнав да купувам алиштенца, тетри, бањарче и со тоа уште немам 100% завршено. Во 16та земав и 2 шишенца и цуцли. Релаксатор, гнездо и пумпа ми подарија. Завчера земав козметика и детергенти за перење. Од крупно уште корито ми остана, а од поситно топломер и аспиратор за носе. Мој совет, почни си од порано. Да почнев сега да купувам, ќе ме удреше финансиски шок. Вака полека не осетив, а скоро се ми е спремно.
Има ли од тука од некаде да се порача или тешко? Знам имаше некои страни од Икеа и слично, не знам функционираат ли сеуште..