Не купувај пумпа додека не се породиш, освен ако не си цврсто решена да доиш. Избери си некоја што ти е по буџет и лесно достапна да ја купиш ама почекај да се породиш да видиш каква ќе е ситуацијата. Може да ти притреба дури после некој месец.
Здраво .Можеби прсшањето не е за тука , но на брисот кај моето новороденче земен на трет ден од раѓање има позитивен наод на МРСА. Дали имате искуство со оваа бактерија ? Од ова што читам по нетов уплав ме фаќа…А симотоми нема инаку .Благодарам
Тенко памучно ќебенце мила, дека бебе од болница во кола е буквално неколку секунди. Во кола сигурно ќе ви биде топличко и плус тој период надвор е веќе топло. За пумпа и јас ќе ти препорачам да почекаш и да не купуваш пред време.
Бејби од каде нарачавте мебел?... и ние кон крајот на месецот ке кречеме и ке почнеме со средување на собата
Архитектот што ни го средуваше станот некако го намоливме да најде време мајсторите негови да земат мерки уште за детската за фиокар и едно елементче одвај … сите пребукирани а ние сакавме во исти стил да е како цел стан уредено и кај бебе искрено ако не ти мења купи си готово зошто слободен мајстор во ск нема
Ништо страшно, болничка бактерија, не читај по нет. Резистентна на многу антибиотици, сензитивна на Миробакт маст за нос. Синко ја фати на ГАК кога се роди, се среди за 1 недела со мачкање на маста. Не се вознемирувај воопшто, пречеста е. Имаш антибиограм? Нека ти го дадат, ќе видиш дали и кај него е сензитивна на ист антибиотик.
Излезени сте од болница? Ако не ќе ви кажат на испис што да правите. Ако да, носи ја во Авицена, цо понеделник ќе имаш резз со антибиограм
Здраво мајки, прв пат пишувам во тема “бебе” па се надевам дека тука ќе добијам соодветен одговор. Јас сум 33та недела, прва бременост и сум во процес на купување и припрема за бебе Денес купив шише стаклено од филипс авент 120мл 0+м меѓутоа не сум знаела дека има со една капка и повеќе (се надевам добро објаснувам) Е сега, дали ќе е проблем да не тече многу тоа со две капки дали да го мењам
Син ми со таа цуцла од 0+ пиеше месец ипол, така да за почеток ви е таман. Е после веќе почна да се нервира дека многу малку тече, па пред да направи два месеци сменив на 1+ цуцла.
@BellaBibi @QweenSM Супер, фала ви на одговорите. А баш мислев дека сум згрешила и требало за со една капка. Е сега, цуцла исто така сакам да земам на авент и приметив дека има неколку модели дали имате искуство да ми препорачате која да земам ?
Синко само на авент ми прифати цуцла, ultra air му земам јас мајка. Земи кои мислиш, па после според бебе ќе се водиш. Зависи како ќе ти прифати.
Девојки да прашам сакам да купам памперси за да имам ко ќе се вратиме од болница. Колку да земам од прилика, сакам повеќе да земам оти маж ми уште од сега стана паника сиот па за да имаме барем две недели без да го распраќам да докупува по некој ден
Нема што паника мила, на секој ќош има пелени. Земи си пример 2 пакети каде што има внатре по 50 и ќе бидете мирни некој период. Без пелени нема да останете не се секирај. Ќе гледаш кога веќе снемуваш и праќаш маж, или па бебе во количка и ќе се прошеташ и ќе си купиш.
Со авент лажливка немам искуство. Јас и земав на Нип и еве ја уште тера со нив. Пробав да и дадам друга несакаше. Среќа донесоа од Нипот, па си направив залиха.
Него го фаќа паника, пред некој ден беше на другиот спрат и го викнав испаничи дека водењакот ми пукнал, на тел веќе не го барам оти мисли готово се пораѓам, некни имав лажни контракции почна да паничи. Познавајќи го подобро ми е да си имам дома за 10тина дена да се прилагодиме на ситуацијата со бебето па после нормално ќе почнеме да си функционираме спрема потребите. Сега нормално е дека нешто ќе притереба па ќе го пратам ама гледам тоа шо може да си бидеме спремни.