Е де, ко ќе си во болница тие денови буквално се може да се купи, и облека и количка, памперси па да не правиме муабет. Ехее, допрва накнадно ќе го праќаш да докупува нешто, де капки, де ваква цуцла, де вакво кремче. Мој совет за пелени, не купувај наеднаш многу бидејќи не знаеш како ќе реагира бебе на нив. Јас со памперс премиум почнав, после сменив на бејби лав околу година.
Па не мислам да правам залиха многу туку барем 10 дена да имаме да истераме. Не знам јас искрено ни по колку има во еден пакет, ни колку ни требат дневно. Затоа и прашав колку да земам за да имам некој период. Тоа што можам однапред да си земам ќе си земам, а дека сигурно ќе трча да докупи нешто тоа е неизбежно.
Драги идни мамички Сакам да прашам знае ли некоја од вас каде да најдам ваква корпа платена со лулка како на сликава . имаше една страна ама јас чекајќи да помине време да не е рано Веќе не правеле такви … Знае ли некој од каде да нарачам Фала ви
Мм земал електрочна од базаро пишува BPA FREE не ми текнува на бренд. Некои 800 денари била вика ако не чини нова ќе земеме ,голема разлика е во цена од овие стандардите ама ќе видиме вака функционира секако друго е на града..
Да и јас ја видов таму ама денес им пишав имааат само со бела боја ногарки а на нас не ни одговара на бело .
Во јануари ја порачав ама кажав дека не ми е за брзање си ја зедов во март. Мене жената ми кажа дека ги порачува од некаде па пратив и капар на сметка.
Дали некоја мајка има искуство со пелените на baby love и sleepy natural ? Се двоумам со кои да почнам, од кои сте позадоволни.
Ние и на двете бебчиња користиме babylove, и презадоволни сме од нив. Се случува максимум еднаш во месецот да ни пропие, но тоа зависи како е поставена, колку течности испиле, и коку се активни во текот на спиењето
Sleepy ми се полесно достапни, во населба имам две Зегин аптеки додека за baby love Дм имам малку подалеку од дома. Ама без разлика на секако ми значи споделено искуство за да се одлучам. Негде прочитав дека Sleepy не соодвестуваат со големините, како се водите вие со бројчињата дали зимате еден број поголем ?