Мајки да прашам дали купувавте 50ка бројче шпикозни или тие што се ептен newborn како од некст 0 што пишува само, или земате од 56ка, не знам дали се многу мали 50ка и колку да земам такви а колку 56ка
Јас почнв со 56ка, 3500гр се роди мојата чисто да имаш споредба. Имав две 50ки онака купени малечки и беа од втор ден
Зависи колкаво се проценува дека ќе биде бебето. Мојата мала се роди па најмалите до 2 месеци ги користевме.
Јас само 2 земав па после накнадно порачував оти пливаше во 56ки. Се роди 50цм и 3150кг. Имаш и во енцименци 50ки.
Зависи колкаво е бебето. Моево предвремено родено до скоро 6 недели и чинеа 50ките. За дете од 2кг сакам да кажам и 50ките беа големи.
Здраво. Мамички од прилика по колку броја бодиња, шпикозни, пижамки, тренерчиња се доволни за првите 3 месеци?
Зависи колку често сакаш да переш јас за бебка пуштам машина два пати неделно сма имам доста облека. Може да кажам дека дневно 2-3 бодиња цело лето менувавме што од полигавување што од повраќање што од истечена пеленка. Мој совет е 58ци и 63ки бодиња да си земеш повеќе за да не переш секој ден
Комедија сум сега сама се изнасмеав а бебе на града и ме гледа со отворени очи, вика што и е на чукнатава
Здраво, ќе ве замолам за искуства и совети какви ќебенца се потребни за декемвриско новороденче? Станот ни е со парно, дали е доволно за дома да се покрива со памучно ќебенце за дневните дремки? Тоа кога ќе е под наш надзор, а ноќе планирам со вреќичка. И за надвор во корпа, со што е најдобро да се покрива?
мојата е декемвриско бебе и надвор и дома со мекано кебе сум ја покривала, многу ни е топло дома заради тоа вреќичка неам користено
Би ти препорачала тенко кебенце, памучно за дома не врши работа, дома сме со парно исто а навечер клима пуштаме. За надвор ние ја покриваме со дебело кебе и прекривката од количката, кога било ладно ептен. Скафандер не врши работа.
Девојки ве молам за совет, како ги чистите бебешките гнезда? Ако го ставам во пералната да го исперам, страв ми е да не се распадне? Купив од овој тип, како на сликата.