Не се потпирај на тоа што ќе ти донесат. Купив многу малку од најмалото бројче, па на крај ми требаа да докупувам затоа што сите мислеле дека другиот ќе донесе помали, и јас добив еден куп поголема облека што се уште ја нема облечено, скоро три месеци има...
Ништо, решението ќе биде и такви и такви ќе ги поделам по пола, па ќе видиме што ќе трпи повеќе Инаку @MariaBouli зимско бебе ќе биде ама крај на јануари/почеток на февруари треба да се роди па брзо ќе стигне пролет, затоа и не плаирам премногу да се трупам со дебела облека. И уште едно прашање, тие што на количките немате вреќичка за тој делот што се поткрева, дали докупувавте екстра или поминавте со ќебе. Не знам што е попрактично зашто пак мислам дека корпа и транспортер ќе местиме на количка на почеток а за таму нема потреба од вреќа. Додека да стигне да го користи тој третиот дел веќе ќе биде топло.
Генерално така сите размислуваме кога купуваме поклони - си викаш ај поголемо ќе му купам да го износи. Реално планирав нешто малку најмала бројка па ако треба ќе докупувам. Не ми е за парите колку што ми е за тоа да не трупам непотребно облека што и онака нема кај да ја чувам...
Знам дека е све трик и како вчера се фатив во стапица не знам. И што треба и што не треба земав, и сега на секое влегување само ми нудат нешто. Тој од елс на памет ќе ми го научи бројот..
Мене па на мекици се најмало ми донесоа и ми остана голем дел неиспрано не знам што ќе им правам, тие од 3 до 6 моментално ги носи и толку е.. Него кнап му беа од старт тие сетовите за новороденче. Види што ќе ти одговара тебе најубаво, секогаш можеш да си докупиш.
Епа исто, крај на јануари се роди. Немав многу 56ки, повеќе 62ките ги искористивме. Ама јас ставав само со затворени нозе, тие со отворени нозе како што пиша една членка горе и беа точни, а доле и беа како кратки, врска ми немаа. Додека беше толку мала со ќебе зошто нит мрда нит ништо, сега за оваа зима земав таква прекривка од Тему, ама ќе видиме дали ќе ја сака, денес ја ставив прв пат нешто како да се бунеше
Да надополнам. Бејбифон ти е супер решение, со првото дете немав и гадно се зезнав. Овој пат го купив на време од Тему, супер работа врши, од тука ми беа прескапи.
затворени, овие со отворени ногавки, цел ден облакам чорапи, најдов едни потесни чорапи шо и стојат, тие па ја стегаат, затоа најпрактично за помало бебе затворени според мене
Моето има 5 и пол месеци па уште не го користиме тој дел. Прво транспортерот го користевме за низ град, па си се навикна во корпата и неа ја користиме.
Здраво мамички. Прва бременост ми е, термин во Јануари и планирам да се пораѓам во Клинички центар во Скопје. Ми требаат неколку совети од вас, особено ако сте се пораѓале скоро таму, па знаете детали. 1. Што треба да носам во болница за мене, а што за бебе? 2. Дали треба да носам повеќе облека, пелени за бебе или само за излегување од болница? 3. Дали треба пред време да си купам работи за папоче(и ако треба што се треба да купам), капки за грчеви, пробиотици и други работи за бебе или одкако ќе се породам ќе ми каже некој во болница што се треба да си купам? И секако, секој совет е добредојден
Ланолин мајче ако планираш да доиш. Спас ми беше на почетокот. Веледа за пеленска регија кај нас се покажа супер. Еднократни подлоги за менување пелени. Градник за доење. Такви силиконски за собирање млекце, бубамари или како и да се викаат. Јас од тему земав. И земи си пумпа за измолзување, рачна, најевтина, да ја имаш за секој случај. Од тему ја земав. Лигавчиња, бљуцкаат на почеток. Подлога за на меше имам водена, не ја сакаше. Еве го скоро година, дури сега му е интересна за играње. Го ставав на ќебенце и му пуштав играчки што одат лево десно. Пелени користиме бејбилов и слипи, како ќе начекам акции, немало никаква реакција до сега, а со атопичен дерматит е. Јекодерм исто користев на почетокот, мачкав на сува кожа, или на вцрвенето. Чепкалки за уши со граничник. Турпија за нокти.
Кај нас џабе купени беа затворени. Одма и беа мали, морав да прекупувам. Од мене препорака за отворени доле.
Здраво, ме интересира од каде сте набавиле мебел за собата зс бебуш? Сакаме да земиме ормарче и комода, ама да се убави. Бебчич треба да пристигне јануари, веќе сум 31+3 и ме фаќа паника дека нема да стигнеме да средиме
Јас од Тетово зедов имаше акција нешто такво беше. Плакарче уште едно помало, количка, транспортер. Генч бебе ли се викаше не знам.
Подлога не мораш одма може и понатаму да купите кога е многу мало не мора одма да го ставаш а може и на спална тами тајм, на почеток не ни сакаат многу. Стаклено шише dr. Browns За папокот не знам на мојата и падна уште во болница после и крвареше и и ставав пудра. За козметика за бебе- Weleda нема да згрешиш. За почеток можеш уљето да го земеш, шампонче и крема за пеленска регија. Пелени за почеток pampers premium protection нас ни се покажаа најдобри а понатека ако нема осип можеш и други поефтини да и смениш. јас се што купив буквално се искористив освен креветчето. Со нас на спална спие зошто ја дојам и така ми е полесно. Подлога или масичка за пресоблекување тоа многу ни заврши работа и кантичка за пелени. Ако планираш да доиш пумпа за измолзување и ланолин крема, потпунки памучни за гради. Влажни марамици, транспортер, термометар, сјај фрош, детергент за алишта фрош.