Здраво мајки, и јас ќе се пораѓам на гак, мене ми е термин февруафи ама со краток цервикс сум и можно е порано да се породам па се спремаме со време..Дали може да добиеме одговор со @Adji и мене ме интересираат истите прашања
@Adji @*Снегулка* Ова е од курсот на моја акушерка. Чек листа за болничка торба, што сѐ ви треба за во болница.
Јас се породив крај на октомври на Клиника и ова беа работите што ги искористив: - пешкири за тело, коса и лице - козметика за мене(крема за раце, лице, четка и паста за заби, гел за туширање и шампон за коса) - тоалетна хартија(немаат во тоалетите) - влошки вир 3-4 пакувања, јас многу крварев па ми носеа плус пакувања - подлоги sleepy од зегин, заради крварењето - обавезно подолг полнач за телефон и слушалки За бебе носев само пелени, павловичева и влажни марамици. Друго ништо не ти треба. На излегување ти носат облека за тебе и за бебе. Храна и пијалоци може да ти донесат во секое време, ама јас во торбата си спакував чоколатца, бадеми, вода и сок од јаболко, затоа што не знаеш кога ќе се породиш и може долго време да помине пред да видиш било каква храна. На ГАК храната е одвратна, мене секој ден ми носеше маж ми овошје и ручек. Исто така ми надојде млеко трет ден, па ми донесоа и пумпа затоа што бебето ми беше на сончање ради жолтица, па морав да го вадам млекото за да немам проблем со градите. Носев и мрежасти гаќи, ама додека бев во болница не ги облеков, за дома ги облеков. На визита мора да бидеш без мрежасти за да може да ја видат раната. Ако ви треба нешто плус инфо, прашувајте ќе пишуваме
За храната потврдувам и вода исто затоа што ем е никаква ем не те најадува а па ако се погоди да се породиш после ,,вечерата " која чинам беше во 17 или 18 ч остана гладна до сабајле ,вода јас не носев па ми се слоши . Среќа една од сестрите која за жал не знам како се вика ми даде шише со вода мислам ќе дехидрирав
На шпикозните од Next нема бројче, пишува 4.5 кг од 0-1 месец и 56 цм. Ова би одговарало на 56ка бројче или? Се мислам која големина да земам, дали оваа, или од 0-3 месеци,4.5-6 кг,56-62 цм. Од која големина и колку одприлика парчиња да земам? За бебе родено во Март или почеток на Април.
Ако не сакаш бебе да ти "плива" во облеката, земи неколку 56ки (3-4 за почеток). Секако, можеш и поголемо бројче, па ќе ги искористиш понатаму.
Цм се бројката. 56ка бројче е, на почеток 56ка па после 62ка, мојата голема се роди, па брзо преминавме на 62ка.
од 0-1 мислам дека се 50ки, да си земеш од 0-3, не купувај многу мали бројчиња, мн брзо се надраснуваат првите
На 40 ги перев најпрвиот пат кога се спремав. Ќебенцата, бањарките, тетрите заедно ги пуштив, па после само облеката. Можеш и сѐ заедно ако ти е поголема машината. Кај мене сѐ заедно не собери, мнооогу имаше.
50ка облека ништо немам земано, си почнав со 56ки. Кога се роди големки му беа шпикозните да, ама ќе подвиткаш и ќе биде добро. Брзо ќе му бидат точни, брзо растат. Околу 10 шпикозни си земав за почеток и сите ги искористив.
Мајки на летни бебиња, како ги облекувавте малите за преку ден и вечер? Мајско/Јунско бебе ќе биде. Син ми е зимно бебе па се ми е подебело и на долги, со летно бебе немам искуство. Рано е за купување ама да си направам список со време, би ми било од корист доколку некоја одвои време да ми пише
Јас се водам со тоа секогаш еден слој повеќе од возрасните. Моево е исто зимско бебе , доколку би имала летно бебе исто би купила . Боди по кратки , по долги , шпикозни , долни пижамки. Некоја тенка прекривка . Знам не ти помогнав , само споделив мислење . Нека пише некоја мајка на летно бебе
Моето е во август. Имав најмногу шпхозни искрено и бодиња по прерамки. Зависи како ви е трмпературата дома, кај нас внатре е околу 20степени и му облекував боди на прерамки + шпкозни. Беше жешко имав и бодиња на кратки ама дали 10 пати по кратки го имам извадено надвор, а во двор ми се отепа од спиење во корпата од количката. Се памучно ми беше. Можеш: 5-6 пара шпхозни 0-3месеци 6-8 бодиња на прерамки 0-3 јас од ваикики имав за пресоблакање на почеток знањш бљуцкаат пропушаат пелени да си имаш. 3-4 бодиња на кратки. Комплети 3-4 доста ти се за почеток па ке купуваш по потреба. И го покривав со тетра за спиење надвор, а дома ми спиеше по боди на прерамки и во вреќа.
Па зависи колкаво ке биде бебето родено моето првото се роди 2800 и 49цм многу брзо ги израсна тие што ми беа до еден месец ама сега второто 2500 се роди испишаа не 2300 и 47см сеуште си ги носи тие до 56цм што се а 3 месеци ке прави за почеток не купувај многу ни од таа големина ниту од другата само колку да имаш после откако ке се роди ке си купеш се пто ти треба јас имам алишта што ги купив и нема ниту да му ги облечам ке мине сезоната за тие
Јас се породив на 12ти јуни пекол ја извадив од болница со фустанче на кратки и голи ноџиња и чипкасти кратки чорапки - мајка ми ќе се шлогираше кога ја виде бебе голо не се вадело. Цело лето дома / надвор истера со бодиња на кратки и боси нозе ова лето беше прежешко така да лудост ми беше да ја облекувам плус