Ќерка ми е родена во мај, но ако се сеќавате годинава мај еден период залади, дури и греење пуштавме, што не памтам да било така години наназад. Тој период ја облекував по боди на кратки и шпихозни, во два слоја, ама краток период. Кога стопли јунито продолживме по ромперчиња или боди на кратки, некогаш со хеланчиња, некогаш не. Син ми е апла летно бебе, роден во најголемите жештини во Скопје и прв пат долги му облеков на крај од септември, цело лето го помина само по боди на кратки или ромпери. По мое, имај за почеток повеќе шпихозни, тоа секако ќе ти треба за спиење ноќе, бодиња на кратки, и два три пара хеланчиња. Тој период сегде вадат нова летна роба и да е претопло праќаш некој да купи 6 ромпери пример и решено. Боди на долги не ти треба освен како комплетчиња ако сакаш да земеш.
Што ви било најпрактично за во корито за бањање? Имам обична мрежа од првото, ама бебе како да ми виси горе. Сакам убаво да си уживка во вода. Дали од полнетите мрежи да земам или пластична подлога, се мислам...
нас ни донесоа на мекици тие 0-1м и на бебче му се мали од втора недела, се роди 3750гр, еднаш ги облеков од мерак кнап. Сега е месец 5кг е и нема шанси веќе да се облечат. Јас од тоа малото не би ни земала. Ние имаме неотворени од некст две. А знам скапички се. Не вреди според мене на тепка да земеш од поскапи продавници….кога ќе се роди ќе си земеш
Како розевата што ја постирала momoftwo погоре, мн е удобна, мекичка е мрежичката да си легне цела а пластична е надоле стабилна во коритото. 7 месеци е ќерка ми уште ја бањам вака, си ужива
мајкички, како би се облекувало бебе родено крај на март? имам една ќерка, родена на 40 степени во јули, и еден слој и облекував. сега немам вака ориентација како би требало фала вииии
Март знае да биди зафркнат. За по дома боди на долги, хеланчиња/панталончиња и чорапчиња. Или можеш шпикозни и боди на кратки. Син ми е роден почеток на Февруари па со шпикозните ми беше најпрактично кога беше малецок. За надвор можеш боди по долги, шпикозни, капче и ќебенце. Дека секако ќе лежи во корпа кога ќе го шеташ. Или некои тренерчиња.
јас треба кај и да е да се породам, под шпикозни ставаше боди? Нас дома ни е топло, 23-24 , а за спиење 21-22 , мислам дека е ок зошто јас сум голем склет Имам хеланчиња, боди на долги, шпикозни, неколку џемперчиња и бодиња на кратки
И кај нас беше таа температура. Ама кога се роди, знаеш како е сите му се тресат прво внуче, па и бабиве ми набија страв дека ќе настине па на таа температура под шпикозни ставав на долги боди. Сега да сум со овој памет, така не го облекувам. Под шпикозни боди на кратки само. А ти штом имаш боди на долги и хеланчиња можеш и така.
Бебе родено во декември, цела зима беше со боди на прерамки и шпикозни или со боди на долги и доле панталончиња. Сега со боди и тренерчиња.
Здраво девојки терминот ми е јуни, почнав да разгледувам облека што би земала. Икрено ми треба совет, за јуни дали треба да земам шпихозни/боди на кратки ,долги или прерамки? знам дека и времето е непредвидливо и дека не може да се знае точно. Но како новороденче што највеќе ви послужило вас. Во однос на големината знам дека 50ка е за мн краток период и можеби би земала замо две три такви колку да имам. Дали да земам скроз затворени со патент за почетокот?
Да, многу се попрактични отоклку со копчиња. Мене немаше кој да ми кажи и сите ми беа со копчиња. Бебе вришти за јадење, јас го закопчувам бескрајно..
Јас со зимско бебе бев ама за јуни би имала на долги секако. Вечерите знаат да бидат свежи посебно за новороденче.
Мојата се роди во јуни и искрено само првите неколку дена и облекував шпикозни на долги или боденце на долги а имав доста купено па многу работи останаа необлечени ама претопло беше да го варам бебе на долги. Мој совет купете си 2-3 парчиња чисто да не ве изненади времето. Од величини 50ки имав нешто но дали и нив ги облеков 2 пати зашто беба се роди 3700 така да 56ки и 62ки купувајте
Мојата се роди 3490, од одма почнав со 56ки. Се роди во јуни, претопло беше имам пишувано по темиве, сестрста во сиситина кога и дадов фустснче на кратки и чорапки само за изнесување да ја облечам ми рече - фала богу една мајка нормално да го облече бебето на топлово мајка ми ќе паднеше во несвест кога ја виде со голи ноџиња и чипкан фустан ама топло беше и тоа човече да се вари не може. Јас сум мн склет човек и мразам да ми е топло така и си го растев бебето цело лето беше само по боди на кратки со голи нозе еве ја 8ипол месеци здрава права
Јас планирам некоилку пара хелачиња , и некое боди на долги чисто зошто јуни знае да е непредвидлив (често во последни години е и со дожд и поладно од вообичаено) Мислам дека е и е доволно толку , сепак другите планирам боди на кратки највеќе.