Здраво девојки! Мене последен датум ми е втори април, така да во наредниве 3 недели би се породила. Ќе се пораѓам во систина, дали можете да ми кажете што треба да носам, од алишта за мене и за бебето и колку алишта треба да носам ? Колку комплетчиња за бебето? И дали повеќе да бидат на куси ракави или на долги. За мене освен пижами и долна облека треба ли нешто друго да носам? Може ви звучи чудно но прво детенце ми е па стварно незнам. Фала
Во Систина не носиш облека никаква за тебе, таму ќе си само во нивните спавачи без долна облека. Бебето исто така е облечено во нивна облека. Ќе ви треба само облека за излегување од болница за двајцата која може и да ви ја донесат пред одење. Лесен пораѓај ти посакувам.
Philips avent шише за новороденче да земам стаклено или пластично анти-колик? Мислам да земам само едно мало од 125 мл пред пораѓај, се надевам дека ке дојам, па после ќе докупам според потребата.
Јас го земав стакленото и уште го користиме, на доење сме, после докупив уште едно обично пластично, ама одмолзено пие само од стакленото.
Јас го купив стакленото мало пред пораѓај и само тоа го имав реков ќе докупам ако треба. На доење сме па не ми требаа други, подоцна на подарок добив исто само поголемо но не го користам реално. Проток ќе менуваш според потребите. Јас почнав со двојка проток оди со шишето па после на тројка, четворка. Мојата има 11 месеци сега некогаш пие сокче во него, вода кога почнав да давам, почнав во чашка со клунче и така се навикна. Со лесно и доволно ти е само тоа за почеток
Здраво, дали некој нарачал бебе гнездо од странава - https://www.instagram.com/kanarine.co?igsh=ZHUzbDVwM2FldHlz Како сте задоволни?
И јас секаде го барав тој модел, но не можев да најдам. На крај зедов од тие што се како полнети перничиња, сега чекам да го пробаме
Бебето е месец дена и од искуството за овој месец со новороденче најмногу е потребно: -обично шише медела (Philips avent не ни прија не можеше од почетокот да влече толку иако цица) -колекција мустела и судокрем за црвенило -бенкици на преклоп попрактични се отколку другите - не купувајте цуцли однапред може да не сака бебето еве нашево не сака цуцла лажливка -силиконски брадавици исто не земајте купив па полесно ми е да го дојам без нив -гнездо е многу практична работа -не купувајте многу облека брзо растат -практично е стерилизатор -фрош сјај за садови и прашокот за алишта за бебиња се одлични -оградица за креветче собира мн прашина подобро да биде како перничиња со постелнината што оди -доколку немате многу простор и спие во спалната со вас најдобро е монтажно креветче да имате, дрвеното е потешко -од тему организаторот како торбичка што е за бебешки работи е полн погодок -бањарки најмалце три брзо се прљаат ги мочкаат/какаат -ќебенца и постелнини исто 2-3 земете -пелени бејбилино се погодија одлични за цената и квалитетот -подлога за пресоблекување исто е мн корисна работа -тетра пелени набавете повеќе и марамчиња. Доколку ми текне уште нешто ќе дополнам.