56, 62 се најдобри бројчиња за почеток, повеќето термински бебиња се 51, 52 цм. Бодиња се важни, со прерамки и со кратки ракави и со долги. По 2-3 од секое од овие, за под комплетчето. Комплетчиња (тренерче, шорц, исцело доле што се закопчува...неколку). Шпихозни јас користев само за спиење, како пижамка. Не се практични за преку ден, дека кога го пресоблакаш, треба скроз голо да го соблечеш. А новороденче често кака/моча. Да имаш неколку за првите 2 недели ти треба отприлика. Ќе добиеш на мекици многу поклони. Јас на мекици добив 2 вреќи поклони, за од новороденче до една год што се вика ))) Не купувај премногу од старт, нема потреба. Ако треба ќе докупиш. Само за почеток да имаш.
Ќе видиш како ти се води бебе одприлика, првото ми е 51цм родено со 3.560г носеше некаде месец дена 56 број, за вторто до последно се убедував дека ќе е како дада и иако ми велеа мало ќе се роди, со 2700 излезе од болница мајка ми трчаше 50ки да купува и тое му беа големи на почеток. Најидеално е 56 да имаш ако за првиот месец, моето прво блуцкаше премногу и се правеше жива вода верувај секој подој ја преслекував, па какање течна столица имаат и тоа лом се правеше, резерва морав доста да имам. Лигавчиња исто ради блуцкањето и доста тетра пелени. Најкомотни за преслекување ми се бодињата на преклоп и шприкозните со долу копчиња за да не мораш цело да го вадиш за да смениш памперс. Пошо јас не ставав тренерки без ногавици така да чорапи не редев. Капчиња 1-2 памучни.
Вакво ама да може да се закачи и оптегне на кадата, има во baby center пред некој ден земавме. А на силиконската подлога се лизгаше, таа е за кога ќе потпорасне малце
Како облекувате ноемвриско бебе? Терминот ми е крај на ноември, почнав сега да купувам полека облека, сеа гледав и за испаѓање од болница и стварно незнам, комплет пример блузичка, панталони и одоздола боди на долги, кратки? Хулахопки.. веќе имам едно дете ама не беше зимско и за ова имам чувство дека поим немам што правам а секако немам осет за топло, ладно ..
Jas sred leto na pekolot se porodiv isto ne znaev sto da i oblecam. Kupiv od onie kompeletcinjata 10 parcinja sto imaat se vnatre. I vo bolnica im odnesov se i oni ja oblekoa kako mislat.
Боди на кратки под комплетчето. Хулахопки немам облечено, бебето прво ми се роди пред Нова Година. За надвор плик ќебе или скафандер, секако ти нема во ладното туку така да го оставиш. Ама за дома со 2 парчиња по долги ракави ми било премногу.
Моето ноемвриско го облеков во боди на долги, шпикозни со долги, чорапчиња, капче и така замотано во ќебе дебелко ја изнесовме со транспортер од болница. На 12ти ноември се роди. Комплетче беше од H&M го купив.
Моето е декемвриско, за од болница го облеков на боди на долги и плетен комплет и ќебенце врз него во транспортерот. По дома носеше боди на кратки и најчесто во шпикозни, најпрактични ми беа. За по надвор зимото му облакав боди на долги, комплет на долги и скафандерче.
Препорачајте ми аспиратор за нос од кој сте задоволни. Со првото купив nosefrida но многу е потребно влечење..
Кој декември се роди? И моето сега е декемвриско, па не знам како ќе е времето, здравје почеток декември треба да се роди, па чисто да имам претстава како да го облечам.
Моето е почеток на декември. Го изнесовме во боди, хулахопчиња, шпихозни, капче, замотано во дебело ќебе во транспортер. Дома облекував боди на долги со панталончиња, или боди на прерамки со шпихозни. Капче ретко ставав, ракавички скоро никогаш. Пробав на почетокот, се нервираше и не ставав. Хулахопки дома не облекував. За надвор имав дебело плетено со крзненце, како скафандер.