1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Веќе имам пишано дека имав преголема среќа две другарки да не снабдат со облека, поголема помош од тоа здравје.
    Дефинитинво ништо не се износува, па е одлично решение за првите месеци.
    јас земав две шишиња(поголемо и помало), цуцла лажалка, а млеко не земав, ако не дај Боже имаме потреба ќе купиме, барем тоа е лесно, но искрено не би сакала да е на вештачко, се надевам дека се ќе биде во ред и ќе има млекце за цицање.
     
  2. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Јас претежно купував крај на осми месец и деветти месец. Креветче и количка си купивме додека бев во деве месец.
    Инаку во поглед на тоа колку треба да се купува, ќе кажам моето искуство до сега што покажало. Јас завршив работа со:
    6 боди
    4 шпикозни
    2 пара плишани панталончиња (исти како ѕиврите, со стапалца)
    3 пара чорапчиња
    4 пара ѕиври
    3 капчиња
    5 лигавчиња
    3 пара ракавички
    20 тетра пелени и 4 шведски пелени
    неколку големи пешкири (четвртасти) или бањарки
    2 ќебенца (едно од нив се прави вреќа) и едно јорганче - Јован мој е зимско бебе
    корито и козметика по желба
    И мој совет е да не купувате хулахопчиња од проста причина што се стегнати и не се комотни.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Од неодамна имаме онаква оградица за бебето, па да ви кажам баш супер работа. Си го оставаш во неа и нема потреба да му мислиш дали ќе се удри некаде или ќе допре нешто што не треба. Е сега, тие оградици се долу со тврда подлога, нели за играње и стоење се, не за спиење па не знаев тој проблем како да го решам. Сепак, недај боже може да падне лошо и да се удри незгодно. По препорака си земав онакви пузли за на под што се од пена. Ги земав од Теа Колорс и се производ од Малезија на EVA. Нивните пузли се препорачуваат бидејќи се од нетоксични материјали. Одбрав да имаат крупни парчиња во нив, за случајно да не лапнеме некоја од нив. Сега шест од нив ги пикнав внатре во оградицата, а од три направив како триаголник ограда и внатре ги пикнав играчките да не бидат расфрлени така или да стојат во кеса. Еве баш ваков дезен земав.

    [​IMG]

    Бидејќи имам и замисла нејзината соба да ја направам со овие бои таман ќе ми се вклопи во детската кога веќе нема да користиме оградица.
     
    На Bozica1980, MacenceEna и Unique.chick им се допаѓа ова.
  4. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    и јас многу не купував за моето бебенце .. јатрва ми ми даде некои алиштенца и баш добро ми се наоѓаат..
    значи имам околу 6-7 пара боди
    6 бенкици
    3панталончиња или како и да се викаат оние како хулахопки само пошироки
    4шпихозни потенки (овие и ги облекувам за спиење) и 5шпихозни подебели..
    3капчиња
    6чорапчиња
    2лигавчиња (овие уште не сме почнале да ги користиме)
    1јорганче, 3 кебенца (1плик и 2обични)
    Врекичка за спиење
    Пелена за преповивање
    2 пешкирчиња , имаме и бањарче ама малецки сме уште за нејзе :)
    шишиња , цуцли , млеко и тие такви работи си е се индивидуално како и детската козметика :)
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Еве како изгледа оградицата со тие:

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На okcenzi, Unique.chick и MacenceEna им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    girl1985 » што е убавкоо
    i am jealous :lol: :lol:

    и ние мора едно вакво да си земеме
    перфектно е
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Да ти кажам срцко баш одбрав вакви со поголеми парчиња за да нема шанса никојпат да лапне нешто непотребно. Плус ваш во овие бои ја планирам детската соба и таман ќе се вклопи.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Girl1985 Навистина е убаво, ми се допаѓа бојата на слагалките. Кај нас братучедка ми купи ја направи целата соба (подот) со вакви за малите, доста интересно изгледа и кај нив
    Нешто вака само кај нив е целата соба
    [​IMG]
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ова секако не е неопходно но не знаев каде да прашам. Каде да најдам мали баш мали шнолички машничиња за бебе? Немаме премногу коса ама таман за едно шнолче да не личи како девојченце. Кажете каде да барам. :)
     
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас се купив на почеток од 7 се што е потребно од алишта па и арно што купив бидејќи после тоа и лежев на болница и бев на мирување.ќе требаше се мажотми да ми купи а вака купивавме заедно :D :D
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417

    пробај во Џамбо, мислам дека има таму
     
  12. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас купив количка од Чиполино и сум презадволна од цената (6,000) и од квалитетот. Единствен, ама баш единствен минус е што е малку потешка, ама не премногу.
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Еве и јас да споделам што ни е потребно за бебенце, па надополнувајте се идни мами со претходните списоци
    Облека
    -боди 9-10
    -пижамки 4(тука влегуваат и шпилхозни оти нам попрактичен долниот дел од тренерчињата ни е)
    -хулахопки 3
    -чорапчиња
    -тетра пелени(ги користиме кога поджригнува после оброк 12 имаме ама никогаш доста од нив)
    -бебешки папучи 2
    -зимско и есенско скафандерче(да не се мислам дали е доволно стуткано или дали ми се отскрило кога го шетаме надвор со количка, вака мирна глава)
    -капчиња 2-3
    Останато
    -аспиратор за нос a must have(Нес фрида топло го препорачувам)
    -солен раствор
    -ножички или ноктарче за нокти
    -витаминска маст
    -безмирисен шампон за тело и коса
    -крем за тело
    -бебешки чепкалки за уши(ние претежно за папучето ги искористивме)
    -бепантен или јекодерм
    -пелени 1ца
    -креветче со цврст душек
    -постелнина
    -ќебенце, јорганче, евентуално перниче
    -оградичка
    -кадичка за капење
    -бањарчиња 2
    -памбучиња за чистење на лицето
    -стерилизатор
    -цуцли лажалки
    -шишенце(ако не сте на Ад и едно-две вршат работа)
    -количка, транспортер
    За мама
    -градник за доење
    -влошки за гради(не знам што би без нив)
    -маици со длабоко деколте за полесно доење или една до две специјални за доење
    и многу љубов и разбирање ;)
     
  14. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Мајки топломерче какво користите? мене ми препорачаа топломер за во уво и вчера кога бев во Зегин ми понудија топломер од 2400 денари, па некако ми дојде многу знаејќи дека обичниот е 60 денари. :^)
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас засега користам обичен, дигитален, за под мишка. Татко ми ми кажа дека порачал за во уво од грција, ќе прашам па ќе ти кажам која е цената таму.

    Да додадам дека многу многу работи остануваат неискористени. Јас имав и бенкички и долни шпихозни кои буквално ниту еден пат не ги искористив.
    Она што е потребно е
    - боди(на долги или кратки, зависно кое годишно време е родено детето)
    - тетра пелени (имам 20, но како што кажа Ноелле , никогаш доста, за се се користат)
    - шведски пелени(ако користите широк повој доволно ви се 10)
    - чорапчиња (не купувајте од најмалите, многу кратко се користат)
    - целосни шпихозни (ние претежно во ова сме облечени, сега веќе почнавме со дводелни, или поголеми шпихозни, за 6м)
    - бањарки (3-4)
    - мушами за преповивање (најмалку 6)
    - лигавчиња (10тина)
    - памучни марамчиња (ние ги користиме за газето, не користиме влажни зошто се нафрла)
    - бебешки чевлички (3-4)
    - постелнина (2 за почеток се доволни)
    - јорганче
    - ќебенца (имаме 3тенки, 1средно дебело, 2 многу дебели и 3 од оние што се закопчуваат и што се прават како врекичка, но и од овие никогаш доста. Јас ќебенца најмалку две носам секогаш секаде со мене, посебно има едни во Џамбо за 150-180ден многу убави, имам едно постојано сме со него, па сум на план да земам уште најмалку едно, ако не и повеќе)
    - оградичка за креветче
    - шишиња и цуцли лажалки (препорачувам да не се силиконски и во облик на брадавица, ние само тие ги сакаме)
    - кадичка
    - аспиратор за нос
    - стапчиња за уши (и бебешки и обични)
    - стерилна газа
    - витаминска крема за газето
    - јекодерм
    - крема со цинк (има поголем избор)
    - купка за капење
    - количка и постелнина за количка
    - торбица за бебешките работи (за кога одиме на шетање)
    - креветче
    - даска за преповивање (од голема корист е, посебно првите денови кога половината многу боли :) )
    - жолт прашок и алкохол(за папочето)
    - пелени

    Сигурно нешто сум пропуштила, но тоа ми текнува сега :$
     
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    И мене во Зегин ми го препорачаа тој за во уво како најдобар, меѓутоа во моментот немаа во конкретната аптека, а јас не прашав за цената. Толку е скап секаде?
    Јас мислев да го земам дигиталниот од Chicco, а овие од Зегин ме предомислија, ама ако е толку скап не давам толку пари за топломер.
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Маyyya скап е, но практичен, зошто мерењето со него било многу едноставно и брзо.
    Абе да даде Господ никогаш да не ни притребаат. А јас еве на два пати си имам завршено работа со обичен дигитален. Додека се мали не мрдаат многу и имаш можност да го држеш рачето, но за поголеми е потешко.
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ние имаме ваков сет од топломер, цуцла топломер која ни еднаш ја немам употребено :)
    Скап беше коа го купувавме ама па практичен е :)
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски

    Не се лажете да купувате тимпаничен (ушен) термометар. :x Ние купивме на Braun Termoscan и се зафркнавме. Не само што се скапи, туку и не покажуваат секогаш точна температура, така да ќе мислиш дека детето нема температура, а тоа гори кога ќе измериш со живин. Изгледа во аптеките им е важно да продадат од поскапите, зошто тие обичните се 50 ден. оние стаклените со жива кои се и најточн, а задоволна сум и многу лесно се користи оној како лентичка што се става на чело и веднаш покажува за 20-30 секунди дали има температура.
     
  20. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    И јас сега го слушнав истиот муабет од колега што има дома бебе, дека тој ушниот од 50 евра не мерел убаво, дека во 5 минути ако му мериш 3 пати, давал 3 различни темератури, дека дигиталниот термометар на чико од 400 денари многу повеќе работа им завршил отколку тој за уво.
    Инаку во зегин ми рекоа дека имало и некој кинески топломер за уво што бил околку 1000 денари, ама се потрошил и ми го понудија тој од 2400 денари, ама некако многу ми дојде, јас стерилизаторот од чико на попуст го земав 2000 денари, топломерчево поскапо од цела козметичка и аптекарска опрема за бебе заедно.