@kukla21 уф многу тешко прашање. Јас наследив од внукот претежно бодиња и шпилкозни со долги. Арно ама се роди сред август па докупував со кратки. Синко се роди 48 см и дефинитивно 50 ни требаа од аспект да не му виси се. Е сега работата е што периодов е променливо времево па јас ги користев и тие со долги плус имав докупено со кратки едно 7-8 пара.првите 3 недели се му беше големо освен 0+, а сега веќе се заличува на него. Кратките ги изнисевме, а долгите допрва ќе ги носиме. Ама машко бебе, многу често, да не речам скоро секое пресоблакање беше мочан, додека да фатам ред како да не се прави лом зошто едвај чека да е соблечен за да се измоча и да наместиме нова пелена за да се искака. Во принцип тешко е да се каже по големини - некои се со ознаки 50,56.. други се 0+,0-3, имам од х&м 1-2 така да мене малку хаос ми е ова со броевите. Како што ти кажаа купи максимум 5 50 и отприлика толку 56. Од аспект на практичност, шпилкозните се попрактични од аспект облечен целосно, ама за менување пелени по практично ми е кога е облечен во дводелни. Плус зависи колку ви е топло дома дали ќе ставаш со кратки/без ракави под шплкозни или долги. Кај мене уште е 27 степени дома и денес уште е во кратки.
Твојата ќе се роди во период како мојата, најголема зимс, па да ти споделам искуство. Земај боди барем 7-8 и гледај да не се многу отворени кај вратот. На почеток ќе кака течно, па може да се извалка бодито. Шпикозни имај 5, исто и дводелни комплетчиња околу 5. На дводелните долу ножињата затворени да бидат. Се ова да биде 56 ка, 50 ка не треба, памукот се собира во перење, така да 56 ка се сосема таман. После месец-два веќе ќе користиш 62 ка, па таман ќе се запролети надвор и ќе купуваш поштосни работи.
Јас купив од се по 3 најмало бројче. После неколку дена ја пратив мајка ми да докупи уште по 5 Видов што и колку треба. Мака имав со перењето оти само бебешки перев без да се мешаат со нашите па се случуваше да не можам да соберам една машина а да немам што да облечам. Друга мака беше што од каката може да излезе надвор од пелена и се да е лом и мораше одма да се пере. Купете тетра пелени повеќе. Купете крем за дојки. Чај за доилки. Ациди борици за облоги за вас. Ќебе за надвор ако е зима. Антибактериски гел и сапун за раце за вас и евентуални гости кои фаќаат бебе. После пелена менување миење раце и гелот.
@kukla21 бројка незнам да ти кажам баш. 7-10 сигурно. Од сите.Земи за почеток, да видиш колку ќе се роди бебо, па ќе докупувате. Најпрактични се шпихозни . За перење еднаш неделно перам. И полнам машина Јас си купив 50 ки и 56 ки , 62 ки 3,4 дали земав, па сега докупувам оти сега почнува да ги користи. И јас ко тебе најмногу нејќев на бебе да му виси ракав, па 50 ки маж ми докупуваше дури бев во болница си ги изнаноси 50 и 56 ки. Често го пресоблекувам некогаш ми се случувало и по 4 пати ( ќе се измочка, ќе бљуцне пообилно ...). Мој совет-да си купиш многу тетра пелени. Ги користам многу, за покривање, за количка, за пресоблакање. Најубави ти се од анжи, најмеки.Ќебенца купи си 2,3 барем. Јас многу работи чекав од болница да ми кажат. Работи за мама-чај , силиконски брадавици, пижами и спаваќа за доење ( џабе дадени пари) пумпа за одмолзување.... За бебе за шишенце ,козметика, цуцла исто препорака од болница. ( Ти едно праша, јас друго). Иииии кукле ме фати еуфорија за тебе
тоа со сантимите кај нас не беше баш така. малиот 52 цм знаеше 56ка да не му е точна во труп а во ракави да му е долга. зависи и од градба на бебе. како што рече Цка, тетри мнооогу требаат. Не зборам за широк повој туку за се друго. од да постелиш некаде да легне до за доење. Ние 50ките ги износевме.
@BirMelek а хулахопчиња ми требаат? (иако се чудам на тие ножиња како ќе се облечат) @eli25 значи 7-10 50, 56, 62ки шпихозни, комплетчиња, бодиња? А бодиња со куси ракави ќе ми требаат? Дека зима, па да не треба одоздола да му облекувам такво, па после боди со долги? Ќе појдам и до анжи, ве читав сите го фалите
@kukla21 да земи си. Одоздола ќе му облекуваш боди на куси. . Не брзај со 62ки. Купи си ги овие неопходните. Имаш убави чорапчиња во анжи органски памук Ајде па да видиме мама што му купила на бебе
Јас за мојата земав хулахопки, ама ги мразеше и не ставав Инаку боди на долги ракави треба.Сепак декември месец е. Јас на долги имав.
Јас не облекувам хулахопки. Мн е тешко да ги ставиш на тие ножиња. Подобро тенки панталончиња со стпалца па врз нив дебели за надвор. За дома не ти треба толку. Викаат правилото за облекувње е 1 алиште плус од мама.
@kukla21 Не хулахопки, немој! И 50 величина земи најмалку облека, 56 се искористува првите 2-3 месеци, така да 56 најмногу ќе ти требаат! Јас се си мислам дека 50ка воопшто немав, а 56ката за брзо и стана таман и првите 3 месеци си ја носевме. Инаку и полесно е за облекување кога е поголемо бројче, барем мене ми беше полесно. Величината 62 планирај после 3тиот месец. За зимно бебе долги ракави боди, не ти треба кратok ракав, напролет ќе земаш такви.
Боди на долги, памучни (како хеланчиња) панталончи за одоздола, чорапчиња и шпихозни одозгора. Температура дома околу 23-24... Доволно.
Јас немав ништо 50ка. Двете се родија 50 цм и започнавме со 56. Зависи од производителот, некои се со потесен крој некои пиширок. Само хм би рекла дека се баш таман според бројчето. Преку ден 22 степени, облечени тенки панталончиња со ногавички, други тенки озгора по потреба, боди на долги и бенкица. Секако е покриено со тенка пелена. Навечер спијат на околу 18 степени. На поладно поубаво спијат бебињата. Обавезно вреќички за спиење. Има летни/зумски. И јас сум против хулахопки.
За во стан кај тебе многу ќе биде верувај, ќе видиш и по беба, сите кои живеат во стан ги облакаат како ти што викаш или боди на кратки и памучни шпикозни. Зеди си и елечиња па за после бањкање или ако мислиш дека му е ладничко и облечи
Величината на бебешките алиштенца не секогаш соодветствува со возраста, зависи од моделот (за било што, а некогаш и со перење се собираат прилично), а богами и до бебето е. Јас 50 имав за првото, дека помало се роди, а на второво ич не му ги облеков, бидејќи му беа мали. Мене ми е пред се најбитно полесно да можам да го облечам, па боди бенкици (бодиња што се копчаат и горе и долу) ми беа најдобра опција, оти потешко ми е да манипулирам со главчето на толку мало бебе, да го протнувам низ дупки од бодиња... кога ќе потпркне малку е друга приказна. Колку? Па десетина за почеток од секое бројче, после по потреба ќе си докупувате. Шпихозните исто се најдобра опција, дводелните комплетчиња мене ми беа промашена работа, оти бебе стално беше голо во половината (и двајцата исто), па затоа само шпихозни, најлесни за употреба. Хулахопки ставав само првата недела по дома, оти на почетокот и двајцава зиморливи, плачеа кога ќе ги соблекував за менување пелена, после веќе не трпеа ништо такво. Колку ми имаат донесено хулахопки, така ми седат, необлечени. Дури и за надвор во најладното не сум им облекувала ништо освен чорапи одоздола. Ако ти е топло дома кукле, ич не земај бодиња по долги ракави, или нека бидат ептен тенки. Ќе го сварите малото.
Јас имав зимско бебе,ќерка ми се роди сред декември,едно ладно ,минуси што да ви кажам,па никогаш хулахопки не ставив,дома си седеше со шпихозни со едно боди на кратки и чорапчиња,никогаш не облеков под блуза или шпихозни боди со долги ракави,станот ни беше топол, а и она с'клетџика и до денес е таква.Кога излегувавме одоздола плус од памучните со ногавичка ѕиврички. Јас купив само 56-ка и неколку 62-ка ,ги искористивме сите максимално,не ни се смалуваа веднаш.