Што знам... Јас вака ја облекував зиме а беше веќе поголемо бебе. Апа за толку мало новороденче се си мислам дека добро ќе му биде. Ние во стан сме исто, тт околу 23 ама бебе пак беше со тенки памучни панталончиња, чорапчиња, боди на долги и шпихозни одозгора, капчиња и ракавици никогаш не ставав и не покривав освен за спиење. Ај пак ќе видеш по бебушот, ако се поти значи многу е облечено.
@referentka ставила слика од бенкица, тоа е, ама за бебе боди бенкица е најпрактична, особено за новородено, за да не го облекуваш преку глава, вакво е Од Тритекс зедов неколку вакви за второво, само со копчиња се, не со врзување. За првото имав земено од едно продавниче во Т.Ц. Бисер со врзување, многу бргу ми се скинаа врвките, па морав да пришивам нови. Затоа со копчиња се поубави.
Горно блузиче, по мое @BirMelek @azelea бидејќи и вашите зимски бебиња, за од болница, ќе ми треба скафандерче или да планирам ќебенце подебелко?
Со врвки не се многу практични. П и врвката додека е нова убаво изгледа, ама после перење ој та испеглај ја, оти обично сатенски се. Со дрикери (копчиња машко-женско) најубаво е мислам
Па не е баш блузиче, многу е тенко. Имам јас еден куп вакви од золва ми, што и ги имаа дадено за малата во болница, не ги користев воопшто.
Горно блузиче но со копчиња, не со врвци. Најизносени ни се тие. Комбинација бенкица со панталончиња ми е попрактична од шпихозни.
Бенкици, ама баш бенкици оние до половина што се, се многу практични. Со шведската се "фаќа" за да не биде гола половинатаа. Практични се затоа што нема шанси да се испрља од кака. На времето ги имаше во Макотекс (стара телевизија), кончани и памучни...по 25 ден. беа. Бенкица, тетра и шведска, чорапчиња, а одозгора шпихозни. Доволно за по дома. МиуМиу е родена во декември. Скафандерот (најмало бројче) го облековме 2-3 пати. Не е неопходен. Мојава беше голема плачка. Кога ги гледам сликите јасно ми е и зошто. Јас по кратки ракави, бебе изнаоблечено. И...топломер за вода да купите обавезно. Во болница уживаше кога ја бањаа. Дома вриштеше. Зошто? Епа баба и викаше - тугооо измрзна детето. А детето накострешено. Кога го ставив топломерот во водата, пукна!
Шведски веќе не се користат, пошто широк повој е исфрлен од употреба Затоа бенкиците не се практични. А ова со бабиве познато... дека нив им е ладно, мора и на детето да му студи. Битно е во собата да е топло, водата може да е и поладна. А дека се како блузички, не се баш @danichap, моиве се ептен тенки за одоздола се, не за одозгора. Не дека не сум користела, ама мене ич не ми беа практични. Шпихозните се најлесни, без оглед на тоа кој дел треба да го соблечеш, дали горе, дали долу.
@kukla21 Јас ја изнесов во скафандерче, и одоздола на рацете држев тенко ќебенце. Ладно беше во јануари месец. А во кола кога влеговме, бидејќи парно имаше, ја расоблеков оти беше доста топло.
Моите беа подебелки и беа баш како блузичка, за озгора. А потанки ќе му му дојдат за оздола претпоставувам. Мене најпрактични ми беа. Само ќе ги смкнев малку панталончињата за да видам дали е мочкана или не. Сепак ствар на рутина, секој со својата.
Мојава здравје во Јануари ќе се роди, планирам со ќебе да ја изнесам. Скафандер верувам дека нема да ми треба оти додека поминат 40 дена март ќе дојде . Ќебе имам едно меко големо со Вини Пу од поголемава што не е употребено ниту еднаш, ќе го користам за малава. А инаку планирам боди бенкица со долги ракави и шпилхознички да земам за одоздола. Кажете место хулахопки да и облечам нешто друго, може глупо прашање ама ѕиври за бебиња има?
Има ѕиври. Тенки панталончиња со ногавички се и тие, само ѕивра дезен Мене панталончињата од хм ми беа најзгодни за оздола. Ова за тие што имаат мижност да си нарачаат. По модел беа најтесни и баш одговараа како долни. Стапалцето совршено одговараше на ножето, не беше прешироко. Инаку другите беа некако широчки и како долни не ми беа најсоодветен избор.
Леле @Annath се почуствував Јас се извинувам, ама за темава сум демоде Не можам да разберам со тоа повојот дали експерименти прават. Порано не требало да е со широк повој туку бебето во фишек, па после обавезен широк повој, сега пак не
@kukla21 тука сум ставила слики од бенкици, за да видиш на каков модел мислев. https://forum.femina.mk/threads/Бебешка-облека-за-излегување-од-болница.27653/
Јас хулахопки воопшто не му ставив, за излегување имав купено памучни ѕиврички и попрактични се многу.